Здраво Кајганџии !
Ова е официјална тема посветена на интернет провајдерот SunWireless, а ова е официјален профил на нашата компанија.
Сметавме дека со тоа што Кајгана е најголем и најдобар македонски форум, заслужува да оствариме директна комуникација со сите членови на форумот и да бидеме една од ретките (можеби и единствена) компанија која со свој официјален профил ќе настапи на форумот.
На оваа тема сакаме да Ви ја претставиме нашата компанија и нашата понуда и да Ви бидеме дополнителен сервис за одговор на сите Ваши прашања и недоумници.
Се надеваме дека ќе успееме во намерата да оствариме што поинтензивна и поквалитетна дискусија со Вас !
Битно е да напоменеме дека овие информации и овие понуди важат на денот на отворање на оваа тема
03.09.2012.
Е па сега редно е да се претставиме
SunWireless е еден од најголемите македонски провајдери на безжичен интернет.
Ексклузивен провајдер на безжичен интернет сме на Аеродромите на ТАВ (во Охрид и Скопје), поголемите македонски хотели (вклучувајќи ги: Александар Палас, Дрим, Београд, Милениум, Уни Палас и мн. др...), засега студентските домови: “Гоце Делчев“, “Кузман Јосифовски-Питу“ и “Стив Наумов“, а многу скоро и во “Медицинар“ , “Сениќ“ и “Пелагонија“ и др., во тек е поставување на опремата на Автобуската Станица во Скопје, централните градски подрачја во Скопје и 12 други градови.
Во овој момент нашиот сервис е целосно или делумно достапен во: Скопје, Струмица, Охрид, Струга, Кавадарци, Неготино, Тетово, Битола, Прилеп, Куманово, Вевчани, Штип и Кочани.
Во наредниов период ќе работиме на обезбедување на наш сервис и во другите градови од Република Македонија (а можеби и пошироко
)
Мапата на покриеност можете да ја следите
тука
Ние сме исто така и партнери на најголемите светски wi-fi оператори Boingo и iPass па нивните корисници ширум светото кога ќе доаѓаат во Македонија, можат да си користат wi-fi со нивните лични акаунти преку SunWireless.
Ова е нашиот веб сајт:
http://go.sunwireless.com.mk/mk/
Нашата ПОНУДА
При-Пејд интернет.
SunWireless нуди при-пејд картички за wi-fi пристап на нашите хотзони и за
домашна употреба со инсталација на дополнителен уред.
Имаме повеќе од 500тини хотзони каде на SunWireless мрежата може да се пристапи директно без никаква дополнителна опрема од вашиот преносен уред (мобилен телефон, лап-топ, PDA, таблет..)
можете да ги видите со зумирање на градовите од овој
ЛИНК.
Ако во другите градови тоа најчесто се централните градски подрачја (плоштадите) во Скопје може да се пристапи на повеќе локации (ул. Македонија, плоштад, хотели, студентски домови и др..)
Се што треба да направите е да бидете во една од нашите хотзони, да ги проскенирате wi-fi мрежите и да се закачите на таа од SunWireless со најдобар сигнал.
Откако ќе се поврзете и пробате да ја отворите Вашата омилена веб страна (google, facebook итн..) ќе бидете пренасочени на нашата логин страна каде треба да го внесете 16-цифрениот код од при-пејд картичката. Откако ќе го внесете и добиете потврда за успешно логирање, можете да почнете да го користите интернет сообраќајот од Вашата картичка
Месечно има околу
350.000 уреди кои ја користат SunWireless мрежата...бројка која континуирано се зголемува....и зголемува
Еве Ви линк со мапа на продажните места на SunWireless при-пејд картичките:
http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/customer-support/sales
Исто така, тие можат да се купат и
online
ПОСТ-ПЕЈД интернет
Во моментов актуелни се овие пакети:
и
Потребната корисничка опрема можете да ја изнајмите за 100 денари вклучени во претплатата.
Пред да Ви биде инсталиран определен пакет, нашите техничари ќе дојдат кај Вас и ќе ја проверат техничката можност и перформансите кои ги остварува вашата конекција. Доколку конекцијата е добра ќе бидете инсталирани...ако не е...нема
Најважно е да го обезбедиме квалитетот и перформансите кои ги промовираме...бидејќи никако несакаме да си дозволиме луксуз определен корисник да биде незадоволен.
За сите дополнителни прашања Ви стоиме на располагање на оваа тема, како и на профилите на социјалните мрежи:
Фејсбук -
http://www.facebook.com/sunwireless.mk
Твитер -
https://twitter.com/sunwireless
Новостите поврзани со компанијата можете да ги следите на
Нашиот блог -
http://blog.sunwireless.com.mk
Исто така можете да ни пратите маил на
contact@sunwireless.com.mk
Или да ни се јавте во центарот за корисничка поддршка на:
072 / 277 002
076 / 277 002
078 / 277 002
Повелете ако имате некакво прашање !
Поздрав Кајганџии !