Такси или автобус?

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување

Такси или автобус?

  • Такси

    Гласови: 206 60,1%
  • Автобус

    Гласови: 137 39,9%

  • Вкупно гласачи
    343
Со огледа на тоа што анкетата е од 2007 , кога автобусите беа скапани ( некој уште се .. ама еве стигаат нови ) цените на таксито пониски ... и општо повеке пари се имаше пред 4 години , предлагам да се ресетира анкетата па да видиме дали таксито ке има повеке гласови... :)
 
Со огледа на тоа што анкетата е од 2007 , кога автобусите беа скапани ( некој уште се .. ама еве стигаат нови ) цените на таксито пониски ... и општо повеке пари се имаше пред 4 години , предлагам да се ресетира анкетата па да видиме дали таксито ке има повеке гласови... :)

Значи анкетава ако сака и од 1995та нека е автобусот секогаш ќе биде првата опција за мене. Тоа што таксито последниве години поскапува енормно е само плус за да го мразам уште повеќе. Не сум "дете" од центар или блиску до сите дискотеки и дешавки во градов туку живеам во Ново Лисиче и обично терам пешки до било каде во град по нашиот кеј (голема работа ако попешачиш пола саат/саат - само во подобра форма ќе бидеш), освен кога е зимно време па има тешки врнежи од дожд/снег/град итн. Тогаш користам автобус. Таксито за мене е тежок луксуз освен ако не се возите 4ца истовремено на иста дестинација, и го користам само ако се екстремни случаи во прашање... Не памтам кога последен пат сум се возел во такси. Позз :)

П.С. И чудна работа е како сите се жалат за пари кога гледам од анкетава дека дупло поголем е бројот на луѓе што користат такси :S
 
^

за да не се чудиш.. како се жалат а гледаш дуполо поголем број као користат такси.. ја викам да се ресетира :D
 
Ај нека се ресетира анкетата,сега повеќето од автобусите се нови а таксито е поскапено,сигурно ќе има друг резултат анкетава.
 
И двете зависи ,се случува да одам со автобус и да се вратам дома со такси или да одам со автобус и пак се враќам со автобус ако заглавам до покасно и ако се заборавам со пиењето не ми бега таксито:D
 
Такси,пошто у велес нема автобуси градски,а има комбиња ама тие ептен одат само во далечните населби и околните села така да претежно такси користам :)
 
Taxi. Kadebilo mi e 50vce.
2 destinacii, kadebilo, 60.
 
Автобус. Интересни ми се бабичките со нивните приказни :D
 
Абтобус, не патам од комплекси од типот дека нема леб да јадам, ама со такси ќе се возам. Плус, цените на таксито во Скопје се жив грабеж. Кој има пари вишок, слободно нека им ги фрли:)
 
Ретко се возам во такси...најчесно преферирам со афтобус да се возам...
 
Автобус преферирам скоро секогаш да се возам освен тогаш кога навистина премногу ми е итно и се брзам па морам со такси или евентуално кога сум 2ра смена до 1 ч па ќе ми избега автобусот и тогаш пак сум приморан со автобус. Иако мојата дестинација за возење од работа до дома ми е околу 250 ден. што мене воопшто не ми се исплаќа да се возам со такси.
 
Користам автобус скоро секој ден, освен во периодот од 00:00-05:00 - тогаш со такси дека немам ноќни линии, плус и поисплатливо ми е. Околу 100ден. ми е од Центар до дома, со попуст нормално. :D
Со слободнава понекогаш се осеќам ко пензионер, од еден автобус во друг. :icon_mrgr:
А кога е потопло и кога имам време, често си пешачам, некогаш и по 10км.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom