Succession

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Морав да отворам тема зашто недопустливо е за ваква уметност да има само 3 коментари на форумов, од кои еден е мој - прашање на кое не добив одговор, а другите 2 се препорака од еден член и саркастична реплика на друг кон првиот. Штета е народов овде да го пропушти ова. Истиот тој народ кој свршувал на Sopranos, Six Feet Under, Game of Thrones, Narcos, па и на Breaking Bad, серии кои по многу нешта, вклучително и квалитетот се слични на оваа. Затоа, мал вовед во нештата, и после ве оставам сами да станете killers!

unnamed.jpg

Succession е американска драмска ТВ серија во продукција на HBO креирана од Џеси Армстронг. Премиерата ја има на 3 јуни 2018, и до сега се прикажани 2 сезони, а е обновена и за трета. Серијата е центрирана околу семејството на мултимилијардерот (фиктивен лик) Логан Рој, и неговите 3 синови и ќерка, дисфункционална фамилија сопственици на Вејстар Ројко, глобална империја, која вклучува конгломерат на медиуми во преку 50 држави од светот, компании за крстарења, паркови, ТВ и филмски студија и што ли уште не. Серијата се фокусира на подемите и падовите во рамките на самата фамилија, на задкулисните игри, на семејните односи и нивното влијание во управувањето на фирмата, и најважно од се - на моментот кој ќе го наследи Логан Рој откако тој доживува мозочен удар.

Улогите ги толкуваат (читај само болдирано) Брајан Кокс, како бескрупулозниот Логан Рој, централната фигура и човекот кој ги движи конците, Киран Калкин (го памтиме од Сам Дома како дете, како братот на Меколи Калкин, и на филм, и во вистинскиот живот) како најмладиот син, Роман Рој, саркастичен кон сите и без влакна на јазикот, Сара Снук како Шобан Рој, сестра близначка на Роман која работи како политички аналитичар и не сака да се меша во семејните и компаниски односи, се до еден момент... , Џереми Стронг, како амбициозниот Кендал Рој, вториот син на Логан, кој има највисоки аспирации за врвот во фирмата, но истовремено е и зависник од кокаин, а подоцна и нешто повеќе од тоа, Метју Мекфејден како Том Вомбсгенс, партнерот на Шобан и еден од луѓето на највисоките раководни позиции во Вејстар Ројко, Николас Браун како наивниот и приглуп Грег Хирш, братучед на Рој фамилијата кој делува повеќе како кловн отколку како дел од „тимот“, Алан Рак како Конор Рој, најстариот син на Логан и единствен кој не работи во Вејстар Ројко туку е повлечен на ранч во Ново Мексико и Хиам Абас како Марша, сопругата на Логан и маќеа на децата.

Succession добива извонредни критики и првите две сезони освоија многу награди, меѓу кои Златен Глобус за најдобра драмска серија, BATA награда за најдобра странска серија во Британија, Брајан Кокс зеде Златен Глобус за најдобар актер во драмска серија, а Киран Калкин освои 2 номинации за најдобар актер во споредна улога, исто за Златен Глобус. Првата сезона освои и 5 номинации за ЕМИ, меѓу кои и за најдобра драмска серија, сценарио и режија, а за извонредното сценарио успеа и да ја земе ЕМИ наградата. Во очекување на номинациите за ЕМИ за 2020, јас сум убеден дека ќе издоминира, според мене е и најсериозен кандидат за ЕМИ за најдобра драма годинава.

Серијата плени со одличната глума, извонредна режија, беспрекорна кинематографија (понекогаш се ежев кога ќе наидев на кадри и сцени кои раскажуваат и без зборови, едноставно директорот на фотографија тука е како еден невидлив актер), и прекрасната музика (најавната шпица е WOW!). Но она што особено се издвојува е сценариото - приказната и дијалозите се до таа мера софистицирани, што по секоја епизода си буквално запрепастен од тоа што си го видел и чул. Некои епизоди се како да гледаш драма на Шекспир, колку и да звучи тоа неблагодарно да се каже.

Succession е серијата која ја нарекуваат GAME OF THRONES, САМО БЕЗ ЗМЕЈОВИ - не само што на некој начин ја наследи GoT на HBO, туку и заради сите сплетки, интриги и дејства кои ултимативно имаат само една цел: ТРОНОТ во Вејстар Ројко.

И јас не можам а да не се согласам со оваа споредба.

Запрепастен, без зборови, можам само да ви препорачам да ја гледате, зашто ако не, верувајте, има што да пропуштите!
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Не сум ја гледал, не можам да споредам. Јас, всушност, и не сум баш по ваквите драми, со политички интриги, во кои парите ги движат конците... ама Succession многу ме изненади.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Не сум ја гледал, не можам да споредам. Јас, всушност, и не сум баш по ваквите драми, со политички интриги, во кои парите ги движат конците... ама Succession многу ме изненади.
Мене воведниов пост на неа ме потсети затоа ја постирав :LOL:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.228
Поени од реакции
45.340
Вака по описот ми личи на Yellowstone . Демек не е сапуница, ама малку е . :icon_lol:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
@Zlatikevichius, Знаеш дека те рачунам за легенда на форумов, али сине линк немаш во уводниот :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
@Zlatikevichius, Знаеш дека те рачунам за легенда на форумов, али сине линк немаш во уводниот :D
Сум заборавил. :D Ама ај, што ќе ти е линк, верувај ми на зборот и ѕирни ја. Ако не ти фати око, се согласувам да не ме сметаш веќе за легенда. :P
Автоматски споено мислење:

Вака по описот ми личи на Yellowstone . Демек не е сапуница, ама малку е . :icon_lol:
Не бе, каква сапуница. Ова е тешка сатирична (квази)политичка драма, или нешто на граница со црна комедија. Ама далеку од сапуница.

Заборавив да спомнам, има и доста добар хумор тука.

Ѕирнете де 2-3 епизоди, ништо не ве чини.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Одлична е, ги изгледав првите 2 сезони и топ е, предобра семејна драма. Брајан Кокс е феноменален, можеби најдобра тв улога последните неколку години. Исто и Џереми Стронг има одличен перформанс. Единствено ме нервира зетчето, многу глуп лик.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Единствено ме нервира зетчето, многу глуп лик.
И мене. Тој и плус Роман. Многу ми е лигав и претерано самоуверен за тип на кој не му се дига и не може да има секс. :P
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.228
Поени од реакции
45.340
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Сакав да ја прекинам после првите 2-3 епизоди кога серијата повеќе наликува на Mockumentary со чудните зумови и исфорсираната глума и хумор, ама потоа значително се крева нивото и во втората сезона вече кулминира со драма елементи, брутално добри дијалози и врвна глума, ликовите се кој од кој позабегани и страшно добар перформанс, Jeremy Strong искина за сите пари :cuc:

Интрото и целовкупната музика е исто перверзија не го скипнав ниту еднаш во 20те епизоди

Се надевам ке продолжат во исто темпо и 3та сезона после фантастичниот финиш во вторава(која започна и заврши скоро идентично)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184

Kajgana Shop

На врв Bottom