Свесност

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Возраст
40
Што подразбирате под свесност? Колкава е свесноста на еден обичен човек? Како сметате дека може да се зголеми и што би придонела во животот на еден човек....Дали свесноста може да се развива или кој колку "му сече" толку ке си има?? Дали свесноста има врска со развиноста на можокот или со нешто друго.
Пишете што и да мислите во врска со ова
 
Ова е малку тешко прашање, обично свеста е поврзана со перцепцијата т.е. како се перцепира околината, но исто така свеста се однесува на внатрешниот дух на човекот на своите предности или мани на свесноста кон другите.................уствари неам појма што зборам пошто ми се спие, некако не ми доаѓа мисла за оваа тема.............може некој друг ден.
Одам јас да спијам.:smir:
 
Бушаво,мала дигресија.Свест и свесност,два различни поими.Апсурд е да збориш за една работа а мислиш на другата.Ај стави прст на чело,размисли малку и преформулирај тоа прашањата.И пак ке кажам,размисли пред да пишеш нешто.
 
svesnost e edna kultura na ziveenje ,tolerancija ,i domasno vospitanie sto mislam deka nedostasuva kaj lugevo denes izgleda i nivnite roditeli ne se svesni za decata svoi kolku da gi osvestat:smir:
 
Бушаво,мала дигресија.Свест и свесност,два различни поими.Апсурд е да збориш за една работа а мислиш на другата.Ај стави прст на чело,размисли малку и преформулирај тоа прашањата.И пак ке кажам,размисли пред да пишеш нешто.
Точно така....има разлика, и пак ќе кажам темата е свесност, а не свест.
 
Свесноста е она што не прави луѓе. Би рекол дека свесноста се развива доколку човек има искрено сочувство со се што го опкружува...

И една реченица од Гибран којашто мислам дека би можела да се однесува на свесноста кај човека - "Највисокиот степен на душата (свесноста) е да се послуша она на што разумот се противи, а најнизок степен на умот е да се противи на она на што душата се покорува."
 
Што подразбирате под свесност? Колкава е свесноста на еден обичен човек? Како сметате дека може да се зголеми и што би придонела во животот на еден човек....Дали свесноста може да се развива или кој колку "му сече" толку ке си има?? Дали свесноста има врска со развиноста на можокот или со нешто друго.
Пишете што и да мислите во врска со ова
Ни јас не можев да те разберам затоа и не одговорив на темава.. Всушност темава е свесност а објаснувањето повеќе ми одговара за свест.. Ама нема врска мислам дека би требала да го образложиш воведот,, за да знаеме што да пишуваме,, насочи ја темава малку поконкретно да знам на што всушност мислиш секако давајќи свои примери и мислење:smir:
 
Ок..еве мое мислење, во главно се согласувам со Cool Hand Luke. А со пример на попросто еве вака би објаснила...дали сме свесни колку сме среќни во некој обичен момент. На пример си седиш дома и си јадеш...незнам...нешто благо, а размислуваш за тоа како некој кретен те навредил и едноставно се нервираш. А наместо тоа би можеле да размислуваме дека некој нема ни за јадење, и е толку несреќен...А ние имаме за јадење и наместо да учиваме во тоа, се нервираме за нешто безвредно...значи примеров е малце пластичен, ама сакав да поедноставам....Ќе пишам пак, како што ќе ми надоаѓаат ситуации кои би можеле да бидат пример.
Мислам дека е многу длабоко, но мора од плитко да почнеме
 
Хммм.. па не се баш многу свесни луѓето. Да беа ќе немаше депресија и самоубиства. Ќе се радуваа на тоа што го имаа и ќе имаа надеж дека утре може да биде подобро.
Јас свесноста не ја поврзувам со интелегенцијата туку со знаењето. Ни треба некој да не освести, да ни покаже колку ниско може да се падне. Има една поговорка на англиски: "I cried cause I had no shoes till I saw the man with no feet."
 
Се согласувам со тоа дека ни треба некој да не освести и да ни покажи колку ниско може да падне човечкото суштество.

Не сме доволни свесни, да не речам не сме воопшто свесни. Секогаш во преден план се ставаме себеси и своите ситни проблеми на кои им доделуваме астрономски вредности без при тоа да помислиме на тоа дека некој некаде навистина и има проблеми со такви димензии. Но тоа е тоа, а самите колку и да се трудиме не можеме долго да останеме свесни затоа што во даден момент повторно ќе се подзаборавиме и ќе замижиме пред светот.

Потребен ни е потсетник кој будно ќе не следи и потсетува дека живците не смеат да се губат за мали нешта, а кој ќе биде тој потсетник и каков на крај сепак е индивидуален избор. Можеби свесноста постои кај секој човек, но таа сепак некако треба да се разбуди. Но, не само да се разбуди туку и да се остави будна и да не и се дозволи повторно да заспие. А како...е за тоа всушност треба да се замислиме.
 
Свесноста за мене всушност представува колку работите ги следиме со будно око.Колку сме свесни за нештата кои ни поминуваат пред очи,колку во моментот можеме да го сватиме тоа,зошто најчесто знаеме да си кажеме ех како не го увидов тоа порано..Што поголема свест кај луѓето,тоа подобар живот за сите..Поголем дел од времето ќе бидеме задоволни затоа што ќе бидеме свесни за малите нешта кои го прават животот прекрасен,а кои ние и воопшто не ги приметуваме..
 
ух, многу луѓе се свесни, а се прават дека не се затоа шо несакат да си признаат на самите себе си... но еве пр... свесна сум дека вчера претерав у крајност шо се вратив у 5 сабајле, и свесно си седев до 5 гледајќи во саатот на секои 15мин ... е сеа сум свесна колку сум крива ... само не знам како да се “оправдам“, иако нема оправдание за да искачам вечер пак...


свесност е она чувство на човекот слично на сетилото за опир, дразби механички, само што овие дразби се психички и се осеќаат во паметот и срцето...
 
Мислам дека не постои таков човек кој е доволно свесен за она што го има и истото да знае да го цени максимално..Затоа што човекот е ненаситен и никогаш не му е доволно.. Тоа може да биде и добра и лоша особина..Добрата страна е што само тоа го мотивира да оди понатаму и на тој начин да напредне науката,, технологијата бидејќи кога се создаваат нови потреби нормално е дека се наоѓаат и нови начини за нивно задоволување..Лошата страна е пак, кога не знаеме да го цениме она што го имаме и понекогаш бараме премногу или пак во најлош случај го потценуваме она што го имаме барајќи го притоа за нашите услови невозможното.. И не мислам дека свесноста е поврзана со мозокот,, во смисол на неговата развиеност или интелигенцијата,, туку повеќе се однесува на различните сфаќања како и поставените стандарди односно цели во животот.. Едноставно,, на луѓето им се пружаат многу нешта во животот,, честопати можат да избираат за било што и да е,, но се себични,, и не помислуваат дека и тоа што тие веќе го имаат е всушност за некого привилегија,, или можеби неостварен сон.. Тажно е кога дури откако нешто ќе изгубиме ќе научиме да ја цениме неговата вредност,, како и откако ќе се најдеме на дното,, потоа од врвот нема да ги гледаме работите како некој кој се родил на врвот..И да,, мислам дека свесноста најдобро се развива преку искуствата,, почесто лични одошто туѓи,, но колку таа ќе допре до нас зависи од самата личност.. :smir:
 
Ок..еве мое мислење, во главно се согласувам со Cool Hand Luke. А со пример на попросто еве вака би објаснила...дали сме свесни колку сме среќни во некој обичен момент. На пример си седиш дома и си јадеш...незнам...нешто благо, а размислуваш за тоа како некој кретен те навредил и едноставно се нервираш. А наместо тоа би можеле да размислуваме дека некој нема ни за јадење, и е толку несреќен...А ние имаме за јадење и наместо да учиваме во тоа, се нервираме за нешто безвредно...значи примеров е малце пластичен, ама сакав да поедноставам....Ќе пишам пак, како што ќе ми надоаѓаат ситуации кои би можеле да бидат пример.
Мислам дека е многу длабоко, но мора од плитко да почнеме

Ех, велат “каменот си тежи на местото“. Колку и човек да е свесен за нештата, не е можно да остане рамнодушен на баналните проблеми. Можеби и така треба да биде за да може да преживее во ова сурово општество.
Луѓето не гледаат подалеку од носот, и тоа е жалосно морам да признаам. Покрај тоа, и кога ќе им се укаже на тој нивни недостаток, воопшто не можат ни да го сфатат дека постои како таков, па ревносно ќе го бранат својот став колку и да е смешен од страна гледан.

Штета е навистина, што сите ние не можеме да се натераме себе си да станеме од нашите удобни фотељи и да посветиме околу половина минута мисла днавно за остатокот од светот и нивното добро. Понатаму, работите сами ќе се одвиваат во вистински правец. Наместо “јас јас јас јас...“ на секое 10то по едно “ти“ би било фантастично. А тоа е претеѓко зар не?
 
Темава е стара можно е и членовите кои учествувале на истата да не се веќе присутни.
Читам горе некој напишал постои разлика измеѓу свест и свесност.
Ме интересира која е разликата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom