Карневалот во Струмица нема ВРСКА СО ХРИСТОВАТА ВЕРА, НИТУ СО КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА, НИТУ СО ПРАВОСЛАВНАТА НИТУ СО ПРОТЕСТАНСКИТЕ.
Карневалот, односно маскирањето на луѓето започнало во време кога христијанството не било присутно, а се одржало и за време на христијанството. Целта на маскираните луѓе била истерување на лошите, зли духови. Потоа прима друга димензија. Овие маскирани луѓе, карневали, одат по домовите на верените и таму го прават истото. Времето на одржување на карневалот кое денес се практикува, не знам од кога потекнува. Приредбата сега е врзана со Православната црква. Имено со почетокот на Великиот Пост, во Православната Црква има повеќе традиции. Една од тие е и Тримери. Тримери значи, три дена христијанинот да пости само на леб и вода, и тоа еднаш дневно. Тоа е почеток на Великиот Пост. И токму на третиот ден од постот, се прават Тримерски карневал во Струмица, во чест на тримери. Тоа е светогрдие. На овој карневал нема ништо со што му се оддава слава на Бога, туку напротив, во овие денови, токму на почетокот на постот, Струмица наликува на Содом и Гомор. Мислам дека ова е доволно. Ако некој е заинтересиран повеќе, нека пише ПП.