Јас да си одговорам дека го спомнав завидувањето во мојот пост. Им завидувам на таквите луѓе што успеваат да се такви покрај се` и им се восхитувам. Завидувам кога некој ладнокрвно прима лоши вести, кога некој знае како да се справи со се`, кога некој и во најлоши моменти знае и може да е најпозитивен човек на светов, кога некој е отпорен на неправди и не си ги зема при срце итн. Им завидувам на таквите, бидејќи јас така не можам. Затоа не сфаќам, како со тоа јас не постигнувам ништо освен заглавување во туѓи животи?
Не се заглавуваш Дивне, тоа е човекова нормална карактеристика, да се усовршува. Проблемот настанува, не кога луѓето ќе постапат како тебе, со позитивна "завист" која доведува исклучиво до нивно самоусовршување, туку кога немоќни да се развијат во нагорна линија, ќе почнат со дрва и камења да го напаѓаат "ривалот". Инаку, и јас како тебе, не можам рамнодушно да ги прифаќам работите кои ме тангираат а се невистинити. Исто така не можам да бидам среќна весела и само да се смешкам, кога нешто во душата ме боцка. Бидејќи сеуште се немам изјаснето по темата, тоа ќе го направам сега. Ако нема подобри од нас, тогаш нема да имаме ние од кого да учиме. Ќе мрееме во статус кво. Секој во животот од некого нешто научил. Никој не се родил учен. Само што, разликата е во тоа што некој може и сака да прогресира во делата, а некој не сака(го мрзи, нема воља), па удира по првиот со
злоба.
Злобата е според мене, најконтрапродуктивна малограѓанска, духовна малверзација на човековото во човекот. Со неа, се изместуваат моралните норми во денешниот социјален свет. Дури и самобендисано е да се прогласиш себеси за паметен... А да се прогласиш за глуп, тоа е скромност...Од ова заклучувам, дека некој попрво би се нарекол себеси "глуп", за да излезе "скомен", отколку "паметен и со позитивни особини", затоа што тогаш е нескромен, арогантен, препотентен, нереален, субјективен... А кога се нарекува "глуп", тогаш е објективен...?! Знам дека тоа како некој себеси милува да се нарече, не игра некоја улога, но муабетот ми беше дека на луѓето кои на моменти се чувствуваат во некој сегмент успешни, се гледа како на "пресамоуверени дегени, дигнати во облаци". Ако јас му се восхитувам на некого, тогаш"лижам за зеленко и не ме бива", а никој не воочува дека тој на кого му се восхитувам(на форумов конкретно), има што да каже далеку повеќе од мене и е УСПЕШЕН. Ова беше конкретен пример за завист, кој сум го забележала на форумов и ме исклучува мене како субјект, но вклучува други.