Јас работам на менаџирање на ризик во онлајн кладилници / казина, така да сум на спротивната страна од тоа што сакате да го правите

Можам да споделам некои информации од другата страна.
1. Бројот на активни корисници кои се стварно во плус е нереално мал. Ова се луѓе што најчесто ретко се кладат или имаат ептен добри системи. Ама сите системи некогаш ќе пукнат и ќе отидат во минус, барем некој период. Сум зборел многу на темата со луѓето во индустријава и стварно се ретки примерите каде што некој конзистетнно успева да биде во плус без да користи некои недозволени алатки. Најчесто тие луѓе идат во нашата индустрија и на крај прават повеќе пари тука него ли со кладење (да не збориме за стресот што го трпиш ако играш со големи суми).
2. Има луѓе кои на спортскава гледаат како на трејдање, па користат cashout цело време, купуваат и продаваат тикети. Мислат дека cashout-от како функционалност им служи нив, ама нашите метрики покажуваат дека луѓето повеќе губат него ли што добиваат со cashout. Затоа пажљиво ако планирате да правите нешто такво.
3. Најголеми загуби имаме од организирани групи кои таргетираат кладење во живо. Овде зборам за автоматизирани системи кои што ги пратат нашите квоти и бараат каде има најголема латенција, па пробуваат да најдат маркет што касно ќе го затвориме (пример се случува да каснат податоците, па голот е даден, а кај нас уште примаме тикети за гол).Тука најчесто станува збор за секунди. Ова бара пари, ама знае да биде профитабилно на краток рок. Проблемот е што сето ова се прати во позадина и во моментот кога ќе видиме дека некој играч има патерн на кладење во живо блиску до затврањето на маркетот, играчот добива пеналии. После тоа мора да отворат нови акаунти (најчесто ги купуваат од веќе постоечки играчи) итн. Класична игра на мачка и глушец. You win some, you lose some. Не е конзистентен.
4. Најтешки за детекција се напади што се прават exploit на некој комплициран маркет. Најчесто се случува кога bookmakers ќе извадат некој нов маркет чиј што модел не е добро тестиран. Е тука идат најзаебани напаѓачи, кои имаат позадина од статистика/математика и трошат време на мониторирање на тоа како ти се движат квотите, што точно и како се случува со маркетот при различни моменти во утакмицата (кога се затвора, кога се отвара, какви му се вредностите за cashout и слично).
Ова е стандарден проблем што го имаат сите што пробуваат нешто ново во индустријава.
5. Некој горе спомна арбитража. За тоа има страни како
BetBurger кои ветуваат брда и долини (гледам на страната им пишува "Become every bookmakers nightmare"). Е сеа тоа што тие не го кажуваат е дека во позадина соработуваат со Bookmaker-ите. Во смисла, ако Bookmaker-от им плаќа, тие го предупредуваат самиот Bookmaker за можноста за арбитража на нивниот сајт. Така да овие ги играат двете страни, пазите како ќе ги користите.