Па нека се плаќа такса, како што беше досега, па ќе имаат пари за македонската репрезентација. 3 милиони не е многу пари, и может лесно да се обезбедат од граѓаните. Во Хрватска ако не грешам се плаќа по 10 евра (80куни) месечно. Па ете имаат пари да даваат за Спорт, плати на вработените, буџет за квизови како милионер каде редовно се даваат износи од околу 20 илјади евра, како и потера, каде исто има високи суми. А не како кај нас на квизовите по 50-100 евра. Јас верувам дека секој македонец, албанец би плаќал претплата од 500-600 денари месечно за мрт, доколку тоа значи квалитетна програма, спортска и забавна на македонски/албански јазик.
Зашто да плаќам 10 евра?
Финалето од ЛШ коа одеше на МРТ 3, наместо реклами за време на натпреварот и на полувреме си даваа некој песни што не ни знаев дека постојат.
Сите спортски канали во свет тој период, коа има некоја јака утакмица како во овој случај ФИНАЛЕ ЛШ се тепаат да лупнат повеќе реклами на полувреме и банери/кратки реклами за време на утакмицата само нашиве буржоазија пуштаат песнички од пред Х години и види богати, им се прекина преносот, па морав на Арена 1 да гледам.
Едноставно нека си вложи бе државата пари, нека понуди на народот програма па после нека бара да им се плати нешто.
Нема да иам проблем да плаќам пари ако Мрт 1-5 ми нудат квалитетна програма. Ама нека понудат прво квалитетна програма.
А 10 евра месечно е ОГРОМНА претплата, со оглед на тоа дека имаш ти кабловски што нудат нет и тв за 999 денари па дури и помалце.
Едноставно МРТ можат и те како да земат се што сакаат, и после преку реклами да извадат и дупло повеќе.
Зашто не го прават тоа, не знам.
Како за пример земи ги Арена Спорт и Спорт Клуб, во секој можен момент ставаат реклама, мора некако парите да си ги повратат. Еве не мора спортски емисии, види ги РТЛ каналите, хрватски канали, даваат солидна содржина со оглед на тоа дека сме балкан. Ако нема серија/емисија имаш реклами.
Едноставно сме најутепани со програма и со осет за бизнис. Да сакаа до сега и ЛШ и сите натпреварувања кај што настапува Македонија ќе ги имаа МРТ, ќе ги напунеа со реклами, коментатори и слично и ќе извадеа дебел ќар од тоа. Само за тоа треба да се работи бе брат, да се брка, да се трча.