Телекабел интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Плачам за таков интернет :place: ама ги нема во Козле blizoo. Само опција ТК и Т-home имам. Ќе мора изгледа да пробам од втората. И знам дека сите имаат проблеми понекогаш, но барем културен човек ќе ми крене телефон кога барам услуга за која сум платил.

Јас од blizoo не сум задоволен само од една работа, понудата на ТВ канали, а интернетот им е стварно добар. Телефонот не го ни користам, не го ни плаќам. Само ТВто им е проблем, немаат некој убав избор, плус немаат превод. Ама белким ќе се средат. Иначе ме изненадивте околу тоа колку Телекабел биле лоши во услугите, а јас ги сметав за подобри од blizoo
 
Ај ако сака некој да ми даде листа од дигиталните канали
 
користев нет од овие, ама едно добри 4 месеци интерентот беше катастрофа! измерив спидтест со даунлоад од 0,01 мб/с.... интернетот е откажан, користиме фиксна телефонија, зошто мислам дека навистина поефтино нема. сум се јавил америка, 30 минути и сум платил 150 ден, значи 5 ден/мин.
ама тие вработените се ужас. имав проблем со телефонот. неможев да звонам, а можеа да ме барат. се јавив еднаш, добив одговор: ќе провериме.... немаше резултат, се јавив втор пат, одговорот ист, се јавив трет пат: ќе испратиме екипа утре... дојде утре, дојде екипа, рекоа: ќе видиме централата.... не се јави никој, се јавив пак, ми рекоа ќе видиме.... се јавувам пак: ќе пратиме екипа.... идат втори.... гледат дека проблемот постој. го земат модемот да го испитат. чекам да се јават, нема никој, се јавувам пак, добивам одговор: расипан ви е модемот, ќе треба нов, овај нема гаранција, ќе добиете на реверс, ама да си ги платите сметките, а стариот модем слободно фрлете го. ок, ојдовме, плативме, ни дадоја друг модем, го монтирам дома, ама линија нема. се јавувам пак, ми викат: треба од тука да ве префрлиме на новиот модем, ама утре! дојде и то утре, телефонот префрлен, ама нема линија пак т.е. истиот проблем, можат да ме барат, неможам да бирам... се јавувам пак: одговорот веќе познат: ќе видиме.... се јавувам пак: дојде екипа.... видоја дека истиот проблем е... се јавија штип, и денес, после незнам колку дена, телефонот работи.
испадна дека модемот си е ок, ама толку му се работи! ЈБГ, колку пари, толку музика
 
99% од проблемите овој период се ради променливото топло-ладно време ...

чим падне температурата како треба и заличи на зима ќе може да се наштелуваат по зимски услови појачалата и повеќето од проблемите ќе се надминат ...

еве јас ќе го пренесам Вашето незадоволство иако веќе сигурно се свесни и активно работат на решавање на проблемот ...
 
Е добро како јас не осеќам некои битни падови освен 2-3 дена беа. Не ми текнува кога беа има сигурно ги имам напшано овде, ама од тогаш навака не ми се има случено да имам проблем. Аеродром сум.
 
Луѓе интернетов ми е премногу спор и форум и фејсбук се отвара споро. Значи има интернет, ама е премногу споро некогаш дури и не ја ни вчитува страницата, си врти тоа кругчето. Ова е веќе 2 саати а и вчера истово пред да отидам на школо и кога се вратив во ред беше. Модемот е ок, знакчето што покажува дали има или нема интернет покажува дека има интернет, кога одам да проверам зошто нема интернет ми покажува дека има интернет. До телекабел ли е? Можно ли е да е вирус?
--- надополнето: 20 октомври 2012 во 20:58 ---

^Тоа тоа,ставај не размислувај уопште,ја највеќе за тоа стаив,едниствено превод што нема на нив па не ги разбирам
 
2260593301.png
Кабел си е кабел... Со кабел да се обесат !!!​
 
Хахахах, стави си blizoo или T-Home (Max ADSL / Optic).
А зашто Telekabel се толку лоши со нетов, јас ги сметав за доста добри во оваа услуга.
 
2260669065.png

Не дека се нешто сјајни, ама обично пишуваме само кога има проблеми.

Него, утре да завршат со поставување кабли и кутии во зградава, па наскоро се селам јас од темава на таа за оптиката на T-Home :)
 
Машала 140 страни... само со проблеми... Сјајни? Мислам дека катастрофални е погоден збор за нив...
 
Е добро како јас не осеќам некои битни падови освен 2-3 дена беа. Не ми текнува кога беа има сигурно ги имам напшано овде, ама од тогаш навака не ми се има случено да имам проблем. Аеродром сум.

Веќе повеќе пати објаснив проблемот со шум не е генерален и универзален за сите корисници и во сите реони ... некаде повеќе се приметува некаде помалку ...
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 01:22 ---
Машала 140 страни... само со проблеми... Сјајни? Мислам дека катастрофални е погоден збор за нив...

Демек сите 140 страни се проблематични и демек за секој провајдер нема 100+ страни ... Ај уштеме држи празничново расположение иначе ќе те почастев еден бан од темава зашто се правиш најпаметен ...
 
Мене ме интересира овие планираат ли во скоро време да покачат брзина или да ги сечам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom