Имам една молба до стружаните од форумов. Ќе одам Октомври у Струга на неколку дена, а бидејќи не сум бил одамна таму па би сакал така да ми дадат некое инфо у вези кое кафуле е најдобро за преку ден/навечер на кафе, Сабота у кое клубче е најдобро за излазак и што музика се пушта, која меана/ресторанче е најфино за на вечера со партнерката, у кој маркет е најдобро да се пазари храна, кои знаменитости е добро да се посетат итн. Да имам некоја ориентација за животот таму, да не бидем ко изгубен германец. xD Фала.
Дојдов да остам една слика за комшииве, ама ај да пробам да ти одговорам пошо испаѓет понељубезни од нас

Ако си за рокче свирка во Туламур (The Hounds, Pumpers, Shine, High Control, Crossroad Blues Band, Eye Cue), пабски стил, со кафиња мафиња и добро јадење денски.Добар избор на пива, едно време имаше и Фостерс и Гинис.
Албум мислам дека е нешто во хип хоп стил, ама навечер не сум бил, не сум сигурен.
Грифон нешто хаус, техно, грејтс хитс стил, понекогаш и хип хоп.
Сите се овие денски кафетерии, навечер во викенд ‘дискотеки‘ нешто ко Кадмо во Охрид.
Денско кафе Пливалиште и Женска плажа на кејот + овие претходно набројани.
Оаза зависи кога како, не сум бил доста време, ама никогаш не гњавеле со турбофолк на најголем број места во Струга

И сликата за комшиите, зимска од авион:
Извор:build.mk