Калатес е многу подобар плеј кога се држи само на асистирање повеќе. Лош шут има, а знае многупати да претера со шутирање. Инаку очекувано за Џорџевиќ, сигурно никој не бараше титула од него ама да добиеш метла од Лаборал и тоа без Ханга, Шенгелиа и Козер, практички со 6 играчи им играа последниве 2 натпревари. Претера според мене Џорџевиќ со трансферите, најпрвин со Павловиќ, Кузмиќ и Радуљица. Океј, Радуљица има солидна сезона, знае да се изгуби некогаш со фаулови ама другиве двајца се тепила цела сезона. Башка и доста лоша кошарка игра Пао цела сезона, минатите години се знаеше, непобедлива тврдина беа дома. А, Елиот одкога стигна имаше одлични партии, али во овие натпревари со Каха неможеше бунар да погоди. Дали дојде на изглед квалитетот или навистина имаше лоши денови, којзнае.
Инаку и Барса мислам ќе си ја заврши работата дома и ептен брзо ќе заврши плејофот. Кој очекуваше дека три метли ќе има дури, Ѕвезда ајде ама другиве две.
И мене ми е глупо ова со Ф4, впрочем играш четврт-финале на 3 добиени, за после тоа да идеш на Ф4. Треба цел формат да го направаат на 3 добиени, и полуфиналето и финалето, доста поинтересно ќе биде.