- Член од
- 3 ноември 2009
- Мислења
- 1.566
- Поени од реакции
- 803
Завршил договорот, Телекабел им пратиле за да потпишат обновување на договор они не потпишале и Телекабел не чекале кликнале копчето за бришење.
Има проблем на линија Телекабел и националните терестријални телевизии поодамна, кадешто здружението го обвини Телекабел за недозвелена концентрација заедно со Телевизија 24 (24 Вести) - линк. Ова е на некој начин одмазда, очекувам и другите национални телевизии истото да го направат. Пред некое време имаше ваков случај во Србија и таму се донесе одлука операторите задолжително да ги реемитуваат националните концесионери без никаков надоместок. Убаво решение што треба и кај нас да се примени.
Инаку овој проблем е многу лесно решлив, ви треба само обична собна антена и ако имате ТВ со дигитален тјунер ништо повеќе, во спротивно рисивер со дигитален тјунер, па ќе ги гледате сите национални терестријални телевизии без пари и без ограничувања.
Конкретно јас во овој случај сум на страната на Телекабел, не може FTA канал со национална концесија кој е бесплатен да те условува за реемитување.