- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Постојат личности кои веднаш се забележува дека се харизматични, начитани, добродушни, реални, искрени, хумани, едноставно пленат на прв поглед. Дали покрај нив чувствувате комплекс на пониска вредност? Дали и зошто ги напаѓате и се трудите да им пронајдете недостатоци? Дали некогаш сте се почувствувале омразено, затоа што сте подобри? Колективен бес, истурен над вас, да не речам? На луѓето со морален интегритет, цврст став и позитивизам, им завидувате или им се воодушевувате? Ги сметате ли за конкуренција? Темава ја отворам изреволтирана од темата "Лижење", како и неоснованите навреди упатени кон некои членови, независно од тоа дали се администратори, модератори или обични смртници.
