Светско Првенство 2019 во Данска и Германија - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување
Дајте бе кажете некоја апликација за IPhone да глеам било на МТВ било каде 3 дена сум дежурен не ќе можам на ТВ да глеам
Пуштите во ПП
Очекувам Германците да добијат денес глатко
webtv.vip.mk si odbiras Mrt i rajat si
 
Малце касно ама јбг, македонска работа, мораше уште на 20 години да заминит, досега ќе беше зверка напрен, видовме Филип Талески колку напредна во 2 години од кога замина Германија (Иако има скромна минутажа ) кој пак нема ни Т од " Талентот" на Фитиљот.. ама тоа е.
 
Мал осврт од моја гледна точка ова прво коло..
Ние моментално сме катастрофа во одбрана, среќа Борко имаше 20 одбрани, да имаше 12-13 ќе бевме блиску до егал со противникот...Пребрзи се Јапанците, ама џабе се пребрзи кога се физички инфериорни.. Што ќе се деси со Шпанија бог да ни е на помош.. Со таква одбрана 40 ќе примиме ко од шала.. Нападот ни изгледаше прејак, дали дека се мизерии јапанциве башка ниски се и дупиња беа реално, или пак прејако изгледавме ради тактиката на Раул, ќе видиме понатаму како ќе се одвиваат настаните бидејќи никаков заклучок не може да донесеме, или сме преслаби за фаворитите или ќе земеме некој скалп...

Најголемо изненадување - Ангола.. После нив Аргентина.. Па после нив Бразил.. Па после нив Египет... Ми се допаѓа што не се веќе топовско месо овие неевропски репки.. Најголемо разочарување Катар и Маџарите...

Најпрекрасни и најтрилер утакмици ми беа Исланд - Хрватска, Србија - Русија и Бразил - Франција за гледање.. Исланд се тврда репка, ќе биде претешко против нив, лесно е да се каже да го затвориме Палмарсон и ги добивме :neetaka: хрватите и среќата малце ги послужи... Исто така наизменично ги пратев французиве и швеѓаниве.. Се држеа и Бразил и Египет и до 56/57 минута имаа активен резултат против фаворитите ама на крај победи искуството... Не ги гледав Ангола и Аргентина, се надевам на Арена ќе прикажат некоја утакмица од нив... Русите и Србите, буквално во една секунда гледаш напад за победа имаат Србите, во следата секунда напад за победа имаат Русите.. и на крај реално нерешено...

Најголемо разочарување се Азиските шампиони... Овие ли беа бронзени пред некоја година.. ццц
А стварно не знам што се дешава со Маџарите, мора оваа текма реприза да ја ѕирнам да видам што било како било, кој пиел кој плаќал...
 
Ми се свиѓа theme song-от на првенствово богами..
 
http://www.handball19.com/

Добро ја толку ли сум ќор или на официјалнава страна на светсково првенство стварно нигде нема резултати во живо од натпреварите и табели итн?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom