Струмичките карневали од верски аспект

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Че го врија карневало, море еееееј!
 
Збунет си ми ти многу, чедо божјо...

Многу ми е гајле за твојата дефениција за времето и за моќта на твојот Бог кој никаде го нема.
Вистинските верници немаат проблем со датумот на карневалот.

Оставете ги на раат карневалите бидејќи неможете да смените ништо во врска со ова, банално е ви се смејат чавките.

Одете таму помагајте, хуманитарни акции, вдомувајте бездомници ли незнам ти што, им треба помош на многу ваши браќа по религија а не тука карневал та карневал.

Ти како прво не си ни од Струмица па да солиш памет таму.

Јас ти реков, не го распнав Исус, не познавам таков човек и сходно на тоа јас не верувам во него.

А ти од Струмица си?
 
А што има врска темава со религија? Дали се носат некакви верски симболи и обележја?

Јас имам предлог т.е. повеќе предлози
  • Да не се одржуваат никакви културно забавни и спортски манифестации во време на пости (вклучително и секоја среда и петок)
  • Матично да не венчава во време на пости (вклучително и секоја среда и петок)
  • На децата во школите и градинките да не им се дава мрсно јадење во време на пости (вклучително и секоја среда и петок)
  • Во кафеаните да се служи само посна храна и безалкохолни пијалоци во време на пости (вклучително и секоја среда и петок)
Така може ли?
 
Каснеш. Тоа веќе егзистира на овој или оној начин према општествените услови веќе 2.000 години.
Дади нов предлог.
 
Чуда и обичаи...него фино би било црковните старешини (од било која конфесија) знаејќи ги неприликите на поголем дел од граѓаните, да востановат по еден или 2 дена во месецот кога би организирале помош во облека и храна-подготовка на оброк или слична хумана акција. Нека се продаваат и ракотворби, нека малку се активираат повеќе во масите. Не за бизнис, него све што се приготви или продаде пак да се подели на посиромашните. Има ден на виното, ден на питата, пачата...зашто да нема ден на христијанска, католичка, православна што знам муслиманска или протестантска добрина.
Ако се 3-4 различни религии, по еден ден му доаѓа секоја недела да е покриена со вакви манифестации. не е лошо...не е лошо, сигурно им текнало, знам дека некои и даваат оброци, некои храмови организираат слави, но да се практикува во сите храмови, да се поблиску до народ, не некаде в шума во манастир каде сиромавиот не може ниту да стигне или во други случаи воопшто да не постојат вакви јавни настани. Не може луѓето да наведнат глава и да живеат во постојана медитација и филозофирање...му треба и забава и дружба.
 
Каснеш. Тоа веќе егзистира на овој или оној начин према општествените услови веќе 2.000 години.
Дади нов предлог.

Да да, егзистира. Во твојот ум и на сите верници.

--- надополнето ---

Чуда и обичаи...него фино би било црковните старешини (од било која конфесија) знаејќи ги неприликите на поголем дел од граѓаните, да востановат по еден или 2 дена во месецот кога би организирале помош во облека и храна-подготовка на оброк или слична хумана акција. Нека се продаваат и ракотворби, нека малку се активираат повеќе во масите. Не за бизнис, него све што се приготви или продаде пак да се подели на посиромашните. Има ден на виното, ден на питата, пачата...зашто да нема ден на христијанска, католичка, православна што знам муслиманска или протестантска добрина.
Е како можело така. Па така нема да им стасаат пари за џипот.
 
Vaka taka pocna da se razmisluva za pomestuvanje na datumot. Sto kako i da gledas moze da bide samo pozitivno.

Се бара нов датум за Струмичкиот карневал
1ABE359C1DCBFA4D9B218F7DB1B60FED.jpg

Две децении по обновата на карневалот и одржувањето на главната карневалска вечер на вториот ден по Прочка (вторник) се предлага поместување на датумот и на месецот на одржување
Промена на датумот на одржување на Струмичкиот карневал е тема на која деновиве расправаат повеќе карневалски групи и граѓаните. Две децении по обновувањето на карневалот и одржувањето на главната карневалска вечер на вториот ден по Прочка (вторник) стигна предлог за поместување на датумот. Иницијативата на Младинскиот совет е да се помести главната карневалска вечер во втората недела во мај.

- Иницијативата ја поднесовме од повеќе причини. Прво, да се задржи обичајот Тримери, бидејќи организираната форма на карневалот ќе се оддели од самиот обичај, второ, Струмичкиот карневал се одржува во време на строг христијански пост, трето, временските услови се непогодни, четврто, главната карневалската вечер се случува во работен ден и петто е економскиот карактер, зашто со поместување на датумот во потопли денови Струмица може многу повеќе да профитира на економски план - вели Владимир Ристов од Младинскиот совет.

Други сметаат дека карневалска вечер не треба да се поместува.

- Временските услови не треба да претставуваат проблем бидејќи тие се променлива категорија. Карневалот го прават струмичките карневалски групи со голем ентузијазам, кои од раѓање се научени нивните родители да ги маскираат за Прочка. Традицијата се гради и надградува, но лесно се уништува. Може да се избрише со една одлука на Советот, но тешко може да се создаде повторно - вели Лилјана Ивановска.

И членовите на карневалските групи бараат да остане истиот термин или ако се поместува, тоа да биде за време на викендот.

- Карневалот треба да остане во оваа форма. Евентуално може да има мало поместување и главната карневалска вечер да се одржува во сабота, а другите манифестации да си останат - вели Илија Николов, член на карневалската група „Мулен руж“.

Организациониот одбор на карневалот се согласува со решението тој да се одржува пред почетокот на велигденскиот пост.

- Организациониот одбор стои на ставот дека треба да се почитува чувството на верниците и нашата христијанска традиција дека во деновите на постот не е најцелисходно да се одржува една таква весела манифестација, на која се случуваат и работи кои не се прифатливи од верски аспект. Доколку се одлучи да се смени датумот, за одборот е најприфатливо да се одржува пред велигденскиот пост, бидејќи самиот збор карневал во превод значи збогум на месото - вели Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор на карневал.

За промена на датумот на главната карневалска вечер почна да се зборува на почетокот од годинава. Неофицијално иницијативата потекнала од Струмичката епархија на МПЦ, а неа ја прифатиле младите струмичани организирани во Младинскиот совет. На првата расправа присуствуваше и митрополитот Струмички, г. Наум.

Конечната одлука околу промената на датумот на одржувањето на главната карневалска вечер треба да ја донесе Советот на Струмица во јуни.
Ристо ТАСЕВ #
http://www.time.mk/read/NONE/4cd588130a/index.html
 
Тоа е тоа, кога може да имаме 21 годишни директори на ЈСП, тогаш и средношколци (полу писмени), можат да менуваат датум на долговековна традиција.
Како и да е, ќе се премести поради економски причини а и така за време на постовите никој не пости, така да WIN за сите е !

Освен за верниците.
 
Струмичкиот карневал меѓу традицијата и верата

Од година струмичкиот карневал со нов датум. Наместо во вторник главната карневалска вечер ќе се одржи во сабота. Така одлучи градскиот совет, по неколкумесечни реакции и притисоци од групи граѓани, но и од струмичката епархија.

getImageThumbnail.axd

Црквата бараше карневалот да не се меша со верските празници, имал паганска историја и носел еротска порака, а се одржувал за време на пости. Младите пак бараа поместување заради ладното време и работните денови.

За познатиот фолклорист Иван Котев ваквото решение е погрешно и треба да се преиспита. Котев вели дека карневалот е постар од христијанството и според тоа, не смее да се задира во неговата симболика.

Со новото решение карневалските денови почнуваат во петок со традиционалниот маскенбал, сабота главно карневалско дефиле и недела детскиот карневал. Чист понеделник и празникот на армасаните остануваат во постојните денови, понеделник и среда.

Сузана Мицева

Конечно и тоа чудо бидна. Од секој аспект вака е најдобро и пред се не се задира во постот.
 
LordDragonII напиша:
Ја потценувам.​
Друго е црквата сега друго е во време комунизма.​
Во времето на свјатиот комунизам барем наликуваше на црква...​

Јас колку што знам твојот Бог не сака да се премести датумот, не за џабе оставил се да се случува со илијадници години.​
Ако некој сака да го смени датумот тоа сте ВИЕ а на вас не ви одговараат некои работи, спомнав погоре но изгебнуваш да одговориш на прашањето !​
Јас ти се кладам дека никој нема ништо да смени, а ако се смени евентуално во Мај тоа ќе биде чисто ради БИЗНИС причини.​

Што стана со тие шо биле директно вмешани ?​
На клада ги ставивте ?​

--- надополнето ---

Мојот Бог не бара џихад. Тој е толку моќен, што јас и ти за тоа немаме појма. А за датумите, тоа се човечка математика за пресметување на времето. Може вака, а може и вака. Во моментот има неколку начини за пресметување на времето па ништо. И сите се точни. Толку за времето. А за карневалот, сепак оние организаторите ќе подлегнат на притисокот од Црквата ќе ги прифатат нивните аргументи и ќе ја променат датата. А тоа дека е бизнис, и чавките знаат. Не се прави дека откри топла вода.
А за Исус, дали го распна? Веруваш ли во Исус?

--- надополнето ---
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom