Што се крие во женската чанта....
За повеќето мажи содржината на женската чанта е поголема мистерија од НЛО или Бермудскиот триаголник.
Но, доколку се прашаат жените, чантата никогаш не е доволно голема за во неа да собере се што треба.
Покрај книжните марамчиња, паричници, торбичка за документи, очила, мобилни, фотографии на саканите, и разните бомбони, мастики, во женските чанти може да се најдат и шминките.
Британките за една година трошат вкупно седум милиони фунти, но ако ги прашате за вредноста на нивните козметички торбички, ќе одговорат дека не знаат.
Истражувањето спроведено меѓу Британките покажало дека повеќето од нив мислат дека вредноста на нивната козметика се движи околу 80 фунти, но всушност содржината чини околу 290 фунти.
Самата торбичка, просечно чини околу 17 фунти, а во неа вообичаено може да се најдат две пакувања пудра, моливчиња за очи, маскара, сјај за усни, околу девет бои сенки за очи и пет кармини.
Повеќе од 16 проценти од жените изјавиле дека би биле комплетно изгубени доколку ја загубат својата шминка, а 84 отсто од нив признале дека се чувствуваат многу подобро кога ќе се нашминкаат.