Свеќите

Палењето свеќи за живи, за мртви, за здравје, за бериќет итн. нема допирни точки со христијанството, туку е пагански елемент кој за жал вметнат во православието, но не се отстранува затоа што се покажал како добар доходовен бизнис за црквата.
Па не сме деца мајќе му стара за да се плашиме да и погледнеме на вистината во лице.

Еве ви доказ дека се работи само за бизнис и ништо повеќе.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E2EE5BCC827BE84AA26B36C848B7D525
 
Ев, едно прашање до тебе и до останатите браќа од протестантските деноминации: Дали вие во вашата црква користите кандила и кадила (темјан) ?
 
Ев, едно прашање до тебе... Дали вие во вашата црква користите кандила и кадила (темјан) ?

Ма какви кандила какви кадила во Христовата Црква пу пу скраја да е, шо мајка бараат овие во Новозаветно време?
Кандилата и кадилниците се користеле во Старозаветниот храм, како дел од свештеничките регулативи, заедно со многу други заповеди и регулативи за изгледот на Храмот, за облеката на свештениците, за приносите и жртвите во Храмот, за обврските на свештениците итн.

Но овие заповеди и регулативи не се дел од Новиот Завет и Христовата Црква. Во Новиот Завет нема човечко свештенство, а со тоа нема ни регулативи и обврски за свештеници. Во Новиот Завет човечкото свештенство е заменето со Христовото. Во Христовата Црква не постојат свештеници, туку еден е посредникот меѓу Бога и луѓето - Исус Христос (2 Тимотеј 2:5)
Исто така во Новиот Завет т.е. во Христовата Црква Светиот Дух не борави во некакви ракотворни храмови, туку Светото Писмо вели дека телата на Христијаните се храм на Божјиот Дух.

"Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?" (1 Коринтјаните 3:16)
"Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух" (1 Коринтјаните 6:19)
 
Господ дава заповед за изработување на кандила

Исход 27: 20 И заповедај им на синовите Израилски да ти носат чисто масло, исцедено од маслинка, за светење, за да гори светилникот секогаш. 21 Во скинијата на собранието пред завесата, која ќе го закрива Ковчегот на заветот, Арон и неговите синови нека го палат, да гори пред Господ од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите израилски.

Левит 24, 1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2 „Заповедај им на синовите израилски да земат чисто маслиново масло, исцедено за светење, та светлото да гори секогаш 3 пред завесата во скинијата на собранието, а ќе го пали Арон (и синовите негови) постојано пред Господ од вечерта, дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши. 4 На чист светилник распоредете ги светилата кои ќе горат постојано пред Господ;

Ма какви кандила какви кадила во Христовата Црква пу пу скраја да е, шо мајка бараат овие во Новозаветно време?
Кандилата и кадилниците се користеле во Старозаветниот храм, како дел од свештеничките регулативи, заедно со многу други заповеди и регулативи за изгледот на Храмот, за облеката на свештениците, за приносите и жртвите во Храмот, за обврските на свештениците итн.

Целото човештво, пред да дојде Христос на земјата, било заробено од гревот, кој започнал и се пренел со престапот на Адам и Ева во рајската градина.

Римјаните 5: 17 Бидејќи, ако со престапувањето на еден смртта царува преку едниот, тоа многу повеќе оние, што ја примиле благодатта и дарот изобилно, ќе царуваат во животот преку Единиот Исус Христос. 18 И така, како што преку престапувањето на еден човек дојде осудувањето на сите луѓе, така и преку правдата на Единиот дојде оправдувањето за живот на сите луѓе.

Тоа е оној првороден грев кој не можел никој свештеник со своите жртви да го симне.
За човекот да биде искупен од тој грев, требало да дојде Некој апсолутно совршен, Кој ќе се принесе Себеси како жртва сепаленица еднаш за секогаш, без повторно да се принесуваат телци и јунци како жртва на Бога.

Евреите 10:5 Поради тоа, влегувајќи во светот, вели: “Жртви и дарови Ти не посака, а телото Ми го приготви. 6 Сепаленици за гревот не Ти се угодни.”

Откако тоа го направи Господ Исус Христос, немало потреба од старото свештеничко служење на принесување крвни жртви, туку принесување на бескрвни жртви, односно, Неговите Тело и Крв Христови - Причеста, давајќи им го тоа право на апостолите, за тие понатаму преку ракоположување да го пренесат на идните генерации.

Лука 22: 19 Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!

1 Коринтјани 11: 24 и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас, правете го ова за спомен Мој!“

Дела 20: 28 Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.

1 Тимотеј 5: 22 Раце на никого не полагај пребрзо,

Дела 14:23 Па откако им ракоположија старешини за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господа, во Кого беа поверувале.

2 Тимотеј 1: 6 Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце.

Тит 1: 5 Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал

Значи јасно е дека само апостолите биле овластени од Христос тоа да го прават, а доколку не би било така (како што некои мислат дека Христос тоа им го дал на сите луѓе), тогаш не би имало потреба од ракоположување, бидејќи сите луѓе (христијани) би го имале тоа право и не би имало потреба некој да ги овластува посебно.

Но овие заповеди и регулативи не се дел од Новиот Завет и Христовата Црква.

Господ не го променил законот, туку го исполнил. Тој не забранил да се собираат луѓето во храм, да се кади, да се пали кандила, бидејќи тогаш би бил контрадикторен Сам на Себе:

Матеј 5:17 Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. 18 Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата нема да се измени, додека не се исполни се.

Римјаните 3: 31 И така, го нарушуваме ли Законот преку верата? Никако, туку уште го утврдуваме.

Исаија 42:21 На Господа му било угодно заради правдата Своја да го возвеличи и прослави законот.

Римјаните 13:10 Љубовта е исполнување на законот

Римјаните 7:12 Така значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра.

Римјаните 8:7 Бидејќи телесното мудрување е непријателство против Бога, на законот Божји тоа не му се покорува, ниту, пак, може

Псалм 19:7 Господовиот Закон е совршен, ја крепи душата”

1 Јованово 5:3 Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки

Јован 15:10 Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец.

Исто така во Новиот Завет т.е. во Христовата Црква Светиот Дух не борави во некакви ракотворни храмови, туку Светото Писмо вели дека телата на Христијаните се храм на Божјиот Дух.

"Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?" (1 Коринтјаните 3:16)
"Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух" (1 Коринтјаните 6:19)

Господ не забранил верниот народ да се собира во храм и таму да Му се моли.

Дела 2:46
И секој ден еднодушно престојуваа во храмот...

И точно е тоа дека човекот е храм на Божјиот дух, ама прашањето е кој човек? Се разбира, само осветените, достојните да го примат Христос во себе.

2 Коринтјаните 13:5 Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами испитувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни.

Maran Ata, нема потреба од хистеришење и расплинување на сите започнати дискусии на форумов во оваа тема. Овде правиме муабет за свеќите и ако имаш нешто да кажеш на оваа тема, повели, а останатите дискусии се водат на посебни и сега активни теми.
Околу кандилата...

Господ дава заповед за изработување на кандила

Исход 27: 20 И заповедај им на синовите Израилски да ти носат чисто масло, исцедено од маслинка, за светење, за да гори светилникот секогаш. 21 Во скинијата на собранието пред завесата, која ќе го закрива Ковчегот на заветот, Арон и неговите синови нека го палат, да гори пред Господ од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите израилски.

Левит 24, 1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2 „Заповедај им на синовите израилски да земат чисто маслиново масло, исцедено за светење, та светлото да гори секогаш 3 пред завесата во скинијата на собранието, а ќе го пали Арон (и синовите негови) постојано пред Господ од вечерта, дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши. 4 На чист светилник распоредете ги светилата кои ќе горат постојано пред Господ;

Како што можеш да видиш (ти подвлеков со црнено) таа старозаветна заповед не се однесува на христијаните, туку на израелскиот народ и тоа ИСКЛУЧИВО на оние кои што сакаат да останат под Стариот Завет кој Бог го склучил со нив на планината Синај. Таа е вечна наредба исклучиво во рамките на Стариот Завет (завет = договор, пакт)

Додека пак во Новиот Завет кој Христос го склучи на Голгота, заветуван преку Христовата крв, завет кој овој пат не е даден само меѓу Бог и евреите, туку е завет меѓу Бог и секој човек, таа наредба не важи од две прости причини:
- Соломоновиот старозаветен храм каде што се извршувале овие наредби, повеќе не постои - ниту пак е потребен.
- Овие регулативи се дадени во склоп со многу други свештенички регулативи (Левитската книга) кои се поврзани со жртвите и приносите за грев кои дури ни православните не ги прават денес.
Впрочем и осветувањето на Саботата е ВЕЧНА заповед во рамките на Стариот Завет, а сепак православните не ја држат.

"Затоа Израелците нека ја пазат Саботата - празнувајќи ја од поколение на поколение - како ВЕЧЕН ЗАВЕТ."
(Излез 31:16)

Истото е кажано и за празникот Пасха:
"Тој ден нека ви биде спомен-ден. Славете го како празник во чест на Господа. Празнувајте го како ВЕЧЕН ЗАКОН од колено на колено."
(Левит 12:14)

Истото е кажано и за празникот Бесквасни лебови:
"Пазете го тој ден (Сабота) како празник од поколение до поколение: тоа е ВЕЧНА НАРЕДБА."
(Излез 12:17)

Зошто Maran Ata православните не ја празнуваат Саботата онака како што е заповедано во Стариот Завет кога нели, според твоето толкување, тоа е ВЕЧНА НАРЕДБА? :)

Исто така и дел од жртвените регулативи се дадени како ВЕЧНИ НАРЕДБИ во рамките на Стариот Завет (Левит 10:15, Левит 24:10)

Епа зошто Maran Ata православните селективно ги исполнуваат вечните заповеди и регулативи во Стариот Завет? Зошто едни за нив се вечни и се пренесуваат во Новиот Завет, а други пак се "вечни" и си остануваат во Стариот Завет?

Кај нас христијаните тоа не е проблем затоа што ние, согласно учењето на Светото Писмо, знаеме дека тие свештенски наредби и регулативи си се вечни но само во рамките на Стариот Завет меѓу Бог и евреите, а во Новиот Завет тие не постојат, затоа што во Новиот Завет човечкото свештенство е укинато, а свештеник и првосвештеник е ИСУС ХРИСТОС.
А нормално е кога доаѓа до промена на свештенството, да дојде до промена и на тие закони/регулативи.

"Зашто ако се промени свештенството, по неопходност станува и променува на законот"
(Евреите 7:12)

Заклучок:
Свеќи, кандила, кадилници, свештеници, животински жртви, темјани, ичичи бачичи... ништо од тоа нема во Новиот Завет т.е. во Христовата Црква.
 
обожавам ароматизирани свеќии мммм...многу ме опуштаат ...дефинитивно да:vozbud:
 
Господ дава заповед за изработување на кандила

Исход 27: 20 И заповедај им на синовите Израилски да ти носат чисто масло, исцедено од маслинка, за светење, за да гори светилникот секогаш. 21 Во скинијата на собранието пред завесата, која ќе го закрива Ковчегот на заветот, Арон и неговите синови нека го палат, да гори пред Господ од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите израилски.

Левит 24, 1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2 „Заповедај им на синовите израилски да земат чисто маслиново масло, исцедено за светење, та светлото да гори секогаш 3 пред завесата во скинијата на собранието, а ќе го пали Арон (и синовите негови) постојано пред Господ од вечерта, дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши. 4 На чист светилник распоредете ги светилата кои ќе горат постојано пред Господ;

Целото човештво, пред да дојде Христос на земјата, било заробено од гревот, кој започнал и се пренел со престапот на Адам и Ева во рајската градина.

Римјаните 5: 17 Бидејќи, ако со престапувањето на еден смртта царува преку едниот, тоа многу повеќе оние, што ја примиле благодатта и дарот изобилно, ќе царуваат во животот преку Единиот Исус Христос. 18 И така, како што преку престапувањето на еден човек дојде осудувањето на сите луѓе, така и преку правдата на Единиот дојде оправдувањето за живот на сите луѓе.

Тоа е оној првороден грев кој не можел никој свештеник со своите жртви да го симне.
За човекот да биде искупен од тој грев, требало да дојде Некој апсолутно совршен, Кој ќе се принесе Себеси како жртва сепаленица еднаш за секогаш, без повторно да се принесуваат телци и јунци како жртва на Бога.

Евреите 10:5Поради тоа, влегувајќи во светот, вели: “Жртви и дарови Ти не посака, а телото Ми го приготви. 6 Сепаленици за гревот не Ти се угодни.”

Откако тоа го направи Господ Исус Христос, немало потреба од старото свештеничко служење на принесување крвни жртви, туку принесување на бескрвни жртви, односно, Неговите Тело и Крв Христови - Причеста, давајќи им го тоа право на апостолите, за тие понатаму преку ракоположување да го пренесат на идните генерации.

Лука 22: 19 Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!

1 Коринтјани 11: 24 и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас, правете го ова за спомен Мој!“

Дела 20: 28 Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.

1 Тимотеј 5: 22 Раце на никого не полагај пребрзо,

Дела 14:23 Па откако им ракоположија старешини за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господа, во Кого беа поверувале.

2 Тимотеј 1: 6 Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце.

Тит 1: 5 Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал

Значи јасно е дека само апостолите биле овластени од Христос тоа да го прават, а доколку не би било така (како што некои мислат дека Христос тоа им го дал на сите луѓе), тогаш не би имало потреба од ракоположување, бидејќи сите луѓе (христијани) би го имале тоа право и не би имало потреба некој да ги овластува посебно.

Господ не го променил законот, туку го исполнил. Тој не забранил да се собираат луѓето во храм, да се кади, да се пали кандила, бидејќи тогаш би бил контрадикторен Сам на Себе:

Матеј 5:17 Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. 18 Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата нема да се измени, додека не се исполни се.

Римјаните 3: 31 И така, го нарушуваме ли Законот преку верата? Никако, туку уште го утврдуваме.

Исаија 42:21 На Господа му било угодно заради правдата Своја да го возвеличи и прослави законот.

Римјаните 13:10 Љубовта е исполнување на законот

Римјаните 7:12 Така значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра.

Римјаните 8:7 Бидејќи телесното мудрување е непријателство против Бога, на законот Божји тоа не му се покорува, ниту, пак, може

Псалм 19:7 Господовиот Закон е совршен, ја крепи душата”

1 Јованово 5:3 Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки

Јован 15:10 Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец.

Господ не забранил верниот народ да се собира во храм и таму да Му се моли.

Дела 2:46
И секој ден еднодушно престојуваа во храмот...

И точно е тоа дека човекот е храм на Божјиот дух, ама прашањето е кој човек? Се разбира, само осветените, достојните да го примат Христос во себе.

2 Коринтјаните 13:5 Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами испитувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни.

Чим толку си добар и кажуваш дека Исус дојде да го исполни а не да го поништи законот, дали ги знаеш 10 те божји заповеди и дали ги исполнуваш сите???? Оти ако на една паднеш го кршиш целиот закон.
Дали си знаел дека во стариот завет има 613 заповеди???
 
613? Леле...
Ако ги погледнеш Светоотечките толкувања на 10-те Божји заповеди, ќе можеш да видиш сто све стои за секоја од нив и дека не е се така едноставно како што вели самата заповед. Така, на крајот, ќе се испостави дека и 10-те заповеди се подоста сложени и содржајни.
 
Не сваќаш Мики јас реков дека има 613 + на тие 10 заповеди читај малце 2 Мојсеева закон за ова закон за она.
А тоа книгиче на православна го имам читано и не е Библиско знаеш зошто зошто не се напишани сите 10 заповеди кој Бог му ги даде на Мојсеј а тоа е 4 тата заповед. Кај вас пишува 7 дена ќе работиш а седмиот ден ќе одмориш. А кој е седми ден ???
 
Ти да не имаш проблем со читање на бројки?
 
Не сваќаш Мики јас реков дека има 613 + на тие 10 заповеди читај малце 2 Мојсеева закон за ова закон за она.
А тоа книгиче на православна го имам читано и не е Библиско знаеш зошто зошто не се напишани сите 10 заповеди кој Бог му ги даде на Мојсеј а тоа е 4 тата заповед. Кај вас пишува 7 дена ќе работиш а седмиот ден ќе одмориш. А кој е седми ден ???

Кај „нас„ пишува 7 дена? Хмммм...значи, има и осми ден.
Седмиот ден е неделата, денот во кој не се „дела„, не се „делува„, не се работи, а кој Он го посвети на самиот Себе. Малку сме надвор од темата ама ајде, штом веќе прашуваш, да одговорам.
 
Ова не се-дела односно не се-делува многу смешно.
Ако може да ни преведеш што значи на еврејски?
 
„Дела„ има словенско потекло и се однесува на било која физичка активнист, а во македонскиот јазик, изведен е изразот „делува„, работи, создава, твори... Денот за одморот е денот кој Творецот си го посвети на Самиот Себе, за да си почине (одмори) од создавањето на делата свои. Одтами, “не-дела„ би значело ден во кој не се делува, не се работи, без непотребни физички активности, ден посветен на духовните потреби, пред се.

А изразот „шабат/сабат„ е еврејски и се однесува на саботниот ден, кој до Новиот Завет (но и денес), јудеуте го „броеле„ како седми ден, ден за одмор, согласно 4-тата Божја заповед.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom