Здраво другари.. сакам да ве прашам дали знаете како да го решам проблемот. Татко ми неодамна стана корисник на телеком, бројот го портираше. Проблемот е во тоа што неможам да ја активирам телеком апликацијата. Го пишувам телефонскиот број и не ми излегува делот каде пишува колку гига има искористено и други детали. За друг број нема проблем, проблемот е само за неговиот број. Пишав на фејзбук на телеком, но не го најдоа решението на проблемот. рестартирав телефон, реинстал на апликација, пробување на различни уреди и се без успех. дали некој имал ваков проблем и знае како да го решам