...па има разлика, туширање е кога се стои или седи под млаз на вода која излегува од туш директно на телото (најчесто во кабина), а капење е кога кадата ќе се наполни со обична вода и ќе си влезеш во неа и „ќе се капиш“!
... освен капење со обична вода имаме капење со миризливии и маслени релаксирачки препарати кои не можеш да примениш кога се тушираш, ама ако се капиш тогаш во водата во када ќе „фрлиш“пример Хималајска сол за капење т.н. купка!
важно за купката кога ќе се капиме е тоа што не смее да се користи никаков сапун, гел или слично туку ќе се наполни кадата со вода (до 35 степени) и се става Хималајска сол специјална за купка и се седи во таа купка во када не повеќе од 30 минути и потоа не се брише со пешкир туку така се суши природно водата по телото!
е сега, ако сакаме да делуваме и здравствено со таква Хималајска сол ќе се стави повеќе околу 400 г во водата и тоа против реума и болки на зглобовите, проширени вени, габични и гинеколошки проблеми, а повеќе од 500 г од таа сол доколку имаме дерматолошки проблеми од тип на егзема, себореја, псоријаза!
а ако сакаме само релаксација и опуштање тогаш само 100 г Хималјаска сол за купка ќе ставиме во кадата со вода или некоја лаванда, а во полутемна околината како украс некои миризливи свеќи и по можност ладно пенливо вино и некое освежително овошје