Такси или автобус?

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување

Такси или автобус?

  • Такси

    Гласови: 206 60,1%
  • Автобус

    Гласови: 137 39,9%

  • Вкупно гласачи
    343
Одговорив такси, пошо најчесто тоа го користам. Не затоа што ми е грозно да одам со автобус, туку затоа што немам автобуска линија од мое маало до таму кај што треба да одам :raz: Мада сега откако поскапе незнам што ќе правам затоа што баш и не ми се даваат толку пари секојдневно... ај и така се стоплува, може и пешки да се шиба, па кај и да е, за 40мин ќе стигнам таму кај што треба да сум. А иначе, преку глава ми е со поскапувањава..да се немало раат брееее

--- надополнето ---

Не се сите поскапени. Вози се со Пулс Комерц. Мислам дека над 100 денари даваат и 10 % попуст.

кој е бројот на пулс комерц ? никогаш не сум се возела со нив :smir:
 
Автобус гласав. Од Радишани до центар 200 денари зима такси. Ако не делиш со другари не ти се исплати ни малце :)
 
Секако дека такси е подобра варијанта, пред да поскапи, мене, што живеам во Кисела Вода повеќе ми се исплаќаше да одам со такси до Центар отколку со автобус. Вчера се возев со такси од парк до К.Вода 150 денари МЕ ОДРАА! Осеќам дека летово ќе му ја извадам душата на точакот, бидејќи автобуси вечер слабо.
 
Секако дека такси... во автобусите претежно има многу луѓе... јас не можам да издржам да патувам многу време со автобус.
Последно кога бев на екскурзија Виена-Прага-Будимпешта, се скапав повраќајне, животот ми се згади... :nesvest: .
Така што незнам дали некогаш ќе влезам во автобус. :pipi:
 
Iskreno taksito e mnogu poeftino vo Skopje za razlika od drugite golemi gradovi vo Evropa pa i nasata okolina na Balkanov.
Preferiram taxi, a koga nemam pari peski se dvizam, poveke vreme odzema i ke se zapotis no e OK za mene se snaogam:jaj:
Druga dobra strana vo taxi e sto te ostava tocno kade sakas i ne se zamaras vo golem grad za parking.
Pr. ako si vo London i mozes da si go dozvolis, podobro e od avtomobil. Za avtomobil ke ti treba pola saat dodeka najdes parking i parkiranjeto cini dosta skapo.
 
После дешавката кога еден манијак* одвратен упорно се “триеше“ од моето рамо во автобус и бев приморана да станам, преферирам такси и ептен ретко се возам со автобус.



* Стока глупа. Ќе се помрднам јас и демек со нишањето на автобусот и тој по мене, грд, одвратен дебил.
cp.gif

:pos: :pos: :pos:

Иначе почесто одам пеш. Поретко со такси, а уште поретко со автобус.
 
Особено не ги поштувам дивите линиски таксисти досадни се како пролив,возат идиотски,мислат дека возат автобус и некогаш и поголем број патници ќе земат од лакомштија,ако пак немаат некогаш доволно број патници ќе те остат на автобуска (и ако ти заминал автобусот ,снаоѓај се) ,смрдени им се возилата,ќе те турат назад меѓу двајца на средина ,па мачи се на кривини.Еднаш ми се деси и со таксист со неисправни кочници да се возам.Така да....одбирам автобуски превоз.

Со автобус секогаш имаш точно време на тргнување,СВОЕ СЕДИШТЕ,не е толку смрдено (освен во одредени ЧКЉ фирми - зато имаш избор да ги избегнуваш) ,имаш клима во посаламните превозници,возат и во лето и во зима,на дожд ,снег,магла ,во работен ден и во недела итн.
 
Кратко и јасно .. Си имам своја кола :)
 
Хахаха темава ми дојде баш соодветна на тоа што ние Скопјаните се соочуваме деновиве - со новите ненормални цени на таксито. И до сега општо повеќе се возев со автобус, зашто сметам дека тие 10 минути што ќе се возам со такси нема да ги почувствувам не знам колку подобро во однос на автобусот, зашто се сепак нели, 10 минути. А за цената не се исплати. Да речеме од кај мене до центар со такси е 80 денари од прилика, а со автобус ми е 30 денари, или уште подобро што имам слободна, па си се возам колку сакам за 950 денари месечно. Единствено лошо кај автобусот како превозно сретство во однос на таксито е непристапноста 24 часа. До 11 си е последниот автобус, и ако не мислиш да плаќаш сега не знам колку пари, ќе си се прибереш со последниот автобус.
 
Автобус почесто користам , за секојдневни патувања.
Ако итно или пак доцна навечер мора некаде да стигнам - такси. И не , немам ништо против новите цени на такси - ако ти е потребно ќе си платиш , ако не ти е итно ќе си пешачиш/возиш точак.
 
Секако дека такси... во автобусите претежно има многу луѓе... јас не можам да издржам да патувам многу време со автобус.
Последно кога бев на екскурзија Виена-Прага-Будимпешта, се скапав повраќајне, животот ми се згади... :nesvest: .
Така што незнам дали некогаш ќе влезам во автобус. :pipi:

Има апчиња, голтни едно друг пат , и ќе уживаш во патувањето.

Таксито е подобра ствар, едино цената е проблем , а за добро , се знае , со такси побрзо се стигнува , нема чекање , нема седење , пред врата те зема и те носи.

Кај имаш рачун со такси да идеш од Мавровка до Сарај или што знам некоја подалечна дестинација.
 
Ти да се качиш у такси со новиве цени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom