Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се крена фама заради глупиот текст што повикува да останеме во Македонија или да се вратиме и да го јачаме патриотизмот. Во ова нема ништо спорно, само што е дел од програмата на владеачката партија т.е песната е како нарачана од премиерот, посебно ако се земе во предвид дека два-три дена после објавувањето на спотот на вестите и тоа на сите се објави статистика за тоа дека се раѓаат помалку Македонци.Не знам зошто се крена фама заради "Дома си е дома"
"Најлесно е пасош во рака и да фатиш магла од тука. Наместо држава своја, градиме држава туѓа. А, јас имав баш добро планче, одиме на тројка да ќариме станче. Мали плати, но душа топла, не, не...никој нема да те љуби како Македонка..." се само дел од стиховите на новиот сингл на Тајзи кој го носи името "Дома си е дома".![]()
Станува збор за песна околу која се крена голема прашина, а причина за тоа е фактот што истата беше избрана и субвенционирана од страна на Министерството за култура.
"Се крена фама околу ништо. Ова е песна која се наоѓа на мојот албум. Министерството за култура распиша конкурс за субвенции на музичарите, јас ја пуштив и истата беше избрана. Со парите кои ги добивме од нив, го снимивме спотот и воопшто и немам никаков ќар од целиот тој проект", вели Тајзи.
Кумановецот открива и дека голем број негови колеги, исто така, имаат добиено пари од ваквиот начин на субвенционирање, кој им помага на музичарите полесно да го реализираат она што го имаат замислено.
"Покрај мене, имаше и уште 30 други музичари-колеги кои добија пари на ваков начин, но околу нив не се крена фама. Немам направено ништо лошо и затоа немам зошто да се објаснувам", додаде раперот кој во моментов е преокупиран со настапи и свирки низ земјава.
(Ј.А.)
http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=2083B9B35215AF4BA88415040E8500A2
И на мене не ми е јасно зошто се дигна галама ама тоа е тоа. Факт е дека никој не ја гледа песната како таква туку сите се фатија за тие 3 илјади евра. И најлошо од се и луѓе што го слушаа Тајзи до вчера почнаа да го плукат. ЗОШТО???? Затоа што учествувал на конкурс и добил награда.
Која патетика ееееееејјјј... Ама ај нема да ни е ниту прв ниту последен пат.
Озбилно прашањево?А кој е тој што дефинира дали нешто е добро или лошо ако може да ми кажете? Многу ме интересирало тоа од стално, никако да добијам објаснување.
Па од нивните две последни песни може да се заклучи дека имаат различни погледи кон социјалните збиднувања во државатаа зошто се тазделиа со скипи?
Темата ти е споена, пошто е дупла.Ми треба секоја инфо кој што мисли за него па и јас ќе ви споделам нешто со вас![]()