TAKSIRAT BOOM! FESTIVAL

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
картата е купена, се чека 5ти:vozbud:

Култур Шок на BOOM TAKSIRAT FESTIVAL

На 2. 12. на сцената на клубот Хавана со почеток од 22:00 добро познатите Култур Шок ќе одржат целовечерен концерт на кој ќе го промовираат својот нов албум “Integration”. Членовите на Kultur Shock (Култур Шок) потекнуваат од Босна, Бугарија, Јапонија и САД што зборува за нивната комплексност. Градот во кој живеат Сиетл, е очигледно единственото заедничко нешто помеѓу нив, но сепак тие продолжуваат заеднички да се мотивираат и творат. Кога не го режира Шекспир за затвореници, или не се грижи за ментално заостанати сексуални криминалци, сараевчанецот Gino Yevdjevich пее за чудниот феномен познат како култура. Со ваква биографија, очигледно тој е единствениот кој може да ја опише историјата на бендот:


Kultur Shock е оформен во 1996 г. и најпрво бевме акустичен бенд. Се започна како шега, на забава, за време на едно џемување кога идните членови на бендот си поигруваа со сопствената традиција и култура (балканска фолк музика) и на сите им се допадна. Во летото 1997, Kultur Shock се придружи на нивната стара пријателка Joan Baez, со која настапуваа на музичкиот фестивал Lodo во Денвер, како и на други настапи од нејзината турнеја.

После турнејата, Kultur Shock почнаа да свират во типично акустични сали. Публиката не се воодушевуваше од коментарите на пеачот на Kultur Shock, а тој пак беше згрозен дека публиката јадеше за време на настапите поради што даваше се поексплицитни коментари; келнерите и персоналот не беа воодушевени од прегласната клиентела која не зборува англиски и не дава добар бакшиш, и на крајот полицијата и христијанската заедница не беа среќни дека девојките врескаа и скокаа на масите со разголени гради. Поради тоа, некои клубови ги исфрлија Kultur Shock, но не само до нивните простори туку и од музичкиот свет воопшто. Ова можеби беше и најдоброто нешто што му се случи на бендот. Оттогаш Kultur Shock почнаа да свират во панк-рок клубови во Сиетел со што се промени и нивната музика. Однесувањето на бендот повеќе не претставуваше проблем. Самите го издадоа нивниот прв албум “Live In Amerika” кој е снимен за време на нивниот настап на The Crocodile во 1999.


Сосема случајно Billy Gould (басистот на легендарните Faith No More) се запозна со бендот и го продуцираше и издаде нивниот нов албум Fucc The I.N.S (2001г.) за неговата продуцентска куќа Koolarrow Records. Овој албум предизвика негативна реакција кај новоразбудените американски патриоти. Некои дури го кршеа дискот на половина и го праќаа назад во продуцентската куќа, но имаше и такви на кои им се допадна. Музиката на Kultur Shock на овој албум беше вистински различна. Каков и да беше, овој албум им донесе интернационално признание. Kultur Shock најпрво беа поканети во Шпанија, па во Германија, по што следуваа покани од цела Европа.
Во 2004г. Kultur Shock го објавија албумот Kultura Dictatura, повторно продуциран од Billy Gould и издаден од Koolarrow Records. Овој уникатен музички стил во исто време беше причина за бројните критики и признанија но и за комерцијалниот неуспех. Споредуван со Pogues и Frank Zappa па се до System Of A Down, овој албум уште еднаш беше преместуван од полица на полица и истовремено прифаќан и одбиван од “Rock” и “World” одделите. Во последните 4 години Kultur Shock реализираа 6 европски и 3 американски турнеји. Досега тие имат настапувано во Шпанија, Германија, Холандија, Данска, Швајцарија, Чешка, Франција, Италија, Хрватска, Русија, Канада, САД...
Албумот We Came To Take Your Jobs Away е повторно издаден со истиот продуцент. Овој албум досега е најблизок до звукот во живо на Kultur Shock.
После 10 години Kultur Shock имаа две огромни објави кои некако се прикажани на овој албум. Првата се однесува на уметничкиот интегритет; некако успевајќи да бидат поискрени спрема себе си сега одкога било кога во минатото, вклучувајќи ги и самите почетоци. Ова е нешто за кое Kultur Shock се гордеат. Вообичаено работите не се одвиваат на овој начин. Втората објава која провејува низ целиот албум е дека се бенд составен од плаво обоени имигранти. Воопшто не е секси и не е нешто кое ќе ве собори на земја, но е од огромно значење за Kultur Shock бидејќи конечно почнаа да уживаат во тоа што се, припаѓајќи никаде, отргнати од своите стари светови и никогаш не станувајќи дел од новиот, но сакајќи ја секоја секунда од сето тоа.


извор
 

bootboy

Skopje Bootboys!!!
Член од
29 декември 2008
Мислења
624
Поени од реакции
346






едит: Да не знае некој колку ќе биде карта за Терористичката Банда? :icon_bigg
 

koleee

Убер Македонче
Член од
6 јули 2008
Мислења
643
Поени од реакции
42
абе низ цела Македонија се продават карти а во Струмица не.... у ПМ.
 

koleee

Убер Македонче
Член од
6 јули 2008
Мислења
643
Поени од реакции
42
Би требало да има у Casper мислам.
``
Воедно да ве информираме дека билетите за главната вечер на Boom
Taksirat Festival се пуштени во продажба во Југотон, Чув де Чув,
Круг(аеродром), Лаика, Браво, Хавана, Гоги (Драчево), Рамстор, Кафе бар
Автобуc, Indie Pub во Скопје

Штип Дом на Млади, Куманово Агора, Битола Хард Рок, Струга Калабалак, Прилеп Апореа, Охрид К...укузел,Тетово Рок Кафе, Виница Гала

Првите 2000 билети ќе се продаваат по цена од 500 денари

Вторите 2000 билети ќе се продаваат по цена од 600 денари

Третите 2000 билети и картите на врата ќе чинат 700 денари``

Оваа го најдов на ФБ.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Викторгг го потврди присуството на Таксират, па ги замолил сите упатени и добронамерни, макар и со шпекулација да изнесат распоред на настапи на групите. Читав нешто назад, ама би сакал некоја свежа информација. Дефинитвно е една сцена, нема шалтање од хала у хала... или?
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.782
Поени од реакции
11.336
Мхм, една иста хала и истата монтажна сцена со 37 рефлектори од "аларм" па навака (каролина гочева, тоше, елена, егзит меин стејџ? :icon_lol: итн...)
А лајнапо ко што видов backwards беше нешто вака

Moonspell
Guano Apes
Juliette Lewis and The Licks
Hladno Pivo
Kiril
Elemental

Иако пологично е балканциве да свират први место Гуано и Џулиет кои ипак овде ги носат ко не знам што, па да иде Кирил ко последен...
Стварно бе мајку му без електро годинава, Кирил ми е преслушан....јбг.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Неможам да разберам зошто често пати распоредот и времетраењето не се кажува. Ајде времетраењето може некого да одврати од намерата да купи карта, ама распоредот? :toe: Што би правел јас на Мунспел? Гужва? Па тоа никого не му оди во прилог. И што би правел оној од Мунспел со долга коса и кожна јакна на Елементал? Веројатно организаторот си има некоја своја математика која држи вода, јас вака не разбирам... :nesum:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.782
Поени од реакции
11.336
Стандард таксират секоја година го отварал бендот што победувал на демо вечерта па после тоа оделе металците, па стандард рок/панк/ска бенд, за да се продолжи со ѕвездите и да се затвори со електраши :wink: 10 години е така.
 
Член од
19 април 2009
Мислења
58
Поени од реакции
1
Мхм, една иста хала и истата монтажна сцена со 37 рефлектори од "аларм" па навака (каролина гочева, тоше, елена, егзит меин стејџ? :icon_lol: итн...)
А лајнапо ко што видов backwards беше нешто вака

Moonspell
Guano Apes
Juliette Lewis and The Licks
Hladno Pivo
Kiril
Elemental

Иако пологично е балканциве да свират први место Гуано и Џулиет кои ипак овде ги носат ко не знам што, па да иде Кирил ко последен...
Стварно бе мајку му без електро годинава, Кирил ми е преслушан....јбг.
Си утнал... не е логичен распоредов.... поише би рекол дека е...

Moonspell
Elemental
Juliette Lewis and The Licks
Hladno Pivo
Guano Apes
Kiril

стандард први свират металци увек коа ги има, од едноставна причина што металците се толку манијаци што фаќаат место на шипка у 6 саат и ако металците се трети да речеме, на првите 2 бенда им го уништуваат расположението на тие што дошле за нив... вака... нека си го гледаат бендот па нек си бркаат работа после, иначе распоредов е официјален.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Си утнал... не е логичен распоредов.... поише би рекол дека е...

Moonspell
Elemental
Juliette Lewis and The Licks
Hladno Pivo
Guano Apes
Kiril

стандард први свират металци увек коа ги има, од едноставна причина што металците се толку манијаци што фаќаат место на шипка у 6 саат и ако металците се трети да речеме, на првите 2 бенда им го уништуваат расположението на тие што дошле за нив... вака... нека си го гледаат бендот па нек си бркаат работа после, иначе распоредов е официјален.
Имаш некој линк, извор, или некое објаснување од каде е тврдењето дека е официјален?
 

VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
Доаѓам со сигурност на ова!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom