krstenik
first things first
- Член од
- 24 август 2009
- Мислења
- 525
- Поени од реакции
- 21
картата е купена, се чека 5ти
Култур Шок на BOOM TAKSIRAT FESTIVAL
На 2. 12. на сцената на клубот Хавана со почеток од 22:00 добро познатите Култур Шок ќе одржат целовечерен концерт на кој ќе го промовираат својот нов албум “Integration”. Членовите на Kultur Shock (Култур Шок) потекнуваат од Босна, Бугарија, Јапонија и САД што зборува за нивната комплексност. Градот во кој живеат Сиетл, е очигледно единственото заедничко нешто помеѓу нив, но сепак тие продолжуваат заеднички да се мотивираат и творат. Кога не го режира Шекспир за затвореници, или не се грижи за ментално заостанати сексуални криминалци, сараевчанецот Gino Yevdjevich пее за чудниот феномен познат како култура. Со ваква биографија, очигледно тој е единствениот кој може да ја опише историјата на бендот:
Kultur Shock е оформен во 1996 г. и најпрво бевме акустичен бенд. Се започна како шега, на забава, за време на едно џемување кога идните членови на бендот си поигруваа со сопствената традиција и култура (балканска фолк музика) и на сите им се допадна. Во летото 1997, Kultur Shock се придружи на нивната стара пријателка Joan Baez, со која настапуваа на музичкиот фестивал Lodo во Денвер, како и на други настапи од нејзината турнеја.
После турнејата, Kultur Shock почнаа да свират во типично акустични сали. Публиката не се воодушевуваше од коментарите на пеачот на Kultur Shock, а тој пак беше згрозен дека публиката јадеше за време на настапите поради што даваше се поексплицитни коментари; келнерите и персоналот не беа воодушевени од прегласната клиентела која не зборува англиски и не дава добар бакшиш, и на крајот полицијата и христијанската заедница не беа среќни дека девојките врескаа и скокаа на масите со разголени гради. Поради тоа, некои клубови ги исфрлија Kultur Shock, но не само до нивните простори туку и од музичкиот свет воопшто. Ова можеби беше и најдоброто нешто што му се случи на бендот. Оттогаш Kultur Shock почнаа да свират во панк-рок клубови во Сиетел со што се промени и нивната музика. Однесувањето на бендот повеќе не претставуваше проблем. Самите го издадоа нивниот прв албум “Live In Amerika” кој е снимен за време на нивниот настап на The Crocodile во 1999.
Сосема случајно Billy Gould (басистот на легендарните Faith No More) се запозна со бендот и го продуцираше и издаде нивниот нов албум Fucc The I.N.S (2001г.) за неговата продуцентска куќа Koolarrow Records. Овој албум предизвика негативна реакција кај новоразбудените американски патриоти. Некои дури го кршеа дискот на половина и го праќаа назад во продуцентската куќа, но имаше и такви на кои им се допадна. Музиката на Kultur Shock на овој албум беше вистински различна. Каков и да беше, овој албум им донесе интернационално признание. Kultur Shock најпрво беа поканети во Шпанија, па во Германија, по што следуваа покани од цела Европа.
Во 2004г. Kultur Shock го објавија албумот Kultura Dictatura, повторно продуциран од Billy Gould и издаден од Koolarrow Records. Овој уникатен музички стил во исто време беше причина за бројните критики и признанија но и за комерцијалниот неуспех. Споредуван со Pogues и Frank Zappa па се до System Of A Down, овој албум уште еднаш беше преместуван од полица на полица и истовремено прифаќан и одбиван од “Rock” и “World” одделите. Во последните 4 години Kultur Shock реализираа 6 европски и 3 американски турнеји. Досега тие имат настапувано во Шпанија, Германија, Холандија, Данска, Швајцарија, Чешка, Франција, Италија, Хрватска, Русија, Канада, САД...
Албумот We Came To Take Your Jobs Away е повторно издаден со истиот продуцент. Овој албум досега е најблизок до звукот во живо на Kultur Shock.
После 10 години Kultur Shock имаа две огромни објави кои некако се прикажани на овој албум. Првата се однесува на уметничкиот интегритет; некако успевајќи да бидат поискрени спрема себе си сега одкога било кога во минатото, вклучувајќи ги и самите почетоци. Ова е нешто за кое Kultur Shock се гордеат. Вообичаено работите не се одвиваат на овој начин. Втората објава која провејува низ целиот албум е дека се бенд составен од плаво обоени имигранти. Воопшто не е секси и не е нешто кое ќе ве собори на земја, но е од огромно значење за Kultur Shock бидејќи конечно почнаа да уживаат во тоа што се, припаѓајќи никаде, отргнати од своите стари светови и никогаш не станувајќи дел од новиот, но сакајќи ја секоја секунда од сето тоа.
извор