Сум платил ќе праам шо сакам

  • Креатор на темата Креатор на темата Николина
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 август 2010
Мислења
5.509
Поени од реакции
5.821
Секое лето во МК некој има прочитано дека ова лето е најтопло во последните 100 години. Најчесто и оваа година се летува на исто место како лани, пошто таму го знаеме газдата на апартманите, фурнаџијата, шанкерот или таа што работи во агенција. Во зависност од финансиите се бира и дестинацијата, све тече све се менува само МК мотото „сум платил ќе се одморам како сакам“ останува.

Освен ако не изнајмиш јахта, ова мото е тотално погрешно ако си меѓу други луѓе кои исто така платиле да си поминат убаво. Од одма ќе ги исклучам тинејџерите и луѓето кои одат на одмор да се журкаат. Животот е забава, а одморот одличен период за 24/7 журка. За тоа со кого ќе го поминуваш одморот ти станува јасно уште кога ќе се соберете пред автобус ако одите организирано со агенција.

Во автобус секогаш има еден главен шегаџија, една тетка што ќе се искара со шоферот пошто и дува, една смешка што патува со штикли, некој со истечен или заборавен пасош и еден пар што ќе се џвакаат цел пат. Луѓето што носат патлиџанчиња се оние кои го организираат багажникот на автобусот да не се стави ништо врз нивните торби. Негде пред излез на градот почнува да се шушка со чипсови. Ако се трга многу рано, секогаш има некој со ужас рингтон кој вика додека збори „Пред граница сум да, фала фала, е така малце да се избањаме ...“ Нема везе ако некој спие, платил он да оди на одмор и точка.

Оние што веќе неколку години идат на истото место влагаат у филм водич и ти објаснуваат што е кај е, и каде се јаболките 1,50 а каде 1,30. Одењето на плажа си има свои правила. Значи, на првото одење на плажа во првите пола саат мора да напоменеш дека си малку здебелена последниов месец, за да дадеш на знаење дека освен овој период обично си Кејт Мос. Ако и лани беше малку здебелена тука влагаш со муабетот дека Кејт Мос ти изглеа ко болна и секако го фрлаш неминовното „боље да љуља него да жуља“.

Посесивна жена на плажа се опседнува каде гледа партнерот. Во првите 30 секунди ја има искенирано плажата да види што има, и ако има многу згодни девојки вика „да одиме понатака малку кај што е потивко“. Овде е супер. Меѓу три пара со мали деца, две баби и далеку од музиката. „Нели е најубаво тука љубави?“ Доколку немаш каде па се сместиш до парови со деца, моли се да се воспитани. Има родители кои се свесни дека не се сами на плажа, но има и онакви кои ја гледаат плажата како место каде што детето може фино да се растрча меѓу пешкирите, да игра со кофичката додека има ветер, да пишти по локумадес, а и мајка му да вреска по него од 5 метри далечина. Но, немој да ти текне кога спие детето да извадиш ракетките да играш. Мајката одма ќе се закара од типот оди на друго место или престани... Шансите да престанам се еднакви на шансите да ти е точен купачот од лани срц.

Третиот ден на одмор сите изгледаат ко Инге фром Свиден на Кикладите. Црвени изгорени пошто бојата мора да се нафрли по секоја цена. Најубаво е да се мачкаш после со кисело млеко, само тоа е добро. Ова хемикалииве со заштитен фактор никако, све е тоа фармацевтски бизнис. Исто така во околината ќе се најде некоја хемичарка уона би која ќе ти раскаже рецепт како подобро да поцрнеш. Зимаш маслиново масло, ставаш пиво заради Б витамин, цедиш портокал ради мирис, ставаш малку рендан морков нели бета каротен, добро? И со тоа се мачкаш и ќе добиеш боја ќумур. Остај тоа заштитните фактори све е тоа бизнис... Е после ова обавезно купи си кисело млеко. До твојата соба е секогаш сместена најдомаќинката што готви манџи на одмор. Вари месо, пржи риба, пинџури, пола град мириса на домаќинлук. Твоите алишта најмногу.
Истата сака да се наспие навечер и ако тропаш со вратата сабајле после диско обавезно ќе ти каже дека тропате/викате/зборите на тераса. Она дошла да се одмори... па и јас дојдов да се одморам, а не да купувам боци кислород за да преживеам на тераса за време на твојот ручек. Навечер се шета. Муабетите се исти... „во Скопје е три пати поевтино...“ Ама морето е здраво, затоа се дојдени. Морето е здраво за многу работи. Додека пливаш треба да голтнеш и да вдишеш од водата, и после да го исекнеш носот, и да плукаш до повраќање во плиткото, секогаш со напомена дека одма ти се отворија синусите. Одма. Колку и да е организирана плажата се уринира во вода. Така се воспитуваат и децата. Истите тие деца што кога ќе пораснат ќе бидат оние што влагаат тројца во вода и веќе од плиткото почнуваат да се прскаат и да се дерат, додека се тргне сè во радиус од 4 метра пошто фраероќата влезе во вода.

Хотелите ол инклузив мислам дека калкулираат загуба после навала на Балканци. Во тањирот за оброк има од пиле млеко, се става од све по многу, сум платил ќе ставам. Пола од тоа не се јаде, ама битно се земало. Сум платил за ова! Доколку се оди на оние организирани тури со водич каде се посетуваат по неколку града секогаш има по една жена која ти пере мозок дека сте група и треба сите како група да се движите ко да сте третоодленци на еднодневна. Она секогаш знае точно кој фали и накај каде отишле. Ако закасниш ти се обраќа со „каде сте бе девојчиња до сега, вас ли ќе ве чекаме?“ Истата ќе ја чекаат сите во соседниот град за да купува сувенири за јатрвата и ракавица за рерна со мотив од градот.

Сликите за на социјалните мрежи се знае. За летово албумот се вика самер 2013, ако си излакирана со новиот лак или малку здебелена одиш со креативата стапалце и во позадина море. Никако немој да промашиш да направиш некоја од оние оптички илузии, тоа е никад видено. Инстаграмџии ќе сликаат тањири со морска храна, покреативните ќе сликаат после јадење остатоци од школки и празна флаша вино.

Ако се одлучиш да фатиш авионот по свој аранжман, биди среќен да не избереш дестинација каде си одат нашите гастарбајтери. Секогаш редот кочи пошто он носи праз или пита бурек или ќебапчиња за таму. Пошо носталгија нели. На враќање во автобус, воз или брод се разменуваат телефони со луѓето од група кои никогаш нема да ги побараш во животот. Па ај догодина пак иста екипа да се собереме. Девојчињата што ќе се кикотат раскажувајќи како си поминале ќе бидат опоменати, се додека не заѕвони истиот телефон „Поминавме граница, ееееј супер супер, ко на одмор...“. Доколку сметаш дека простоќата треба да се негува традиционално, еве ти ТУКА неколку типс енд трикс за летово.

извор
 
Шта речи , коју послуку порати ? :)

он: Најбоље тема до сеа шо иам читано !!! Хумор до даска :)
 
ауууу, браво николина. ме насмеа :pos:
 
Во мојов случај освен со голтање морска вода, другово врска си нема. Но сум видел многу македонски фамилии кога доаѓаат на летување во ЦГ.
Во секој случај ептен ме насмеа.
Истотака фактот од инстаграм треба да се изостави. Ретко кога македончето јаде свежа морска храна. Или јаде по малце демек пробало. Или е по гироа и хамбургери.
 
Кога читам вакви текстови добивам чувство дека се ви смета и сите сте паметни и сите сте безгрешни.
Секој втор почна да пишува хејтерски колумни. Најверојатно поради тоа што сите се палат на тоа, поради лажното чувство ако хејташ дека си поразличен од "другите", попаметен и "другите" се под тебе и бла бла.

Колку само поубав ќе беше текстот доколку ги немаше тие "мрчење" елементи, доколку ја немаше таа негативна енергија што ја содржи и имаше еден позитивен хумор спакуван во креативен текст.

И не правете заблуда дека тоа што хејтам хејтери ме прави хејтер. Ме прави антихејтер а тоа е последица а не реакција.
Јас го пишувам решението, не проблемите.
 
Не сум бил единствен што мисли дека негативниов тон на изразување и себекритикување како да сме неандарталци станува клише. Посебна глупост е тоа со инстаграм и сликањето, најбогатите и најславните си ги сликаат и шернуваат јадењата, ама кога ќе го направи тоа македонец, тоа е сељачки, пошто се фалат дека имаат смартфон, а тоа е нели исклучок, а не правило. Текстот ќе беше way појак без презирен тон и доза на изигравање авангарда.

Ќе наведам три моменти на муабетот без кои се можело и кои ја прават статијата глупа според мене:
1. Инстаграм и шернувањето фотки. Е не бе, ќе ги развиваме и ќе ги р'скаме во албумот и правец во фиока ебате.
2. Дека се поцрвенува на одмор трет ден. Не знаев и ова дека е македонско-сељачка работа.
3. Се оди на море за да се отворат синусите. Не знам што е тука сељачкото, милион луѓе одат на море поради здравствени причини, многу полоши од воспалени синуси.
 
Не сум бил единствен што мисли дека негативниов тон на изразување и себекритикување како да сме неандарталци станува клише. Посебна глупост е тоа со инстаграм и сликањето, најбогатите и најславните си ги сликаат и шернуваат јадењата, ама кога ќе го направи тоа македонец, тоа е сељачки, пошто се фалат дека имаат смартфон, а тоа е нели исклучок, а не правило. Текстот ќе беше way појак без презирен тон и доза на изигравање авангарда.


Пер, најбогатите и најславните кога го прават тоа - пак се сељаци. Не сум видел некој да го пофали или поздрави тоа.
 
Ова иди нешто како Music for the masses на MTV ?

Го имав јас првиот обратен коментар на темава, но реков да не изигравам нешто шериф, да си го избришам, нека се забавуваат ако им е забавно, ќе помине без критиката :)

Да си седни човек и да си генерализира е лесно, уште полесно е да генерализира за глупи, небитни работи. Плус текстот се води како колумна, па така освен некаков си хумор и да нема порака, нешто што ќе влијае и задума некого. Всушност и не цели кон оставање порака, туку обично исплукување, бам бум, рс рс и тоа е тоа за денес народе.
 
ист човек,ист период,иста тема,ист текст....и како да не ти е сумливо сеа нешто ?!
 
Не дај Боже Марјан Ѓоргиевски да го види текстов, одма ќе направи „стенд ап скеч“, пошто премногу ми изгледа ко сценарио за неговите. :нинџ:

А дека е точно, да, али C'est la vie, не е само кај нас така.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom