- Член од
- 5 август 2009
- Мислења
- 1.295
- Поени од реакции
- 484
За можноста да се стекне квалитетно работно искуство не сакам да коментирам, мислам дека е една од подобрите компании кај нас, а и платите горе-долу се ок, со оглед на состојбата на нашиот пазар нормално. Сепак не верувам дека некој ќе стекне брзо знаење во голема компанија, напротив, ќе повторува одредени процеси додека не му се згади работата ... најчесто.
Сакате брзо искуство? Изберете мала компанија каде ќе ве фрлат во оган па сакале или не ќе научите се и сешто. Сакате подобри основи за развој на знаење? Голема компанија, со поставени стандарди за работа, поголем број извори на знаење, постабилна (не мора да значи и поголема) плата и сл.
Одберете го патот кој најмногу ви одговара, но имајте на ум, дека ако сте квалитетен, ама навистина квалитетен и конкурентен на пазар (а не родителите да ве фалат пред пријателите а и на едните и на другите Facebook им е најголем ИТ дострел) тогаш ниту во Seavus ниту сам на пазар нема да имате проблем.
И мал предлог ... отворајте почесто вакви теми, брзо ќе порасне членството, еве веќе има двајца нови ... само по можност да не се сите нови со толку озбилни коментари