Aj ne pravite filmovi tuka kako Afganistan da bilo, osobeno vie sto ziveete vo Tetovo, ako si fin prema site nikoj nema da te cepne.
Така е. Гарант била безобразна оваа. Да била фина немало да добие куршум.
ЦРНА НЕДЕЛА ЗА ПЕШАЦИТЕ ОД ТЕТОВО
Уште едно дете од Тетово заврши под тркалата на автомобилите. Вчера околу 13 часот и 30 минути, на улица „Љуботенска“ во Тетово, патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 35-годишниот В.М од Лисец удрило во шестгодишен пешак.
Од удирот детето било тешко повредено со фрактура на лева бутна коска. Возачот со неговото возило го пренесол во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, малолетното дете пуштено е дома.
Од минатата среда, па до денес, ова е веќе седми пешак кој е повреден во сообраќајна незгода во тетовскиот регион. Повредените поминале со полесни или потешки телесни повреди. Најчеста причина за овие сообраќајни несреќи е неприлагодената брзина на возилата кои се движеле низ населените места.
РЕСТОРАНОТ „НОМА“ НА ТЕТОВЕЦОТ РЕНЕ РЕЏЕПИ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ НАЈДОБАР ВО СВЕТОТ
Според листата на угледното британско гастросписание „Ресторан“, данскиот ресторан „Нома“ е прогласен за најдобар во светот за 2014 и го презел приматот на минатогодишниот лауреат, шпанскиот ресторан „Ел целер де кан рока“. Тутулата најдобар, што,како што наведуваат медиумите е еднаква на Оскар на рестораните, „Нома“ ја има добиено и во 2010,2011 и 2012.
Сопственик на „Нома“ е Рене Реџепи, чиј татко потекнува од селото Џепчиште тетовско, а мајката му е Данкиња.
- Деталите на кои Реџепи внимава додека готви нешто, иновативниот пристап кон храната и експериментирањето со ферментацијата, се тоа направено со страст и љубопитност, го довело неговиот ресторан до победа“, рекле организаторите на доделувањето на наградите одржано во Сан Палегрино.
-Ова е нешто неверојатно. Ви благодарам за довербата, изјавил Реџепи.
Списанието „Ресторан“ секоја година издвојува 50 најдобри ресторани во светот за кои одлучува жири од околу 900 гастростручњаци. Синот на македонскиот иселеник, Реџепи, со години во ресторанот бил помошник кувар, а специјализиран е за јадења од пилешко.
(В.Т.)
#
Што мислите дали у неделната рутина на овој, му е по петочната молитва да иде да мава со камења по цркви?