Струга

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ова расчистувањево по Дрим, со тендиве и кафичиве само Македонците ги погоди?
или рано е уште да се оцени?
 
Ќе ми каже ли некој каков народ оди во Кафе Relax и ОК ли е атмосферата?
--- надополнето: 30 јуни 2013 во 23:01 ---
Абе ова расчистувањево по Дрим, со тендиве и кафичиве само Македонците ги погоди?
или рано е уште да се оцени?
СТРУГА: Кафеанџиите сами си ги демонтираат нелегалните тераси
Општината избра компанија за отстранување на дивоградбите, уривањето ќе си го плаќаат сопствениците на локалите

Струга Дрим (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

Дел од сопствениците на угостителски објекти лоцирани на шеталиштето покрај кејот на реката Црн Дрим во Струга денеска почнаа сами да ги отстрануваат доградените тераси.

Локалната власт со писмо ги извести сопствениците на спорните тераси да ги отстранат објектите до 30 јуни. Доколку не го испочитуваат рокот и не ги отстранат металните конструкции од шеталиштето од утре присилно ќе бидат отстранети.

Општина Струга избра специјализирана компанија која ќе ги отстрани спорните објекти, а трошоците ќе бидат на сметка на сопствениците. Најголем дел од објектите, кои го узурпираат кејот на Црн Дрим се монтажни или од метални контрукции.

(Телеграф.мк/МИА)
http://www.telegraf.mk/aktuelno/hro...e-sami-si-gi-demontiraat-nelegalnite-terasite
 
Села: Централната власт ја блокира Струга
11529-untitled.jpg
Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села вчера ја обвини централната власт дека прави опструкции против општината со цел спречување на развојот на градот во текот на туристичката сезона. Села ова го кажа при пуштањето во употреба на осветлувањето на мостот на реката Црни Дрим. Туристите и граѓаните во Струга велат дека повеќебојното осветлување на мостот, на Струга и дава целосно нов изглед и градот е поубав.
http://www.spektra.com.mk/lokalni/sela-centralnata-vlast-ja-blokira-struga
 
Абе ова расчистувањево по Дрим, со тендиве и кафичиве само Македонците ги погоди?
или рано е уште да се оцени?

Сите кои имаа на диво поставено покрај дрим без разлика на националност им ги останаа :)

Абе овај Села се покажа како најјак досега .... другиве само сијалици менвеја
 
Абе едни ебани светла шо наместија на мостон заличи малку полека се средвит градов овие комуналциве чистат и можам да речам дека е почисто сега башка гледав дупки крпеа пред некој ден некако не е во хаос како шо беше претходно се потсреди малку
 
Стружани ај едно прашање:) Сакам да одам неколку дена во Струга во Еуротел. Може ли некој да ми каже во каква состојба е хотелот, цената е 1300 ден ама на нет неможам да најдм во каква состојба се собите, последен пат сум бил пред 10 -12 години, дали се реновирани или се останати исти. Може и да ми предложите неко место за фамилијарно сместување со мало дете, ама да е апартман и да е блиску до плажа како што е Еуротел. Поздрав
Пс. Планирам да дојдам од 3 август
 
http://grouper.mk/skopje/deal/ezerski-lozja-taci-i-gjorgji
Еве ти за 1000 денари во Езерски лозја а тоа ти на стотина метри од Еуротел
 
Стружани, знаете ли у колку саат има автобуси/комбиња од Струга за Скопје? Или барем дали знаете во колку се првите? Има ли Автобуската станица во Струга web страна за да видам распоред? Не можам да најдам.
 
Абе озбилно ги исчистија масите по Дрим?Шо че се прајт така?
 
Абе озбилно ги исчистија масите по Дрим?Шо че се прајт така?
А бе има маси покрај Дрим, не се тргнати. Само има една жолта линија, која означува до каде треба да бидат поставени масите. После линијата не смееш да поставуваш маси.
 
Сите кои имаа на диво поставено покрај дрим без разлика на националност им ги останаа :)

Абе овај Села се покажа како најјак досега .... другиве само сијалици менвеја

Алал да му е на Зијадин Села, човекот ме изненади, доколку продолжи вака со ова темпо да работи, после 4 години ништо не е чудо и македонците да гласат за него..
 
Алал да му е на Зијадин Села, човекот ме изненади, доколку продолжи вака со ова темпо да работи, после 4 години ништо не е чудо и македонците да гласат за него..

Што направи толку па го фалите?
Овој е исти калибар како Имер Селмани..го фалевме човек бил на место,кога он после искочи најголем националист..
 
Што направи толку па го фалите?
Овој е исти калибар како Имер Селмани..го фалевме човек бил на место,кога он после искочи најголем националист..

Не го фалиме туку човекот работи тука сме реални,а што се однесува за национализмот,исто лајно друго паковање е и овој, колу и да работи џабе му е национализмот не дозволува да оди напред,како и сите други албански политичари.. :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom