Бидејќи додека бев отсутен темава поприлично забега во оф-топици, ќе го повторам последниот коментар кој е он-топик, со надеж дека ќе ја продолжиме дискусијата на темата.
Како што можеш да видиш (ти подвлеков со црнено) таа старозаветна заповед не се однесува на христијаните, туку на израелскиот народ и тоа ИСКЛУЧИВО на оние кои што сакаат да останат под Стариот Завет кој Бог го склучил со нив на планината Синај. Таа е вечна наредба исклучиво во рамките на Стариот Завет (завет = договор, пакт)
Додека пак во Новиот Завет кој Христос го склучи на Голгота, заветуван преку Христовата крв, завет кој овој пат не е даден само меѓу Бог и евреите, туку е завет меѓу Бог и секој човек, таа наредба не важи од две прости причини:
- Соломоновиот старозаветен храм каде што се извршувале овие наредби, повеќе не постои - ниту пак е потребен.
- Овие регулативи се дадени во склоп со многу други свештенички регулативи (Левитската книга) кои се поврзани со жртвите и приносите за грев кои дури ни православните не ги прават денес.
Впрочем и осветувањето на Саботата е ВЕЧНА заповед во рамките на Стариот Завет, а сепак православните не ја држат.
"Затоа Израелците нека ја пазат Саботата - празнувајќи ја од поколение на поколение - како
ВЕЧЕН ЗАВЕТ."
(
Излез 31:16)
Истото е кажано и за празникот Пасха:
"Тој ден нека ви биде спомен-ден. Славете го како празник во чест на Господа. Празнувајте го како
ВЕЧЕН ЗАКОН од колено на колено."
(
Левит 12:14)
Истото е кажано и за празникот Бесквасни лебови:
"Пазете го тој ден (Сабота) како празник од поколение до поколение: тоа е
ВЕЧНА НАРЕДБА."
(
Излез 12:17)
Зошто Maran Ata православните не ја празнуваат Саботата онака како што е заповедано во Стариот Завет кога нели, според твоето толкување, тоа е ВЕЧНА НАРЕДБА?
Исто така и дел од жртвените регулативи се дадени како
ВЕЧНИ НАРЕДБИ во рамките на Стариот Завет (
Левит 10:15, Левит 24:10)
Епа зошто Maran Ata православните селективно ги исполнуваат вечните заповеди и регулативи во Стариот Завет? Зошто едни за нив се вечни и се пренесуваат во Новиот Завет, а други пак се "вечни" и си остануваат во Стариот Завет?
Кај нас христијаните тоа не е проблем затоа што ние, согласно учењето на Светото Писмо, знаеме дека тие свештенски наредби и регулативи си се вечни но само во рамките на Стариот Завет меѓу Бог и евреите, а во Новиот Завет тие не постојат, затоа што во Новиот Завет човечкото свештенство е укинато, а свештеник и првосвештеник е
ИСУС ХРИСТОС.
А нормално е кога доаѓа до промена на свештенството, да дојде до промена и на тие закони/регулативи.
"Зашто ако се промени свештенството, по неопходност станува
и променува на законот"
(
Евреите 7:12)
Заклучок:
Свеќи, кандила, кадилници, свештеници, животински жртви, темјани, ичичи бачичи... ништо од тоа нема во Новиот Завет т.е. во Христовата Црква.