Зошто даваат повеќе. Искрено, мене повеќе ми одговара вака, иако се поскапени тарифите. Еве прост пример:
*претходно бев Relax M тарифа, што беше речиси иста со старата Play M (599 денари претплата за кои добиваш неограничени разговори кон T-Mobile и T-Home и 1GB брз интернет). Арно ама, пошто разговорите кон другите мрежи ми ги наплаќа надвор од претплатата, секој месец си плаќав по минимум 1200 денари.
*сега сум на новата Play M тарифа (799 претплата. За 200 денари плус добивам неограничени разговори кон сите мрежи и 2GB брз интернет). Повеќе ми одговара, зошто сега за да зборам со VIP и ONE не треба да плаќам по минимум 600 денари плус, туку само 200. И ни денарче повеќе од тоа.
Не дека ги бранам, напротив, само кажувам дека мене поскапувањето на тарифите ми годи.