Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Шпанија не заслужи титула и е далеку од квалитетна репрезентација за злато. Хрватска ги декласираше на нивни терен. Како и да е идна година на ЕП во Данска дилеми нема да има !
Кажи ми дека не си сериозен:eek:?
 
Најглупото финале до сега и зато не им ја признавам титулата, да ви ебам тоа шпанците да ви ебам, оти играат дома и морало да освојат. Да дај Госпо никогаш поќе да не освојте ништо во ракомет, племето ваше! :mad: Сосила се пикаат ракометна нација се праат?! Каде беее?
Момче,ако те има паднато в кладилница Данска не мора да тресиш глупости..фрустрацијата на друго место исфрлај ја....
ШПАНЦИТЕ СО СИЛА СЕ ПРАЛЕ РАКОМЕТНА НАЦИЈА:facepalm:
Тоа шо нивниот тренер го има освоено во ракометот сите останати тренери да се соберат тешко дека ќе го постигнат...
Плус грото играчи им играат во најсилните клубови во светот,пред се Барселона..која децении наназад е еден од најдобрите клубови во светот....дел од нив и во Сиудад Реал кој газеше се пред себе во ЛШ,до пред некое време....
Кога нон стоп вадат играчи кои се меѓу најдобрите статистички гледано во ЛШ....
А грото играчи доаѓаат од тука....
И не биле ракометна нација:cenzura:
Земи избриши го постот додека има уште време,да не ти се смеат за џабе луѓето....:tapp:
П.С.
Колку само ми е мило шо ладните и грди Данци вака завршија,знаеја да удираат кога не гледа судијата,знаеја да користат судиски грешки во нивна полза....имаа среќа во газот,посебно со нас лани...е еднаш и среќата не е на нивна страна....
Нека им се случи еднаш и нив едно газење,ама буквално газење,да се свестат дека не се богови,дека и тие знаат да имаат лош ден....
Колку само е добро да го гледаш Вилбек како немо гледа во семафорот,не знае шо се случува..не знае дали да бара тајм аут,не знае дали да плачи,само го држи тоа картончето за тајм аут стои како куртон и црвенее како ТЕТКА БИБЕРЧЕ...:X3:
Кога го гледаш Хансен како цимоли кај судиите...:place:Кога од немоќ ја удира топката од паркет...:drk:
Кога Штербик им фаќа живи топки на големите шутери на Данска,како на мали дечиња кои слават роденден во некоја игротека....:pipi:
Кога не можат да сврзат две додавања....нешто нетипично за Скандинавци......:pos:
Не е ова случајно,не е ова ДЕМЕК ДОМАЌИНИ БЕА ШПАНЦИТЕ ПА ИМ СЕ ПОСРЕЌИ...
Губеа на педерски начин во меѓусебните дуели,посебно лани во Белград...
Затоа сакаа да им вратат со камата....и им вратија...
ДАНЦИТЕ ПОМИНАА ГОЛОРАКИ НИЗ КОРИДА...ГИ ИСКАСАПИЈА....:drk:
 
Ја уште не можам да се свестам шо се деси? Па кошарка да играа, Данска сигурно немаше вака да загуби од Шпанија. Некако летаргично, незаинтересирано, неподвижно, анемично делуваа, но покажаа дека се големи спортисти. Данска :love:
 
Очигледно сите тука заборавија на полуфиналето во Србија помешу Данска и Шпанија каде Данците со огромна помош на судиите ги елиминираа Шпанците и сега трескат глупости дека Шпанија не ја заслужува оваа титула:pos:..па со вакво газење и стручна одбрана кој ја заслужува ако не тие..постручен ракомет не знам како со мали деца си играа
 
Уште еднаш Светската ракометна федерација,па и ЕХФ сосила се прават будали..:eek:
Лани го прогласуваат Илиќ за МВП,а не е во идеалната седморка на првенството,исто и оваа година. со Хансен,МВП а не е во идеалниот тим.....
Не дека Хансен не изигра за тимот,иако не шутираше како шо знае(повредата си го зеде данокот)....но сепак некако на стара слава ја лапна наградата..
Реално,Дувњак изигра подобар турнир од него,имаше повеќе голови,асистенции...едноставно дечкото беше вистински лидер на тимот..
Но како и секогаш скандинавското лоби во ракометот е многу силно,па мора да протуркаат некој свој играч..
Гледајте со Линдберг:eek:
Па шо изигра подобро од еден Чупиќ?
Со другите членови на Ол-стар тимот,би рекол е добар и заслужен изборот,освен можеби со Алберто Ентрериос...иако до негде и за оправдување е овај избор...одигра искусно стариот пес...:cool:
Хрватска беше без Лацковиќ,Французите мака мачеа со лев бек,де Нарцис,де Карабатиќ,де Акамбре,никој не изигра константно.....
Данците менуваа,во зависност од позицијата на Хансен,не се покажаа многу ниту Лауге,ниту Маркусен,играчи кои треба да бидат носечка сила во наредните 10 години....
Како ретко кога беше понудена слаба листа на добри играчи на лев бек кои ќе пукаа по 5,6 парчиња без проблем....за разлика од на времето....
Повеќе играта беше во одбрана и на лесна реализација на контри и полуконтри,шпански рецепт за освојување на титула....
 
Хансен цел турнир го изигра никакво..имаше некој асистенции но за МВП тоа е премногу.Дувњак изигра подобро 10 пати или па некој од шпанците требаше да изберат.Незнам што е со ИХФ и лани исто така направија,Чупич може затоа што со Данска се изгуби затоа може не го ставија.
 
Ima dana za megdana, следното ЕП е во Данска ;)
 
Најглупото финале до сега и зато не им ја признавам титулата, да ви ебам тоа шпанците да ви ебам, оти играат дома и морало да освојат. Да дај Госпо никогаш поќе да не освојте ништо во ракомет, племето ваше! :mad: Сосила се пикаат ракометна нација се праат?! Каде беее?
Брат 20 разлика бе, не 3-4. И мене ме падна на спортска, јебига, ама ова денес беше маестрално.
 
Ау брука. Кој ќе им го заборави дебаклов на Данциве. Ни на сон не очекував ваков пораз. Шпанија како да играше со Сарамзалино.

Те пратам и во темата за тенис исто кога сакаш некој да понижиш го правиш од Сарамзалино ? Може да престанеш да ми го вреѓаш селото и да се префрлиш на ТриВоди , Конопиште и некое слично кое не може за малото прсте да му се фати на Сарамзалино? ;)

Инаку многу се изнервирав што не заврши 36-18 . :mad: Што убаво ќе личеше ДУПЛО повеќе голови да им збрцаа. Ама ај , и вака не е лошо воопшто.
 
Те пратам и во темата за тенис исто кога сакаш некој да понижиш го правиш од Сарамзалино ? Може да престанеш да ми го вреѓаш селото и да се префрлиш на ТриВоди , Конопиште и некое слично кое не може за малото прсте да му се фати на Сарамзалино? ;)

Инаку многу се изнервирав што не заврши 36-18 . :mad: Што убаво ќе личеше ДУПЛО повеќе голови да им збрцаа. Ама ај , и вака не е лошо воопшто.

Узречица младичу, не ја сфаќај толку трагично. Немам ништо против местото, ниту луѓето од таму. :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom