Телефон vs. Телефон - Тема за споредби, искуства и препораки

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Или Dooge X5 обичен,ве молам побрзо.

Па јас не би играл со никој од овие дека кинески шит е, ама секако ти си знаеш, не мора тоа да е мерило за квалитет нели. Јас го имав Дуџи х5 про, го земав како најефтина опција од Анхоч за телефон што има 4G, бидејќи не можев да земам телефон од Вип за ефтино не ми беше истечен пакетот, така да морав да се снаоѓам. Бидејќи и другар имаше Дуџи и јас ќе ти кажам неколку позитивни и негативни страни, па ти водејќи се според нив види кои работи ти се приоритетни

Значи меморија пуна капа си, не ти треба мемориска ниту ништо, ако има телефони што целиот андроид им зафаќа пола меморија ова немаш гајле
Камерата е лоша, прилично лоша, не е ужаш ама лоша е
Тачот е препреглуп, ако ти треба за многу пишување и сакаш да седиш на Месинџер, а лесно губиш нерви, телефониве никако не се за тебе
Брзина такви работи онака просек, не е лошо, кочење и не кочеше баш
Батеријата е прилично лоша, ама лоша е кај 90% од телефоните

Сега, не знам јас не препорачувам, пошто еве знам 6800 беше Х5 про, не е скапо, ама не е ни џабе, зошто да дадеш ете толку за нешто што би те мачело, јас со тачот највеќе мака видов
 
И ја веројатно така ќе играм, иако неам конкретен одговор зошто. :D Глеам по јутуб и слично луѓево прилично задоволни, од дизајн аспект ми е најдобар. Нексусот иако има 7ца Нугат, не е тоа тоа.
 
И ја веројатно така ќе играм, иако неам конкретен одговор зошто. :D Глеам по јутуб и слично луѓево прилично задоволни, од дизајн аспект ми е најдобар. Нексусот иако има 7ца Нугат, не е тоа тоа.
Послаба батерија има Нексус, LG G3 e стар модел од 2014 год иако го најавија како ѕвер, за него има многу лоши критики. Погледни гo и Xiaomi Redmi Note 3
 
Овој па уште поефтин, а на хартија појак. Ми помати сметки сега :D
Тој е топ и во живо, не само на хартија :)
Во понеделник ќе стигнат нови, ќе има и подобра цена за форумџии.. Пиши ми ПП ако си заинтересиран и за кој точно модел.
 
Тој е топ и во живо, не само на хартија :)
Во понеделник ќе стигнат нови, ќе има и подобра цена за форумџии.. Пиши ми ПП ако си заинтересиран и за кој точно модел.
Пишано.
 
Xiaomi 4s или Nexus 5x?
кој се разбира поќе нека објасни, фала
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom