користев нет од овие, ама едно добри 4 месеци интерентот беше катастрофа! измерив спидтест со даунлоад од 0,01 мб/с.... интернетот е откажан, користиме фиксна телефонија, зошто мислам дека навистина поефтино нема. сум се јавил америка, 30 минути и сум платил 150 ден, значи 5 ден/мин.
ама тие вработените се ужас. имав проблем со телефонот. неможев да звонам, а можеа да ме барат. се јавив еднаш, добив одговор: ќе провериме.... немаше резултат, се јавив втор пат, одговорот ист, се јавив трет пат: ќе испратиме екипа утре... дојде утре, дојде екипа, рекоа: ќе видиме централата.... не се јави никој, се јавив пак, ми рекоа ќе видиме.... се јавувам пак: ќе пратиме екипа.... идат втори.... гледат дека проблемот постој. го земат модемот да го испитат. чекам да се јават, нема никој, се јавувам пак, добивам одговор: расипан ви е модемот, ќе треба нов, овај нема гаранција, ќе добиете на реверс, ама да си ги платите сметките, а стариот модем слободно фрлете го. ок, ојдовме, плативме, ни дадоја друг модем, го монтирам дома, ама линија нема. се јавувам пак, ми викат: треба од тука да ве префрлиме на новиот модем, ама утре! дојде и то утре, телефонот префрлен, ама нема линија пак т.е. истиот проблем, можат да ме барат, неможам да бирам... се јавувам пак: одговорот веќе познат: ќе видиме.... се јавувам пак: дојде екипа.... видоја дека истиот проблем е... се јавија штип, и денес, после незнам колку дена, телефонот работи.
испадна дека модемот си е ок, ама толку му се работи! ЈБГ, колку пари, толку музика