Мислам дека не постои таков човек кој е доволно свесен за она што го има и истото да знае да го цени максимално..Затоа што човекот е ненаситен и никогаш не му е доволно.. Тоа може да биде и добра и лоша особина..Добрата страна е што само тоа го мотивира да оди понатаму и на тој начин да напредне науката,, технологијата бидејќи кога се создаваат нови потреби нормално е дека се наоѓаат и нови начини за нивно задоволување..Лошата страна е пак, кога не знаеме да го цениме она што го имаме и понекогаш бараме премногу или пак во најлош случај го потценуваме она што го имаме барајќи го притоа за нашите услови невозможното.. И не мислам дека свесноста е поврзана со мозокот,, во смисол на неговата развиеност или интелигенцијата,, туку повеќе се однесува на различните сфаќања како и поставените стандарди односно цели во животот.. Едноставно,, на луѓето им се пружаат многу нешта во животот,, честопати можат да избираат за било што и да е,, но се себични,, и не помислуваат дека и тоа што тие веќе го имаат е всушност за некого привилегија,, или можеби неостварен сон.. Тажно е кога дури откако нешто ќе изгубиме ќе научиме да ја цениме неговата вредност,, како и откако ќе се најдеме на дното,, потоа од врвот нема да ги гледаме работите како некој кој се родил на врвот..И да,, мислам дека свесноста најдобро се развива преку искуствата,, почесто лични одошто туѓи,, но колку таа ќе допре до нас зависи од самата личност.. :smir: