Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Збунет си ми ти многу, чедо божјо...
Многу ми е гајле за твојата дефениција за времето и за моќта на твојот Бог кој никаде го нема.
Вистинските верници немаат проблем со датумот на карневалот.
Оставете ги на раат карневалите бидејќи неможете да смените ништо во врска со ова, банално е ви се смејат чавките.
Одете таму помагајте, хуманитарни акции, вдомувајте бездомници ли незнам ти што, им треба помош на многу ваши браќа по религија а не тука карневал та карневал.
Ти како прво не си ни од Струмица па да солиш памет таму.
Јас ти реков, не го распнав Исус, не познавам таков човек и сходно на тоа јас не верувам во него.
А што има врска темава со религија? Дали се носат некакви верски симболи и обележја?
Јас имам предлог т.е. повеќе предлози
Така може ли?
- Да не се одржуваат никакви културно забавни и спортски манифестации во време на пости (вклучително и секоја среда и петок)
- Матично да не венчава во време на пости (вклучително и секоја среда и петок)
- На децата во школите и градинките да не им се дава мрсно јадење во време на пости (вклучително и секоја среда и петок)
- Во кафеаните да се служи само посна храна и безалкохолни пијалоци во време на пости (вклучително и секоја среда и петок)
А ти од Струмица си?
Каснеш. Тоа веќе егзистира на овој или оној начин према општествените услови веќе 2.000 години.
Дади нов предлог.
Е како можело така. Па така нема да им стасаат пари за џипот.Чуда и обичаи...него фино би било црковните старешини (од било која конфесија) знаејќи ги неприликите на поголем дел од граѓаните, да востановат по еден или 2 дена во месецот кога би организирале помош во облека и храна-подготовка на оброк или слична хумана акција. Нека се продаваат и ракотворби, нека малку се активираат повеќе во масите. Не за бизнис, него све што се приготви или продаде пак да се подели на посиромашните. Има ден на виното, ден на питата, пачата...зашто да нема ден на христијанска, католичка, православна што знам муслиманска или протестантска добрина.
Струмичкиот карневал меѓу традицијата и верата
Од година струмичкиот карневал со нов датум. Наместо во вторник главната карневалска вечер ќе се одржи во сабота. Така одлучи градскиот совет, по неколкумесечни реакции и притисоци од групи граѓани, но и од струмичката епархија.
![]()
Црквата бараше карневалот да не се меша со верските празници, имал паганска историја и носел еротска порака, а се одржувал за време на пости. Младите пак бараа поместување заради ладното време и работните денови.
За познатиот фолклорист Иван Котев ваквото решение е погрешно и треба да се преиспита. Котев вели дека карневалот е постар од христијанството и според тоа, не смее да се задира во неговата симболика.
Со новото решение карневалските денови почнуваат во петок со традиционалниот маскенбал, сабота главно карневалско дефиле и недела детскиот карневал. Чист понеделник и празникот на армасаните остануваат во постојните денови, понеделник и среда.
Сузана Мицева
Конечно и тоа чудо бидна. Од секој аспект вака е најдобро и пред се не се задира во постот.