Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Моја претпоставка како би завршиле групите (не ја ставам нашата намерно ;)) Гледам никој ништо не пишува, па ај нешто да пишам.

Група А
1. Франција
2. Германија
3. Тунис
4. Црна Гора
5. Бразил
6. Аргентина
Исто така во оваа група според мене можно е и Бразил да биде 4-ти, а Црна Гора 5-та. Не очекувам нешто посебно од Аргентина затоа што не покажаа никакви резултати на Олимпијадата. Франција би требало да бидат убедливо први во групата. Се сомневам за германците затоа што во последно време се' послабо играат, ама еве им шанса после да се докажат против Шведска на пријателскиот.
...
Група Ц
1. Полска
2. Србија
3. Словенија
4. Белорусија
5. Јужна Кореја
6. Саудиска Арабија
Тука според мене би можеле Јужна Кореја да завршат 4-ти, во случај да изненадат.

Група Д
1. Шпанија
2. Унгарија
3. Хрватска
4. Египет
5. Алжир
6. Австралија
И во оваа група очекувам Шпанија да биде упедливо прва, а нормално нема што да збориме за Австралија која што си прави екскурзии на првенствата.

Искрено би сакал да има што повеќе изненадувања за да биде поинтересен Мундијалот. На пример според мене мислам дека Катар би требало нешто да изненади, барем на еден меч, само не на нашиот :D . Исто така би можеле да изненадат Белорусија и Бразил.


не дека ке испадне вака ама моја прогноза без ногу мудрување

а група.....први франција пред германија, додека од 3-5 место рамноправно ги ставам тунис црна гора и бразил...со предност како шо се напишани

во наша група данска и русија први фаворити, македонија со предност пред исланд, ана катар треба да се внимава,,,,,

ц група словенија полска па србија,,,, 4 место белорусија пред кореа

д група шпанија унгарија хрватска египет.....е тука најзамрсено ми стое.....ај да речиме вака хрватска, шпанија. египет па унгарија

или 1/8 финале
франција-исланд
германија-македонија
црна гора-русија
тунис-данска
Словенија-унгарија
Полска-египет
србија-шпанија
белорусија-хрватска:P
 
А овој подфорумов уште од Европското што е да се смени за за Светсково, и да се пишува само таму, ќе се отворат многу теми и хаос ќе стане.
 
А овој подфорумов уште од Европското што е да се смени за за Светсково, и да се пишува само таму, ќе се отворат многу теми и хаос ќе стане.
Па не е тешко да се отвори и уште еден потфорум за Светското првенство, само треба желба.
 
Прво нека се затвори темата за репрезентацијата,да не тролаат таму некои залутани......
 
Затворена е темата за репрезентација, со цел да не се водат дупли дискусии на 50 страни... :)

Се брои ситно...

:vozbud:
 
На голема мака сум,богами сме.
Ако направиме јак резултат пак,да дотуркаме негде до 1/2 финале Шундо ќе си дреме на клупа на репрезентацијава додека не заебе работа.Многу ми е криво што за се е така во Македонијава наша.Нешто ми збори дека на светсково ќе изиграме топ,а после тоа во квалификациите ќе ја заебеме работата.Би сакал да грешам.
Другата болка е,да не направиме добар резултат и да пропуштиме голема шанса со оваа репрезентација.Тогаш на Шундо би му дошол крајот ама што ќар од тоа?Искрено не сакам да плукам по тренери ама типов ако не го стави Гоце како прв избор за десно крило нека си поднесе оставка одма.
За групава според мене,Данска фаворит,без двајца добри ракометари,ние без фалангата,кога ќе се собере се мислам дека ќе биде тешка утакмица,нема да заврши со победа од многу голови разлика за било која од репрезентациите.После нив би ги спомнал Исланд,тежок противник,опасни бекови,мислам дека ако Борко има свој дена тука можеме да извлечеме позитивен резултат.Со Русите ,иако се напреднати не верувам дека можат да ни направат некој поголем проблем,тука очекувам трета победа после првите две(се надевам) со Чиле и Катар.Овие две екипи на почетокот мора да ги добиеме со што поголема разлика и да се подигне самодовербата на екипата,мотивацијата, за понатака цврсто да влеземе во натпреварите со другата тројка и да обезбедиме доколку е можно второ место во оваа група.Тогаш 1/2 финалето би било реалност.До тогаш е само желба.
:)
 
И јас да ја искористам генералнава тема за мое видување барем на сегментот од А и Б групите.
Калкулации од типот да бидеме 2ри или 3ти како би ја одбегнале Франција ни се најмалку потребни. Се сеќаваме како Данска почна на Европското Првенсто а како заврши, воопшто не е гаранција квалитетот на Франција за прво место во нивната група. Ќе ја билдаат формата од меч во меч како и сите други екипи, посебно во овој нов формат нема потреба да силуваат уште од старт.
Чекор по чекор, имаме два меча за увертира, со 4 бода на конто потоа полесно ќе се размислува. Веќе пред мечот со Данска ќе има простор за извесни калкулации околу противникот во 1/8финалето, како противникот не би бил Франција туку било кој од другите екипи со кои имаме реални, дури би рекол шансите ќе бидат на наша страна според играчкиот кадар споредено со ЦГ, Германија, Тунис, иако со вторите не следи мало проклетство а и знаеме какво име се во EHF.
 
Против Чиле сме огромни фаворити.Тоа го наговестуваат и кладилниците.Не имаат поставено со хендикеп -13.5.:LOL:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom