Струмица

Не мешајте политики, се чекаше невреме, а авиони неможат да летат на невреме, може да се предизвика оште поголема катастрофа.
Тва шо sky.mk тресат шо им дојде на акл е друга работа.
 
Сочуство до семејствата на загинатите , денеска починал уште еден од повредените , 30 годишник кој за 2 месеца ќе станел татко.

Пожарот над Струмица ја однесе третата жртва- волонтерот не дочека да го види првото дете


Почина храбро, а трагично. Вака пишува под сликата на Мите Ѓорѓиев, волонтерот кој загина обидувајќи се да го спаси родниот град од пламените јазици. Доброволно се пријавил да учествува во гасењето, кога видел дека стихијата се заканува да го проголта неговото маало. Храброста, го чинеше живот. (обновено во 14.10)

- Отиде да помага, ама многу се повредил во огнот, не можеше да се извлече, рече сосед.

Соседството на улицата Крушевска Република е необично тивко. Сите сочувствуваат со големата болка на Ѓорѓиеви. Мите до скоро бил на печалба во Словенија, се вратил зашто сакал првото дете да му се роди во неговата земја, блиску до семејството.

- И татко му почина млад како него, мајка му цел живот е во црнина, но ова е најголема болка, вели сосетка. Само што се врати од Словенија, не дочека да си го види првото дете, многу сме потресени, дополнува возрасна жена, која го познава Мите од раѓање.

Мите имаше 30 години, беше оженет, а за два месеци ќе станеше татко за прв пат. Утре Струмица ќе се прости од својот херој. Погребот е закажан за 12 часот.

Сузана Мицева
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=94512
 
Жално, трагично...

Од ништо, од ретардирана одлука на некоја глава до 3 изгубени човечки животи. Да сум на нејзино место ќе се запалам сам да не ги носам луѓево на совест.

Но ни тоа нема ништо да смени, само се надевам после ова ќе престанат болните умови да палат горе секое лето.

Нека почива во мир.


EDIT:

Многу авиони слушам, да нема некој нов голем пожар?
 
Пред саат време имаше пожар, се гледаше на две места... можно е да имало пак авиони, јас ништо немам слушнато.
 
Нов пожар беснее над Струмица, во близина на “двата пата“. “Канадерите“ се над ридот и повторно започнаа со гасење на пожарот. Иако пожарот вчера беше целосно изгаснат, сепак поради високите температури и подземното горење, повторно се распламти ридот, каде вчера гаснеа “канадерите“. После секое гаснење на “канадерите“ екипи на Противпожарната Единица, ЈПКД “Комуналец“ и ЈП “Македонски Шуми“ догасувааат се што е останато.
“Подземното горење на непристапните терени и топлото време се сериозна причина да продолжи горењето. Сите луѓе учесници во пожарите се целосно исцрпени после недела дена континуирано гаснење на пожарите. Ридовите се буквално соголени од моторни пили и прекопани со правење на засеци за да се спречи ширењето на пожарот. Целото оваа се прави за да се локализира огненото жариште на постојните локации. Се надеваме дека засеците кои се направени по ридовите со моторни пили, лопати и мотики, ќе доведат конечно до окончување на постојаното потпалување“ – изјави за Радио СтрумицаНет, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој се наоѓа во опожареното подрачје.


Извор
 
Малку не се дише низ градов. Чад има дури до поштата
 
Страшна работа.
Бог да ги прости загинатите,а тие што палат треба да се соберете и живи да ги запалите мамичето да им го ебам
 
Околу 9 часот е снимено ова.Авионите повторно ќе полетат сабајле.Пожарот сеуште е активен.... :/
 
Некој дали има инфо како од Гевгелија да се стигне до Струмица? Дали има автобуска линија и во колку, или пак некое комбе или такси ?
 
^ Ти препорачувам добронамерно до Валандово со комбе,такси(оставам на тебе), после тоа Аутостоп,ваљда ќе се снајдеш:D
 
Да прашам, дека сега веќе немаме парк... поради Cosmopolit (тој шо им даде право таму да градат кафич на плоштад да го обесат), каде може човек да го најде мирот во Струмица, освен на гробиштата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom