СпаЈдеР
DissentiveMoron202
- Член од
- 1 март 2006
- Мислења
- 3.201
- Поени од реакции
- 52
Сум гледал неколку епизоди. Можеби има некаква поента, и добра намера, но сето тоа не е оригинално. Реков убаво, Беверли Хилс гледај за нешто што е поучно, какви последици има со какви постапки, и патем ќе ти биде интересно. Во Смерленд глумата беше прилично лоша. Мислам дека серијава не е ништо повеќе од уште еден обид да се привлече народот во шоу користејќи млади тинејџер(к)и кои иако од глума едвај ја влечат првата буква г, сепак се доволно убави за овците да ги засакаат. Приказните, иако поучни, се далеку од длабоки. Многу работи во серијата се сведуваат на одлуки како која ја сакам, дали ја сакам, што би било ако ја повредам.... И секако, не очекувам ниеднаш во оние трогателни ситуации да осетам нешто и јас бидејќи едноставно тогаш стануваат ко барбики и кенови со вода исполиена по лицето. Глупости. Дијалозите им се сведуваат на работи видени 1001 пат во други филмови со тинејџери. А од епизодите што можев да ги видам, видов дека има премногу тин креп, фаќање, пуштање женски, карање, фаќање, пуштање,сакање, спиење, неверство, раскинување, тепање, карање, пак назад. Се прашувам дали ова целите две сезони се случува? И уште нешто. Музиката? Е за тоа пак да не зборам, ги гледам двајца се бакнуваат, романтична песна пуштаат. Бууум, па па па па, се префрлува на сцена кај шо се тепаат други, intense онака чувство и песна од Џејмс Бонд. Не само што ова вопшто не ми функционира, туку и све ми испорасипа, и претходната сцена и оваа. Затоа ќе речам, според мене тиња е, а ти OSS* како сакаш мисли :wink:Серијава Самерленд е далеку од тиња "бади"! Не си ја сфатил изгледа, сега што не била гледанаама беше интересна, трогателна, поучна... за Чармд немам коментар!
![]()
Aма сепак за крај ќе кажам, секој со свој вкус. Јас оваа серија не можев да ја сварам, а гледам и дека во Америка не можеле многу да ја сварат. Ама ако вас ви се свиѓа, нека
