Мал осврт од моја гледна точка ова прво коло..
Ние моментално сме катастрофа во одбрана, среќа Борко имаше 20 одбрани, да имаше 12-13 ќе бевме блиску до егал со противникот...Пребрзи се Јапанците, ама џабе се пребрзи кога се физички инфериорни.. Што ќе се деси со Шпанија бог да ни е на помош.. Со таква одбрана 40 ќе примиме ко од шала.. Нападот ни изгледаше прејак, дали дека се мизерии јапанциве башка ниски се и дупиња беа реално, или пак прејако изгледавме ради тактиката на Раул, ќе видиме понатаму како ќе се одвиваат настаните бидејќи никаков заклучок не може да донесеме, или сме преслаби за фаворитите или ќе земеме некој скалп...
Најголемо изненадување - Ангола.. После нив Аргентина.. Па после нив Бразил.. Па после нив Египет... Ми се допаѓа што не се веќе топовско месо овие неевропски репки.. Најголемо разочарување Катар и Маџарите...
Најпрекрасни и најтрилер утакмици ми беа Исланд - Хрватска, Србија - Русија и Бразил - Франција за гледање.. Исланд се тврда репка, ќе биде претешко против нив, лесно е да се каже да го затвориме Палмарсон и ги добивме
хрватите и среќата малце ги послужи... Исто така наизменично ги пратев французиве и швеѓаниве.. Се држеа и Бразил и Египет и до 56/57 минута имаа активен резултат против фаворитите ама на крај победи искуството... Не ги гледав Ангола и Аргентина, се надевам на Арена ќе прикажат некоја утакмица од нив... Русите и Србите, буквално во една секунда гледаш напад за победа имаат Србите, во следата секунда напад за победа имаат Русите.. и на крај реално нерешено...
Најголемо разочарување се Азиските шампиони... Овие ли беа бронзени пред некоја година.. ццц
А стварно не знам што се дешава со Маџарите, мора оваа текма реприза да ја ѕирнам да видам што било како било, кој пиел кој плаќал...