Светот во исчекување: што ќе објави вечерва НАСА?

  • Креатор на темата Креатор на темата GORAZDS
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Големи се очекувањата вечерва на прес конференцијата НАСА да даде докази за живот на друга планета,иако само НАСА знае што ќе биде содржината на пресот.Постојат три сценарија што НАСА ќе обелодени пред јавноста.

Соопштението за печат издадено од американската НАСА предизвика големи очекувања во светот дека конечно ќе се обелоденат докази за вонземски живот.Конференцијата за новинари која ќе биде емитувана преку телевизијата НАСА е закажана за денеска во 19 часот по Гринич во седиштето на администрацијата во Вашингтон,и посветена е на„астробиолошко откритие кое ќе влијае на потрагата по докази за постоење на вонземски живот“.

НАСА за ова случување собра четири угледни експерти: геолог,океанограф,биолог и еколог.
Тоа се Памела Конрад,геобиолог,која во 2009 напиша труд за геологијата и животот на Марс.Фелиса Вулф-Сајмон,океанограф,откри бактерија која во фотосинтезата наместо кислород користи арсен,инаку отровен за повеќето живи суштества.Биологот Стивен Бенер е дел од „Тимот за Титан“во Лабораторијата за млазен погон,истражувачки центар на НАСА.Екологот Џејмс Елсер учествува во астробиолошката програма „Следете ги елементите“ на Универзитетот Аризона.

Експертите сепак предупредуваат дека не треба да се запаѓа во еуфорија бидејќи никој надвор од НАСА не знае што ќе се открие вечерва.Во некои весници веќе се објавени наслови како„Дали го пронајдоа И-Ти“ или „Дали НАСА ги откри малите зелени“,па очекувањата за епохално откритие се големи и се помалку од видео снимка на вонземјанин може да претставува големо разочарување.

Но,засега постојат три реални теории за тоа што подготвува НАСА.

Според првата,научниците откриле живот на една од месечините на Сатурн.Експертите проценуваат дека тоа има врска со неодамнешното откритие на мисијата Хајгенс-Касини кога во атмосферата на месечината Ре се пронајдени кислород и јаглерод диоксид.Иако кислородот е пет билиони пати поредок од кислородот во атмосферата на Земјата,а површината на сателитот премногу ладна,не е исклучено дека се откриени поинакви облици на живот од оние кои ги познаваме.

Според втората теорија,НАСА пронашла арсен на Титан,друг сателит на Сатурн,а можеби и бактерија која го користи во фотосинтезата.

Третата теорија предвидува дека НАСА нема да ни покаже фотографија на вонземјанин,туку ќе ни објасни какви услови се неопходни за настанување на живот.

На почетокот на ноември потрагата по вонземјанска интелегенција поприми глобални размери,откако 13 опсерватории на пет континенти ги насочија телескопите кон неколку ѕвездени системи.Оваа еднодневна акција на ентузијасти собрани во програмата под име„Потрага по вонземјански облици на живот“или СЕТИ,организирана е откако во октомври беше соопштено дека астрономите откриле планета со големина на Земјата,која би можела да биде населена.

На интернет страната на Канал 5 попладнево ќе биде поставен линк кој Ве води на страната на НАСА каде што во живо ќе се пренесува конференцијата за печат.Погледнете што има на човештвото да му соопшти НАСА.

02.12.2010, 12:53​

извор:http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=101&egId=18&eventId=67945
 
Не верувам, ама се надевам дека ќе го кажат она што повеќето од нас сакаат да го слушнат. Доста беа тајни. И ние имаме право да знаеме што се случува околу нас.
 
Не верувам, ама се надевам дека ќе го кажат она што повеќето од нас сакаат да го слушнат. Доста беа тајни. И ние имаме право да знаеме што се случува околу нас.
Па може сватија дека во ова време на развиена комуникација све потешко е да сокриеш информација.
 
30-09-10 18:39


01-10-10 14:29

Ај да се кладиме дека за 3 до 4 месеци,ако не и побрзо, ќе се огласи СЕТИ или некоја слична организација...околу некакви „сигнали“...од мрачните пространства на вселената...:)


:pipi:
 
Има живот ама ние сме многу попаметни од нив.
НАСА ко НАСА, да не кажат за базите каде експериментираат со нив.
 
Што може да објави, демек голема вест...бектериолошки живот демек не знаевме, абе вест на милениумот остај нозе ми се стресоа...
 
Што може да објави, демек голема вест...бектериолошки живот демек не знаевме, абе вест на милениумот остај нозе ми се стресоа...

богами ако е за тоа незнам шо се мачат :)

бактериолошки фосилизирани остатоци има одамна пронајдено по метеори кои паѓаат на земјава ..
незнам шо би било ново во веста ако е за тоа ..

да кажат вонземска цивилизација свесна развиена некоја нашле па да крекаат :)
 
Хаха, а бе се работи за прес во врска со леталото Касини кое орбитира околу Сатурн...

Наводно, пронашле најпроста форма на живот на водените пари на еден од сателитите на Сатурн...
 
богами ако е за тоа незнам шо се мачат :)

бактериолошки фосилизирани остатоци има одамна пронајдено по метеори кои паѓаат на земјава ..
незнам шо би било ново во веста ако е за тоа ..

Се мачат бидејќи досега никаде надвор од нашава планета не е пронајден доказ за живот. :)
 
Не верувам, ама се надевам дека ќе го кажат она што повеќето од нас сакаат да го слушнат. Доста беа тајни. И ние имаме право да знаеме што се случува околу нас.
факт е дека објектот над феникс кој цел град го видел и многу други објекти не се од куртоазија кажани но сепак не може да си дозволат да кажат дека не набљудувале марсовци или јупитерци....
п.с кој не верува дека некаде во универзумот има и други суштенсва илис амо ние сме и никој друг хахахааха
 
@Human
а фосилизирани остатоци од бактерии најдени на метеори кои паднале на земјава за шо се доказ?
 
@Human
а фосилизирани остатоци од бактерии најдени на метеори кои паднале на земјава за шо се доказ?

Тие метеорите дошле на Земјата пред векови и векови.... што значи дека од каде и да дошол тој живот сега можеби е исчезнат, то како прво
И како второ, тоа може да значи дека тие, метеоритите се контамирани тука, на Земјата.


Доколку најдат фосил на Марс, тогаш тоа е сосем друго. :)
Освен ако не долетал од Земјата....
 
контаминирани у никој случај .. затоа шо се од паднат метеорит, најдени во него ..
а дали исчезнал у меѓуврмее или не не е битно ..
доказ се дека надвор од земјава постојат облизи на живот ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom