TAKSIRAT BOOM! FESTIVAL

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Не зимајте карти сеуште. Ако прогласат епидемија на свински грип жими принцот Алберт ќе ојте на концерт.

Scary, huh? :)
 
Не зимајте карти сеуште. Ако прогласат епидемија на свински грип жими принцот Алберт ќе ојте на концерт.

Scary, huh? :)

Па најверојатно ке го одложат тогаш . Неверувам дека некој би сакал да оди во услови на епидемија :)
 
Па најверојатно ке го одложат тогаш . Неверувам дека некој би сакал да оди во услови на епидемија :)

нема да го одложат бре. уште 22 дена има до тогаш. ќе помине и грип и сите срања.
 
Доколку се прогласи епидемија зборам . Знам дека нема да го одложат :)
 
Што има врска ако се одложи, картите уште ќе важат :) а ако воопшто нема да има, сигурно ќе се враќаат билетите или нешто така. Али не верувам дека ќе се деси ова.
 
Деца, не гледајте а1, одете надвор играјте фудбал и чекајте таксират да дојде, каков грип какви срања...
 
Деца, не гледајте а1, одете надвор играјте фудбал и чекајте таксират да дојде, каков грип какви срања...

Исклучена ти е репутацијата, али најпозеленко за постот.
Еве помина и концертот на Underworld, сите живи, здрави, окезени од 6ка до 6ка.

Бај д веј, баталете ги медиумите на газда велија (намерно со мала буква). Глуми тука америчка параноја.
 
Фала Тонка, не си требал, само им ги отвараме малце очите :icon_lol: ќе те искомпензирам на Таксират со огромна гушка и така не сме се виделе ко бајаги време...бацки!

EDIT

LOOOOL абе сум исклучил репутација, каков цреп, ова само ја и едно дете во аргентина го правиме :pos:
 
Кирил и Гуано ејпс за крај на Бум Таксират фестивал

9C3F1C4CF3D67D42A6BBBEED96B9C4E8.jpg
Германскиот рок-состав Гуано ејпс и познатиот македонски продуцент и диџеј Кирил Џаковски ќе го затворат годинашното издание на Бум Таксират фестивал.

На последната и главна вечер на фестивалот, која ќе се одржи на 5 декември во Метрополис арена, ќе настапат и Џулиет Луис, Мунспел, Елементал и Хладно пиво.

Познатиот рок-бенд Гуано ејпс е еден од најпознатите и најпродавани европски бендови. Основан е во 1994 година, а го сочинуваат Сандра Насиќ - вокал, Хенинг Руменап - гитара, Стефан Уде - бас и Денис Пошвата - тапани.

Со својата комбинацијата на моќни и необични ритми и интриганти текстови се популаризираа во Германија, а на европскиот и на американскиот пазар се пробија со албумот Proud Like A God од 1997. Тој е најпродаван албум на германски бенд што пее на англиски јазик и достигна златен и платиниумски тираж во Европа.

Три години подоцна го издадоа албумот Don’t Give Me Names, кој брзо се искачи на врвот на топ-листите. Групата има освоено многу награди и милионски тиражи. Во 2004 година членовите на составот се разотидоа и работеа на соло-проекти. Групаат се реоформи пред една година. Во Скопје ќе настапат со своите најголеми хитови.

На другите вечери на фестивалот ќе настапат ТБ Трачери, Деликвент хабитс, ФИСТ, Зеа, Дени те чува...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom