Најпрво, не знам како ланецов е светски познат кога имам прошетано добар дел од Европа и од Америка, а никаде го немам сретнато
Бев да јадам во четвртокот затоа што минувам таму секој ден и знаев дека кога-тогаш ќе пробам, па си викам ај побрзо да завршам со ова

Го порачав оброкот со чизбургер затоа што не сум фан на поховани пилешки срања. Реков дека сакам и сосови, и девојката на каса трипати ми повтори дека со мојот оброк не следуваат сосови и дека сендвичот е направен со некој сос внатре. И` реков дека знам, но сакам сос за компирите. Едвај се разбравме дека сакам да доплатам 20 денари за мојот сос и знам дека со мојот оброк не следуваат бесплатни сосови. Немаа ни тартар ни барбекју, мојот прв и втор избор. Кога прашав за кечап и мајонез ми рекоа дека и тие се наплаќаат по 20 денари

Нема место на светов каде што се наплаќа за кечап и мајонез, зборувам за светските ланци за храна. Друга чудна работа беше што соковите ги ставаа од шишиња, не од машина за сокови. Не дека има разлика, но им одеше бавно, а и изгледа аматерски.
Очекував сендвичот да биде топол и да потсетува на McD/Burger King, но се работи за обичен ладен сендвич со средна големина. Кашкавалот е внатре во плескавицата, значи ако нарачате чизбургер добивате нешто налик недоквакана шарска. Мислам дека имаше 15 компирчиња (кои беа убави, ама беа 15). Го зедов сосот со сенф и мед кој беше премногу течен, премногу благ, ужас. ЗАКЛУЧОК: Знам дека напишав мал есеј али сум прилично исфрустрирана од услугата и производот што ги добив, А ГИ ПРЕПЛАТИВ. Топло ви препорачувам да ги потрошите вашите пари попаметно.
tl;dr НЕ ЈАДЕТЕ ОД ТУКА НИКОГАШ ПОШО Е ЗА НИКАДЕ