Па не е така. Прво проба да направи walkout кога се правеа преснимувања и промените со Видон. Пробал со Кавил, Гадот, Милер, Момоа и Фишер (главните 6) ама никој не го поддржал. И тука се откажал. Сите искусиле потешкотии и понижувања, плус расизам, сексизам и многу лоши искуства биле вообичаени на новите преснимувања.
Единствен кој активно се побуни беше Фишер и затоа го тргнаа од Флеш.
Новата гарнитура на Видон активно пред сите се потсмевал со некои сцени на Снајдер и со тоа дека се самоубила ќерка му.
Тука се неколку поранешни вработени во WB (како Видон, Џонс, Хамада, итн) кој активно работат на пропагирање па потоа заташкување на овие работи.
Сега за филмот, имаше од порано (мислам Џеј Олива беше) напишано дека Бетфлек имал едно од најдобрите сценарија што некогаш ги има прочитано. На ова се надоврза и Мет Ривс кој што кажа дека сценариото било одлично, но тој сакал млад Бетмен.
Плус Афлек, после се ова, снима дополнителни сцени со Лето за ЗСЈЛ. Така да мислам ако Снајдер некако одлучи да се врати, Афлек ќе биде првиот по него.