Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Секаде има робовладетели не само во ит. Јас една година работев за 300 евра, и без пари ќе прифатев само за на cv да имам работно искуство, а не на следното работно место да ме сметаат како почетник.
Не се труди за IT специалист во сеавус. Од сигурни извори знам дека нема да примаат таков а и да те примат има да скапеш од овертајм со празници саботи недели по 12 саата и плус на повик ќе бидеш од дома за почетна плата од 17 илјади. Не вреди.[DOUBLEPOST=1398033686][/DOUBLEPOST]На тапет денес ми е една од најголемите ИТ компании во Македонија која се вика Сеавус. Чисто да ви се надоврзам на муабетот од почеток. Јас имам свој личен впечаток за тоа како е да се работи таму.
Името на компанијата во превод од латински значи 'Sвер' или Beast и сето тоа би било во
ред доколку зборуваме во жаргон за финансиска, деловна и технолошка успешност и напредок. За жал не е така. Дел од раководството во највисоките ешалони во Сеавус многу сериозно си ја сфатиле персонификацијата со името на фирмата (sвер) и за жал на поголемата наша ИТ заедница се однесуваат како робовладетели и практикуваат sверски однос кон своите вработени.Иако е несомнено дека за надворешниот свет компанијата претставува одлична загатка и магична дестинација за работа, компанија од соништата и нешто од кое сите сакаат да бидат дел, сепак сите факти покажуваат дека се работи за една некултивирана заедница од квази менаџерски морони и партиски полтрони кои заработуваат високи плати на сметка на невини млади неискусни дечки кои штотуку доаѓаат од факултет.
- Прво, политиката на фирмата е да регрутира што повеќе млади и неискусни луѓе кои по можност би биле од провинција, со солидно познавање на информатичката технологија (доволно добро за да им ја завршат работата но не премногу добри за да сфатат каде се наоѓаат и на време да се освестат дека можат сами да почнат нешто свое или барем да сменат компанија)
Почетна плата во компанијата изнесува бедни 15.000 денари со договор на 1 година и можност за напредок (читај никаква), што впрочем го дава одговорот на горе наведената теза дека ниеден нормален Скопјанец програмер не би се нафатил да работи за таква бедна сума од проста причина што продавачка во бутик или трафика зема повеќе.
Следен чекор кој го презема компанијата откако ќе се нафатиш да работиш таму е да го контролира твојот социјален и приватен живот кој секако ќе го немаш бидејќи ќе бидеш презафатен со секојдневната прекувремена НЕПЛАТЕНА работа која вклучува и викенди.
Тие ќе очекуваат од тебе лојалност и зависност на почеток и бидејќи си провинциско дете (мораш да плаќаш кирија) ќе бидеш принуден да трпиш секакви срања од луѓе кои се таму подолго од тебе па со некое чудо (и по линија на помал отпор и дудлање) станале (проект) менаџери. Ама пази тие се провинцијалци со разбирање за новодојденците кои сега се веќе натурализирани Скопјани. И уште го чекаат АВТОБУСО за дома. High five.
Второ, СЕАВУС не нудат никаква атмосфера за тимска работа и натпреварувачки дух, иако тоа најмногу го промовираат во своите јавни настапи и посети на факултетите.
Обожавам да гледам како студентите ги читаат на секој нивни настап и им приоѓаат со името РОБОВЛАДЕТЕЛИ или тивко шушкаат : еееј ова ли е seavus ги мести сите ИТ натпревари.
Но да се вратиме на трулоста и загаденоста на ова тмурно парче зграда накитено со модерна фасада и богат ентериер.Да не заборавиме дека нејзината успешност се гради врз плеќите на човечки судбини кои се изиграни и изманипулирани со приказните за чесност, успешност и напредок.
- Да работиш во СЕАВУС значи :
- Да одиш против своите принципи и да газиш преку човечки тела за да го добиеш она што го сакаш.
- Да бидеш спремен да присуствуваш на сесии за anger managment и КОМУНИКАЦИЈА притоа забележувајќи дека пола од луѓето во фирмата здраво не си викаат кога се разминуваат (дури и оние кои ги држат таквите обуки)
- Да бидеш спремна да НЕ одиш во странство на проект само заради тоа што си женско и постои 'опасност' да се омажиш во Шведска.
(Да, таму се прави и полова дискриминација со не праќање на девојки abroad за да работат на проект или испраќање на веќе омажени жени,
со семејство во МКД кои ќе имаат причина да се вратат)
- Да соработуваш со квази проект менаџери кои свикуваат безвезни состаноци само за да трошат време (притоа на пола од состаноците доцнат) и немаат никаков аргумент
за статусот на проектот, ниту пак знаат да дадат предлог решение од техничка природа кога ќе дојде тесно. Со други зборови ти ќе ја завршуваш кучешката, макотрпна
работа а некој друг ќе го собира кајмакот.
- Да го гледаш Филип Петровски низ ходници како собира партиски арач од газдата на фирмата.
Трето, последно но не и најмалку важно. Компанијата се состои од несреќни и нереализирани 'млади' луѓе кои со тек на време дозволиле да ги згазат годините, незнаењето и околностите.
Можеби компанијата има пари и сериозни клиенти но сепак нема испорачано ниеден квалитетен продукт кој ќе се продава во mass маркет и ќе прави милиони.Уште поважно е дека одвнатре се е хаотично и неорганизирано, да не речам труло па нема ништо што ќе ги сплотува луѓето и ќе ги обединува кон некоја цел.
Многу тажно за компанија од таков калибар.
Ако сакате да работите шаблонски без да вклучите мозок и да се затупавите на долг рок, онда повелете.Сеавус ќе ви го даде тоа
задоволство.Но ако саката да изпечете занает и да бидете најдобар во својата работа тогаш дефинитивно сеавус не е местото за вас !
Една од работите кои најмногу иритира во нашава мала Македонија е кога ќе видиш како некој друг се богати преку потта и нервите на другите.
Со други зборови немојте да се лажете да одите во Сеавус.Колку и да изгледа убаво и розово, НЕ Е !! Таму ќе бидете понижени, омаловажени и најважно од се НЕПЛАТЕНИ.
Cheers.
П.С. Дечки од HR, пошо доста ги следите форумите на кои се пишува за СЕАВУС, ако го читате ова, знајте дека набргу си давам отказ !!
Не се секирајте Индијци има со мастер диплома од Харвард што работат и за 500 долари. И се покорни. Така да тоа е тоа
Ни една будала не завршува мастер на Харвард и да работи за 500 долари во вукојебина како Македонија, така да тоа е тоаНе се секирајте Индијци има со мастер диплома од Харвард што работат и за 500 долари. И се покорни. Така да тоа е тоа
ок тоа се согласувам со платата и дека секој треба да покаже што знае и да учи континуирано но не треба да има експлоатации ко работа по 20 саата на ден и слични методи кои ги применуваат СивусНе знам од каде ја извадија таа идеја дека веднаш штом завршиш факс треба да ти дадат 30к+ почетна плата, службен автомобил и млада секретарка.
Факт е дека почетната плата е мизерна, ама факт е и дека повеќето тазе дипломирани знаат само еден foreach циклус да напишат и height: 100px во height:120px да сменат во css-ot. Изгледа тешко сфаќаат дека правење семинарски по принципот како-знаеш-и-умееш и работа за клиент кој има свои барања и замисли се два различни поими. Според мене плата 15-20к за почетник е реална и најчеста по фирмиве за софтвер.
На крај краеви секогаш може да смениш фирма ако сметаш дека си роб во постоечката, има над стотина програмерски фирми само по Скопјето, може да бираш. Ако те бива за брзо време ќе дотуркаш до x3 или x5 од почетната плата.