Тапа понуда од мобилните оператори!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Јас земав БлекБери Болд 9700 од Т-Мобајл пред една недела. 500 денари претплата и 990 денари 1 ГБ интернет цел месец. Сега гледам дека и во ВИП ги донеле истите телефони но кај нив никаде не видов дека е услов да земеш интернет за да го добиеш телефонот без пари. Дали е стварно така или јас не сум доволно информиран? Треба и во ВИП да земеш интернет или не?
 
Да ама бб-интернет кај нив не е 990 туку 600 денари.

ББ-Вип
 
Да ама бб-интернет кај нив не е 990 туку 600 денари.

ББ-Вип

* За неограничениот интернет сообраќај важи политика на фер користење која подразбира сообраќај од 1 GB месечно. По надминувањето на вклучениот сообраќај, тарифирањето се врши според избраниот тарифен модел.
Промената на BlackBerry сервисите може да се направи еднаш месечно, при што за ефективен датум на промената се смета завршувањето на пресметковниот период.
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Неограничен интернет со фер користење, трагикомична ситуација.
Тибам ВИП, Тибам Т мобајл и Тибам Оне....
Сакам четврт мобилен оператор и кинези да бидат ало влада го читаш ова ајде паѓа рејтинг :tapp:.

Ајде тоа што не прават мутави во ред е, него тоа што се правиме сами себеси мутави па некои овде ми бранат претплати од одредени фирми на мобилна телефонија. Ај да се вработени таму ќе разберам, ама ако не се :kesa::kesa::kesa::kesa::kesa:.
 
Претплатава стварно не им чини.
Да се јавиш 5 секунди на број од друг оператор 10 денари плус (за т-мобајл зборвам). Им оделе тарифите по минута,тикви со расол..и то го иам проверено и 25 денари ми зеде.
Понудава на телефони,мислам дека во т-мобајл носат само асолни телефони..ама нормално дискретно крадење пари,телефонот е со многу убај опции 9000 денари,ама мора да платиш дополнителни трошкови за да имаат господата ќар од 200% за еден телефон.
А,нешо фатија многу да форсираат неубај телефони.
И нормално секој нареден оператор ќе е подобар од претходните во понуда на телефони и ефтини разговори се додека не сфатиш за некој месец дека све било колку да се привлечат муштерии.
Своевремено,порано имаше многу подобри телефони со поволни понуди.
 
нема логика на 2.5 милиони корисници на мобилни телефони да имаме дури и 3ет оператор, не камоли четврт.
 
нема логика на 2.5 милиони корисници на мобилни телефони да имаме дури и 3ет оператор, не камоли четврт.

Јас мислам се додека нема здрава конкуренција и реално ниски цена, не само трет ако треба и десет оператори да имаме.

Овие прават картел (преѓутно договарање на цените) што многу глупо изгледа.
 
Јас мислам се додека нема здрава конкуренција и реално ниски цена, не само трет ако треба и десет оператори да имаме.

Овие прават картел (преѓутно договарање на цените) што многу глупо изгледа.
абе Полска е 50 милиона народ па имаат 4 оператори :pos2:
не претерувај :smir:
 
абе Полска е 50 милиона народ па имаат 4 оператори :pos2:
не претерувај :smir:
Мене лично да ме прашаш јас сум и за петти, ама со четврт ќе бидам задоволен само Кинези да бидат тие знаат како треба :toe:.
Оти овие големиве европски брендови мајмуни не прават со кинезите сигурен сум дека подобро ќе биде.
 
дедо ми ми кажа една „поговорка“, а полека прераснува во мое „мото“: „Секој демне, да те ебне“.

Сакам да кажам, да дојдат и Кинези, ко ќе видат каква лудница е овде, ќе си тераат, ќе не стрижат и тие. Кој будала нема да земе ако му даваш?
 
Само ВИП дечки....најефтино...плус си ставате 250ден и имате 1000мин со три броја...мераци!
 
дедо ми ми кажа една „поговорка“, а полека прераснува во мое „мото“: „Секој демне, да те ебне“.

Сакам да кажам, да дојдат и Кинези, ко ќе видат каква лудница е овде, ќе си тераат, ќе не стрижат и тие. Кој будала нема да земе ако му даваш?

Барем со кинезите ќе знаеме на што сме, овие бре се однесуваат со нас како Европејците со индијанците кога ја колонизирале Америка, ни нудат едно светликово копче од блузон и очекуваат ние весели да сме ко којзнае што да сме виделе.
Не знаеме ние колку се цените во светот на мобилните :tapp:, туку тие овде многу поволни понуди ни даваат и очекуваат да свршуваме на нив, првин пуштаат реклами за којзнае колку поволни понуди, потоа имаш клаузули за друго што треба да се доплати.
Јас мобилниве оператори би ги споредил со банките наши, тие кога даваат кредити со мали букви пишува колку си заебан кога го земаш кредитот, така е и за мобилниве на претплата земи го на две години и без мали букви ќе свати човек колку е заебан.....
 
што ви е луѓе?
- како можете да кажете дека тарифните модели се скапи???
- па каде живеете вие, сигурен сум дека имате примања над 15.000 - доколку немате, тогаш што ќе ви е мобилен?
- дали сте свесни дека 1996та година платив 500марки (со попуст) за да земам пост пејд бројче и тоа меѓу првите 150 корисници и секој месец минимум по 100 евра + плаќав само за разговори затоа што една SMS порака беше 30 денари а разговор околу 70/75 денари.

Сега моментално се убивам од разговор, месечно ми доаѓаат преку 40 листа само за мојот број од детална сметка, имам преку 500смс пораки во текот на еден месец и просечно дневно над 30 разговори и не ми доаѓа повеќе од 2500 денари :nenene:

што сакате, да разговарате за 500 денари неограничено? - Тоа треба и државниот буџет да го одобри, затоа што и мобилните оператори си имаат давачки и тоа поголеми одколку што можете да замислите, освен данок има многу други + дополнителни плаќања месечно за државната каса да се полни.

не сте задоволни со некои понуди како бесплатни разговори засекогаш со неколку броеви? 2 денари минута кон приајтелите што го користат истиот оператор?
 
Најскапи се изнајмувањата на фреквенции и самите базни станици. Башка што изнајмуваат фиксни линии от телеком, башка напојувања итн... Знам дека ти си упатен, но ова само како информција за останатите овде што мислат дека се’ е мед и млеко кај операторите.

Ако е така едноставно и ефтино, секој може да нуди мобилна телефонија.
 
што ви е луѓе?
- како можете да кажете дека тарифните модели се скапи???
- па каде живеете вие, сигурен сум дека имате примања над 15.000 - доколку немате, тогаш што ќе ви е мобилен?
Пу пу ти нормален си? Да немаш мобилен? Ма неееее.
Циганчињана што питачат имаат солиден мобилен.

Знаеш кај нас е шема да си студент т.е. вечен студент, со можност да бара работа и никако да најде, да пие секој ден по 2-3 кафиња на Ленинова и улица Македонија, да бара за пари за кафе од неговите, АМА мора да има Ајфон, Блекбери, Нокиа и се тоа нови модели тач мач ова она.

Бараат четврт мобилен оператор кој ќе шитка бесплатни мобилни на плоштад одма до фонтаната на Фичо, а смс порака 1 денар и бесплатно меѓу пријателите и 1 денар кон останати мрежи.
А мож и тогаш нема да се задоволни.
Нели ви е јасно дека тајно операторите се договараат за цени? И со четврт ќе е исто!

Не дека нема зафрканции од мобилниве оператори, не дека е глупо она воспоставување повик доле со ѕвездичка во договорот нека пишат со големи букви мамата, ама не можам да ја сватам финтата да мора да имаш најнов мобилен а да си невработен.
Или запнале сите по Блекбери а тој е телефон за бизнисмени и тие услуги нив им се потребни. Нив им треба и на марс ако се да си прочитаат маил. На обичен човек не му треба да гледа во секој момент известувања на фејсбук.

Плус Мац она што кажа со неплаќање и тужба што ти лупнале сегде има, секој оператор.
Ти си склучил договор дека ќе имаш претплата, така да тие пари зборел, незборел, исклучен си бил ти се рачунаат. Ако не го користиш имаш при пејт картички. Вака со договор секаде ќе ти стигне тужба сеедно што ти е исклучен телефонот и не збориш, ама претплатата ти е обавезна додека ти трае договорот. :smir:
 
Најскапи се изнајмувањата на фреквенции и самите базни станици. Башка што изнајмуваат фиксни линии от телеком, башка напојувања итн... Знам дека ти си упатен, но ова само како информција за останатите овде што мислат дека се’ е мед и млеко кај операторите.

Ако е така едноставно и ефтино, секој може да нуди мобилна телефонија.

Имам пријател од канада, што уште пред 2 години сакаше да отвори Телекомункации преку Wifi т.е. си поставува антени, сите ја наоѓаат неговата мрежа ако сакаш да разговараш со други што се на таа мрежа мораш да си уплатиш, некаде околу 300/350 денари месечно (веќе функционира тоа во канада) и си разговараш со сите што се конектирани.
Кај нас неможеше тоа да го спроведе затоа што наш Телеком му бараше огромна сума за да има дозвола да има компанија која ќе спроведе телекомуникациски услуги, да не претерам сумата за дозвола беше над 15мил. денари а каде се инвестициите? Само за Скопје какко што ми се пожали му требале над 150 антени (некои си посебни биле со домет до 5000метри) кои чинат околу 250евра од парче. :)

како и да е да не забегуваме со темава, иако е мн. поврзана со 4 мобилен оператор, вакви муабети се вртеа и кога доаѓаше Косомфон т.е. сегашен Уан, вакви муабети се вртеа и пред 3 години кога дојде Вип и сите имаа надеж на растурање на цените затоа што вип е поврзан со Водафон.
Точно е цените за нијанса паднаа, до пред 5-6 години никогаш сметка како цело семесјтво немавме платено испод 20.000 сега максимум што би дошло е до 15.000 :)
во секој случај, нема ништо да добиете ни со 5 оператори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom