Такси или автобус?

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување

Такси или автобус?

  • Такси

    Гласови: 206 60,1%
  • Автобус

    Гласови: 137 39,9%

  • Вкупно гласачи
    343
Во теми на кои има анкета не пишувајте само еден збор како избор од понудените опции. Затоа е анкетата. Ако имате да објасните зошто, дадете (кратко) образложение, ако не, клик на анкетата и толку. Секој следен пост од таков карактер ќе резултира со црвен картон и ќе биде избришан.
Ви благодарам на вниманието.
гладиус
 
Види...нормално дека е подобро такси! Ама коа немаш пари ќе се мрцвариш со автобус и ќе се кршиш по тоа столчињата, ќе потскокнуваш на секоја дупка што ќе ја погоди шоферот, ќе ризикуваш да скршиш рака од наглите кочења, ќе ти дишат во врат, ќе мирисаш кромид и салами, ќе слушаш рецепти за васина торта ама кога се мора! Да... се гледа дека се возам често во автобус но секогаш кога имам пари и да не е неопходно бирам такси! Мислам, ко човек ќе си стигнеш кај што си тргнал!
 
Распоредот на ГСП не е прилагоден на ново Скопје од времето кога е поставен како постоечки. Распоредот на линиите е катастрофален, и одредени делови на градот се отсечени, иако во последно време и тоа како има луѓе на кои им е потребен.
Од друга страна такси превозот е прескап, но е прилично удобен, особено со внесувањето на новите компании кои имаат строги и високи стандарди и се придржуваат до нив. Користам такси премногу, а јавниот превоз го обожувам апсолутно, па секогаш кога имам шанса за тоа се возам со ЈСП. Заљубен сум од дете во големиот црвен автобус. Дваесчетворка, Петнаеска, пееседмица, дваесдвојче... мх... :wub:


Иако ниту еден дел од песната нема ама баш никаква врска со автобусите на Скопје. :)
 
Poveke go preferiram taxito poradi toa sto pobrzo stigas,no e poskapo.Ama koga gledas avtobus treba da im gi mirisas miskite na nekoi neizbanjati.Taka da bolje taxi ke ziveam podolgo.
 
Ова со мишкиве е претерување. Се случува да има неподнослива миризба во најголемата гужва во најтоплиот ден, ама најголем дел од времето повеќето автобуси се сосема во ред. Цел живот се возам со автобус и тие екстремни „мишка“ и „дишење во врат“ случаи на прсти ги бројам. Секако дека е поудобно во такси, ама зошто да плаќам 2 до 6 пати повисока цена за стигнување од точка А до точка Б? Плус нема да слушам бош такси муабети. Јас како циција ќе се изјаснам за автобус. 22-ка FTW! :)
 
Такси.
Бидејки во автобус се вози секој и понекогаш мириса непијатно :)
 
Сите нормални луѓе низ светот се возат со автобус. АМА, не дека и ние не сме нормални, туку немаме нормални автобуси.

Колку што слушам кинезиве ќе носеле некој, пластични. Така да, автобус. Како секој модерен човек.
 
кога сум сам се разбира такси ... но кога сум со друштво со автобус .. си правиме муабети зш мноогу се брзи па имаме доволно време да зборуваме:toe:
 
такси нормално поготво овие новите, наше такси, лотус итн, а автобусите ми се смачува кога ќе ги видам да се нови и уредни со мерак ќе се возам! а вака крш и прљави ми се смачува кога ќе влегувам посебно во дождливи денови! :ija:
 
Ja Иако Поише преферирам и сакам да се возам сама во кола мојот избор би бил Автобус .
Иако некад стварно е катастрофа по автобусиве нема место за седење, возачите ја погаѓаат секоја можна дупка на патот сепак по ризично а и доста поскапо е да се возиш со такси.
Сепак таксти употребувам коа сум со другарки и другари!
Сепак не знаеш кој будала те вози во таксито!:pipi:
 
Такси, но ако е поголемо друштвото одбирам автобус. Јес да има секакви што се возат, но :toe:.
 
Темава некој ја кантосал - http://forum.kajgana.com/showthread...5%EC%E5%ED+%F2%E0%EA%F1%E8+%EF%F0%E5%E2%EE%E7
па, затоа ќе прашам овде- иако не се возам со такси-
-еден познаник денес уз муабет ми вика дека таксистите веќе почнале по нова цена да возат,иако се’ уште биле во преговори- наводно не сите компании се согласувале да возат по новите цени, а и до 15.април- немало никакви промени -НО, тој за 2 км платил 90,00 денари-
Искрено ме заинтересира ова- па прашувам- како гледате на ова 100% поскапување- дали го оправдувате, дали е реална цената ?
 
Темава некој ја кантосал - http://forum.kajgana.com/showthread...5%EC%E5%ED+%F2%E0%EA%F1%E8+%EF%F0%E5%E2%EE%E7
па, затоа ќе прашам овде- иако не се возам со такси-
-еден познаник денес уз муабет ми вика дека таксистите веќе почнале по нова цена да возат,иако се’ уште биле во преговори- наводно не сите компании се согласувале да возат по новите цени, а и до 15.април- немало никакви промени -НО, тој за 2 км платил 90,00 денари-
Искрено ме заинтересира ова- па прашувам- како гледате на ова 100% поскапување- дали го оправдувате, дали е реална цената ?
Не се сите поскапени. Вози се со Пулс Комерц. Мислам дека над 100 денари даваат и 10 % попуст.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom