Струга

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Струга умре од таа политика, се што остана од Струга е последица на политиката

После ова Струга не е тоа што била порано...
Политичарите не продадоа за лични и партиски интереси а ние скапо го плаќаме тоа
На клипот убаво се гледа како државата го тепа својот народ и како капак на тоа 30тина луѓе до лани се влечкаа по судови заради протестите и лани беа прогласени за виновни....
Штета што Бучко се извлече барем да знаеа политичарите дека со крв ја платија цената за Струга а не вака бесплатно...
 
Писмово го адресираме до сите влади кои раководеле со државата во периодот од 2004г. до денес.
Почитувани екселенции,
Примете го ова писмо како природна рефлексна реакција на жителите на Струга по третиот „пад" на градот во рацете на оние на кои по никој основ не им припаѓа. Нашата огорченост е дотолку голема колку и желбата да го реституираме градот, која интензивно ни ја зголемувавте пред самите избори со цврсти уверувања дека процесот е започнат, а наше ќе биде само да си ја сработиме масовната излезност.
Се надевавте ли на индиферетен однос од наша страна, па неуспехот да ни го „натоварите" нам? Ќе речевте ли во ваш стил „ете направивме се" ама стружани не излегоа на гласање? Епа почитувани сте се излажале! Ако од нас побаравте 14 000 гласови, добивте и од мерата повеќе! Со денови трагавме и талкавме од дом во дом, извадивме и старо и младо и слепо и хендикепирано! Знаете ли што видовме?! Ја видовме Струга која Вие никогаш не сте ја виделе. Ги видовме безработните кои иако на работ на егзистенцијата први ја реализираа граѓанската должност заборавајќи на структурите за кои катадневно ломотат дека им ги оставиле децата без леб! Ги видовме вообразените и арогантни партиски активисти кои безрезервно го подржаа кандидатот од „другата страна" кој обично го плукаат и кудат!
Ги сретнавме пензионерите и изнемоштените кои ја облекоа најубавата облека и со свреткави погледи тргнаа да ја обезбедат иднината на своите внуци! А што добија?!
Ве прашуваме едно, функционираат ли сеуште вашите структури за анализи и систематизација на податоци врз кои ги лансирате вашите хипотези за конечните резултати? Можно ли е да се направи толкав превид во пресметките на успехот? Или упорно не' „тапкавте" по рамо дека обединувањето е доволно само да не пребројувате и анализирате и да бидеме само едни обични нумерички податоци за тргување, анализи, и синтези за некои наредни избори, референдуми?
Доста беше!
Стужани не го трпат веќе овој игнорантски однос! Кажете, можете ли да се носите со ситуацијата?! Сме ли ние „жртвено јагне" на рамковниот договор? Не Ви веруваме дека правите се за да бидеме „свои на своето"! Ако е така зошто Вевчани кое е во срцето на Струга го оставивте да биде засебна општина? Сплотете ја со градот исто како што направивте со Зајаз во Кичево! Зошто сте неми посматрачи на интензивната албанизација на торбешките села од страна на криминални групи инфилтрирани од албанските политички партии?
Има ли државна стратегија за зачувување на територијалниот интегритет кој очигледно ни е загрозен?! Или просто и едноставно постојат помоќни структури кои ви ги контролираат постапките? Ако е така тогаш бидете доблесни и кажете, искористете ги вашите формални и неформални канали да ја лиферувате вашата немоќ, а не да ни кажувате дека ситуацијата е под контрола и одиме на сигурна победа!
Знајте го уште ова, навистина не не интересира повеќе кој прв почна! Ако Бранко ја даде Струга, Никола пропушти две можности да ја врати.
Ние верувавме и веруваме но се има граница!
Нема повеќе ВМРО-овци и СДСМ-овци во Струга! Нема Македонци, Турци, Роми, Власи! Има стружани кои се дават во смет, кои почитуваат неков договор кој другата страна не го почитува!
Ние остануваме овде да живееме, или помогнете ни или застанете настрана, а ние ќе си ги искористиме сите законски инструменти за да покажеме и докажеме дека ова е градот во кој ќе живеат нашите деца и внуци!
 
Одлично видео


Како се крадеше градот од граѓаните

Локација 1: Шеталиште-Магистрален пат
Со одлука на совет на општина Струга бр. 07-4070/6 од 28.07.2006 година ова шеталиште е преименувано во магистрална улица. Намерата, како што се гледа и денес, не е изградба на улицата туку создавање услови за градежни интервенции околу патот кој не случајно минува покрај целото струшко крајбрежје како атратктивен дел од земјижтето во атарот на општина Струга.

Локација 2: Забавно рекреативен центар- Зградиште
Овој објект, порано познат како „стара стружанка" имаше градежна маркица за забавно-рекреативна содржина. По продажбата на имотот се изгради цетири пати поголем објект со содржина за деловни простории и индивидуално вдомување. Се до 2007 година се водеше како не легален објект но во годините што доаѓаа приликите се менува, а со тоа и објектот се повеќе се легализираше. Последна фаза од легализацијата на овој објект се случува во 2011 година со стапување во сила на законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Локација 3-7: Струшко крајбрежје (Национално богатство или ничија земја)
Обидите за „освојување" на крајбрежјето датираат уште од 2004 година. Главни „борци" Министерството за транспот и врски и Општина Струга, кои претендираа кон зголемување на влијанието и уделот во управување со земјиште. Како институција со поголеми ингеренции, на крај „победува" Министерството. Но првичниот впечаток на граѓаните за тоа дека министерството се борело за воведување ред, контрола и заштита на крајбрежјето се потврдија како неточни. Се покажа дека единствена цел била кој ќе го има „главниот збор" во тргување со овој дел од националното богатство. И така денес сме сведоци на цврсти градби од по 400 м2 кои се водат како краткорочен закуп на плажи, чии концесионери се надеваат дека краткорочниот ќе се замени со долгорочен закуп, што го прави еднаков на приватна сопственост.

Локација 8-10: МЈП „Проаква", Затворен Базен, Фабрика „Стружанка"
Потврда за поседување на „Апетит за самоуништување".
 
Ме интересира колку невладини организации има во струга?
 
Ме интересира колку невладини организации има во струга?


На една рака се бројат :)

него ај уш нешо за градов

Во југозападниот дел на Македонија, сместен покрај Охридското Езеро, Струга е град кој претставува интересен сплет од богато минато, природни убавини и многубројни знаменитости, кои ја раскажуваат историјата за минатите времиња, настани и луѓе кои биле дел од овој простор. Сите слушнале за познатата изрека „Како Струга нема друга“ која потекнува од записите на старите патописци, кои сметале дека ова е многу жив град со прекрасни куќи на богати сопственици, развиена трговија и убави дуќани.
(1)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG


За потеклото на името на градот Струга постојат неколку интересни теории. Според првата, тоа доаѓа од отворената географска положба на градот, место каде што постојано струже (дува) ветер. Втората теорија се поврзува со Македонските Словени (Брсјаци и Мијаци) во Струшко, кои се занимавале со сточарство и во точно определено време им правеле „стриг“ на овците, односно стржење на нивната волна, во близина на истекот (Устата) на Црн Дрим од Охридското Езеро. Воедно, во сточарската терминологија на некои Јужни Словени, зборот струга значи врата на трло за овци.
(3)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_1.JPG
(4)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_1.JPG

Некои автори тврдат дека името како премин потекнува од поминувањето на Црн Дрим низ далјаните. Далјани (турски збор) се места оградени со трска за лов на јагули и риби, една од примарните гранки на овој крај, од неолитот па до денес. Други претпоставуваат дека каналите со кои македонскиот цар Самуил ги исушил мочуритштата околу Црн Дрим биле викани струга. Можеби најблиску до вистината е објаснувањето дека Струга значи речен ракав или притока, во случајов истек на Црн Дрим, на место со уреди за риболов.
(7)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG
Археолошките наоди откриваат дека животот во овој регион датира од праисторијата, односно од формирањето на првата неолитска населба регистрирана 3000 години п.н.е. Во Струга се пронајдени над 120 археолошки места, остатоци од антички населби и објекти. За периодот на македонските цареви, постои доказ кој денес се чува во Струшкиот музеј. Тоа е бронзен шлем пронајден на локалитетот Свети Илија кај село Делогожда. За прв мисионер во ранохристијанскиот период во овој крај се смета епископот Еразмо, кога започнала изградбата на цркви и манастири, па затоа не е ни случајно што св. Климент го основал овде своето прво манастирско училиште. Местото и рекичката којашто течела покрај неговото престојувалиште и денес се викаат Климетица.
(5)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_1.JPG
(6)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_1.JPG
Најважни културно-историски споменици од струшката културна историја се црквата Свети Ѓорѓија во центарот на градот, која е изградена врз темелите на постара црква изградена во периодот кога владеел Цар Самуил. Во склоп на средновековната уметничка ризница на Македонија, мошне значајна целина се пештерните цркви. Преку нив, од 12 век се следи уметничкиот правец во ѕидното сликарство. Пештерните цркви се дел од монашкиот живот изолирано општење со Бога. За време на турското владеење во Македонија не билa дозволена изградба на цркви, а на христијаните им биле забранети верските манифестации.
(8)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG

Тоа е период на рушење на црквите, а исто така биле симнувани ѕвона од црковните камбанарии, биле претопувани и од нив се правеле топови. Поради тој проблем народот ги градел своите светилишта на тешко пристапни места, меѓу кои и пештерите. Во Струга и струшкиот регион регистрирани се 4 пештерни цркви. Спојот на пештера и црква е навистина необичен и несекојдневен за спелеолозите и археолозите, како кај нас така и од странство, но секако и за јавноста.
(9)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG
Благодарение на магистралата Виа Игнација и Самуиловите новоизградени патишта, во текот на средниот век Струга прераснува во богат трговски центар, во кој се случувале два големи струшки панаѓури годишно, на кои доаѓале до 50.000 посетители. Од 20-ти век, по Втората светска војна, Струга прераснува во значаен туристички и културен центар.
(10)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG
Пределот од Струга во кој биле изградени илјадници дуќани и објекти и денес се нарекува Панаѓуриште.
(11)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG

Во самиот центар на Струга се наоѓа улицата Браќа Миладиновци, каде што се наоѓа и нивната родна куќа, денес Спомен-дом, во која се наоѓа седиштето на Струшките вечери на поезијата. Во домот се изложени предмети од животот, делата и остварувањата на браќата Миладиновци. Ним им е посветен и центарот на културата, прогласен за установа од национален интерес. Она по што во наше време Струга е најпрепознатлива во светот се Струшките вечери на поезијата, кои се одржуваат од 15 јули, 1961 година и традиционално се одржува секоја година во Струга со учество на најмалку 200 светски познати поети. На оваа манифестација се доделува „Златен венец” - најголемо признание за целокупна поетска дејност како и наградата „Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга на македонски јазик.
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 09:59 ---
(12)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG
(14)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG

Во 20-тите години на минатиот век рускиот емигрант д-р Никола Незлобински, бегајќи од Руската револуција пристигнал во Струга каде што со негови соработници препарирал стотици животни, птици и инсекти, кои живееле во мочуриштата околу Струга. Од овие животни, голем број денес не постојат. Тогаш е основан и Струшкиот природонаучен музеј, кој располага со разни колекции кои датираат од почеток на 20 век до денес.
(15)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG

Во музејот покрај другите примероци изложени се 17 врсти на риби од Охридското Езеро каде се наоѓа и еден единствен примерок на морска риба кубла. Во две посебни простории изложени се историско археолошки предмети од минатото на Струшката околина. Во збирката се претставени предмети од праисторијата, од стариот и средниот век, како и од времето на револуцијата. Најголем број на експонати потекнуваат од неолитот, што е резултат на големиот број неолитски населби кои претставуваат неисцрпен извор на докази за животот и обичаите на луѓето од овој крај во минатото.
(16)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG

Музејот е комплексна установа од археолошко, етнолошко, историско и одделение за ликовна уметност. Постојаната природонаучна изложба, која има локален карактер, содржи растителни и животински видови од Охридското езеро и неговата околина. Во изложбата се еволутивно презентирани експонати од сите животински категории, од најпримитивните форми до цицачите, а многу е популарно и препарираното теле родено со две глави.
Познатата охридска јагула која ги населува водите од езерата и реките што му припаѓаат на јадранскиот слив го започнува својот пат од Струга до Саргаското Море каде се мрести, а тоа се наоѓа во центарот на северниот дел на Атлантскиот океан помеѓу Бермудските и Азорските острови. Таа поминува 6000 км, а тој пат трае речиси цела година. По мрестењето, оформените женки го почнуваат својот пат назад кон слатките води, движејќи се спротивно од текот на реките. Нејзиниот природен пат е спречен во 60-тите години на минатиот век и таа не може да се мрести во Саргаското море поради двете брани изградени на македонскиот дел од Црн Дрим и трите брани на делот во Албанија.
(18)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG

Од тогаш Охридското езеро се порибува на вештачки начин. Јагулата од Охридското езеро е заштитен вид и нејзиниот лов е забранет. Да ги поддржиме напорите за сочувување на Охридските јагули и овој специјалитет да го подготвуваме исклучиво со јагули од рибник. Постои иницијатива за повторно воспоставување на патот по кој се движела јагулата.
(21)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG
Доколку сте гурман, во Струга можете да се гоштевате со надалеку познатата пастрмка која живее единствено во водите на Охридското езеро и е вистински деликатес на секоја трпеза. Рестораните во регионот обично се специјализирани или за рибни специјалитети или за јадења на скара, но често ги нудат и двете. А доколку сакате да пробате нешто поегзотично, нарачајте Јагула во земјена тава.
(24)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG
Најразновидни видови на вкусни бели и црвени вина се присутни во рестораните, како и на домашната трпеза на стружани. Познатата македонска ракија се пие во мали количини пред јадење за добро варење, како и во зима кога се пие топла за загревање на телото. Ако наминувате или летувате во Струга, може да посетите некој од рестораните со традиционална македонска музика и да уживате во нивниот прекрасен амбиент покрај Охридското езеро и реката Црн Дрим, и во околната стара градска архитектура.
(27)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG
Црн Дрим протекува полека низ градот во должина од 56 километри. Навечер реката изгледа уште поубаво во нежниот отсјај на светилките кои се одбиваат од нејзините води. Реката Црн Дрим со својата клисура и двете вештачки езера станува се поинтересно место за рекреација не само за спортските риболовци туку и за сите оние кои сакаат да уживаат во нејзината убавина.
(29)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG
(30)_kako_struga_nema_druga-www.ajdenaodmor_.mk_.JPG
 
Каде може во Струга да се јаде добра јагула во убав амбиент со староградска музика на увце???
 
Каде може во Струга да се јаде добра јагула во убав амбиент со староградска музика на увце???

Јагула можеби може да се најде ама ова со музикава малку потешко т.е. рано е малку инаку би ти препорачал да одиш во Св.Никола ,Антика или Женева покрај дримот ти се сите иако во ова првава со светецов мислам дека има почесто музика(мислев на жива музика ако бараш на ЦД да слушаш сегде имат таква музика).
 
Немојте да ме сфатите погрешно, ама за ова ли го гласаа ?
http://grid.mk/read/news/505269629/3482948/vo-labunishta-kje-bide-postaveno-albansko-zname-na-jarbol-od-25-metri
Баравте, добивте !

Не го поддржувам поставувањето на знаме во место каде поголемиот број се торбеши(а не македонци)но,зошто ти не прикачи некој линк каде што градоначалникот на струга прави нешто корисно.Како на пример,ги тргна сите маси и столови на кафулињата и рестораните покрај дримот,постави црвени линии во чаршијата со цел да има поголем простор за минувачите,ги бојадиса патиштата и пешачките премини кои одамна беа избришани,присуствуваше на ракометниот натпревар помеѓу Струга и Охрид и го бодреше својот град,зошто тоа никој од македонците во струга не го кажа? Јас не сум ниту за Села ниту за ДПА,туку гледам критички. Според мене ако не е Македонец на власт во Струга,вие никогаш нема да го признаете па дури и да прави се како што треба.
 
Не го поддржувам поставувањето на знаме во место каде поголемиот број се торбеши(а не македонци)но,зошто ти не прикачи некој линк каде што градоначалникот на струга прави нешто корисно.Како на пример,ги тргна сите маси и столови на кафулињата и рестораните покрај дримот,постави црвени линии во чаршијата со цел да има поголем простор за минувачите,ги бојадиса патиштата и пешачките премини кои одамна беа избришани,присуствуваше на ракометниот натпревар помеѓу Струга и Охрид и го бодреше својот град,зошто тоа никој од македонците во струга не го кажа? Јас не сум ниту за Села ниту за ДПА,туку гледам критички. Според мене ако не е Македонец на власт во Струга,вие никогаш нема да го признаете па дури и да прави се како што треба.
Напишав: "Немојте да ме сфатите погрешно".

Инаку, секако дека мораат да се извршуваат градоначалничките функции без разлика од која националност припаѓаат или од која партија се.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom