- Член од
- 3 јули 2008
- Мислења
- 245
- Поени од реакции
- 9
Рокерите од Операција триумф формираа бенд
Никола Сариќ, Вукашин Брајиќ, Џорџе Гогов и Никола Пауновиќ сепак
ќе бидат споени во музички бенд и ќе настапат за српскиот избор за
Песна на Евровизија, популарната Беовизија. Продуцентската куќа
„Emotion“ одлучи да ги пријави сите студенти од „Операција Триумф“ кои доаѓаат од Србија за изборот.
Седумте студенти од Србија ќе изведат три песни, едната ќе ја отпее
машкиот бенд составен од Сајко, Вукашин, Џоле и Никола Пауновиќ,
другата ќе биде дует помеѓу Милица Мајсторовиќ и Даниел Павловиќ, а единствената поранешна студентка која ќе пее соло е Соња Бакиќ.
Иако Сајко и Вукашин пред излегувањето од академијата говореа дека
повеќе би сакале да почнат соло кариера, продукцијата „Emotion“
формираше бенд за кој сеуште не е одлучено дали ќе настапува на подолги патеки или е формиран само за Беовизија. Според некои извори рокерскиот бенд ќе продолжи да функционира и во иднина, но сепак ќе треба официјално да биде претставен.

Ja napravile najdobrata opcija. 
