Value betting by RebelBetting

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.597
Поени од реакции
13.283
Здраво,

Дали некој има искуство со value betting производот на Rebelbetting? Го користам скоро месец и иако бев скептик прилично сум импресиониран од резултатите.
На препорака на другар кој за 4 месеци е 4-5.000 евра ќар, решив да пробам и подолу графикон на профитот за помалку од месец.

Накратко - програмата кошта 220 евра месечна претплата (про верзијата, има и стартер од 80 евра ама про е подобро) и ти дава сугестии на value bets кои имаат поголема вредност од реалната и сугестиите ги играш онлајн. Развиена е од прилично сериозни девелопери и месечните извештаи покажуваат просек од околу 60-100% месечен профит на корисниците. Од лично искуство, одзема саат-два од денот максимум, односно колку повеќе играш, повеќе профит, зависи буквално од корисникот, можеш со денови да не играш, а можеш и цел ден да дремеш и да се обложуваш.

Повеќе инфо на: Value betting - the easiest way to make money on sports
На линкот имате и калкулатор колку ќар би биле зависно од инвестиција и колку бетови дневно би ставале. Јас лично ставам просек 100 бетови во денот, препорачливо е барем 30-40.

Ако има друг кој го користи може да искомуницираме за меѓусебни споделувања на резултати и сугестии и совети.

Најголемиот проблем е лимитирање на кладилниците по одредено време (најсолидна со најмногу бетови е бет365 ама има и други), ама и во најлошо сценарио за 4-5 месеци додека да ве блокираат би направиле солидна пара.

p.s Во животов имам 3 тикети изиграно, абер немам од спортска, си го сфатив ова како инвестиција (влегов со 1.500 евра) и најдобро е кога ви дава сугестии да заборавите се што мислите дека знаете за спортска - simply follow what the program says.

Мои резултати по 3000 бета / 1 месец:

1676146318608.png

1676146340497.png
 
Последно уредено од модератор:
Член од
12 ноември 2022
Мислења
840
Поени од реакции
1.208
Не се лажете, нема пари во коцка. Ова ви го кажувам како некој што со години работи во индустријата за коцкање.
Pa ova ne e kocka tuku value betting ( sigurno kladenje so zagarantiran profit nebitno od ishodot na utakmicite ) samo ne veruvam da moze tolku mnogu pari da se izvadat... mozebi moze da se napravi 10-20% profit na mesecno nivo no i za toa treba mnogu zamaranje taka da ne vredi.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.597
Поени од реакции
13.283
Месечни резултати (просеци):

Screenshot_20230211_225841_Edge.jpg

Median %:
1676156179324.png
 
Последно уредено:

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
Во кои кладилници уплаќаш?

Јас пробав со бот пред 6-7 години на бет365, после 2-3 недели ми ставија лимит на уплата од 2еу и го баталив
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.597
Поени од реакции
13.283
Во кои кладилници уплаќаш?

Јас пробав со бот пред 6-7 години на бет365, после 2-3 недели ми ставија лимит на уплата од 2еу и го баталив
Бет365 (80% од сите уплати), 5димес, супрабетс. За избегнување лимитирање, препорачливо е rounding на уплатите од 5 евра.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.189
Поени од реакции
4.160
Pa ova ne e kocka tuku value betting ( sigurno kladenje so zagarantiran profit nebitno od ishodot na utakmicite ) samo ne veruvam da moze tolku mnogu pari da se izvadat... mozebi moze da se napravi 10-20% profit na mesecno nivo no i za toa treba mnogu zamaranje taka da ne vredi.
Ако е кладење, тогаш по дефиниција исходот е несигурен. Цели индустрии има тука од лажење луѓе дека може вака или онака пари да прават со коцка. Софтвери помагаат, ама не сум сретнал некој што кариера од 20 години направил со кладење. Обично луѓе пробуваат, иде, не иде, па после некоја година баталуваат. Мали проценти играат улога во тоа дали некој ќе направи некоја пара или ќе изгуби во спортско кладење. Казино коцка па е апла фрлање пари во бунар.

Многу е битно луѓе да знаат дека рецензии на нет за производи ко овој, 90% се fake, само да земаат реферал провизии постојат, ко типов во темава што пробува. Така и инфлуенсери, што ти ја знам, прават пари, препорачуваат работи што ни оние немаат појма како работат или дали работат.

Баталете коцка, фатете нешто друго. Не си правите проблеми во живот. Казина и кладилници постојат зошто математички шансите секогаш се на нивна страна долгорочно. Некад ќе ги победиш, цел живот нема да ги победуваш.
 
Ако коефициент за фрлање паричка дали ќе падне петка или глава треба да е 2, а некој ти даде коефициент 2.10, теоретски ако уплатиш 5.000 такви бета само на петка, дали ќе си ќар или зијан? Слободно сами истражете за производот, ниту до провизија ниту до ништо слично ми е дојдено, само сакав да споделам нешто со кое со саат-два во ден и инвестиција од барем 1.000 евра ќе направите некој side hustle. Напоменав и горе, можност да бидете лимитирани по некој месец ја има, но дотогаш можете да заработите половен автомобил.

И да, ако не сте профит по првиот месец, ви ги враќаат уплатените пари за subscription. И секој нареден додека не сте ќар.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.255
Поени од реакции
37.900
Има 14 дена free trial, немора ни да се обложуваш со вистински пари за почеток. Замислен буџет, замислени типови, пишувај во една тетратка и после 14 дена напрај пресметка дали капнува по нешто.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.189
Поени од реакции
4.160
Ако коефициент за фрлање паричка дали ќе падне петка или глава треба да е 2, а некој ти даде коефициент 2.10, теоретски ако уплатиш 5.000 такви бета само на петка, дали ќе си ќар или зијан? Слободно сами истражете за производот, ниту до провизија ниту до ништо слично ми е дојдено, само сакав да споделам нешто со кое со саат-два во ден и инвестиција од барем 1.000 евра ќе направите некој side hustle. Напоменав и горе, можност да бидете лимитирани по некој месец ја има, но дотогаш можете да заработите половен автомобил.

И да, ако не сте профит по првиот месец, ви ги враќаат уплатените пари за subscription. И секој нареден додека не сте ќар.
Човек, спомнав горе. Во овој сектор работам. Секојдневно комуницирам со фирми како оваа. Букмејкериве се поврзани, делат датокети на играчи, не се идиоти. Сега во последниве години и со процедури против перење пари, тераат луѓе да се идентификуваат, законски ти ги држат податоците и до пет години откако ќе ја затвориш сметката. Ако се одлучиш да ја затвориш, или воопшто ти текне дека треба. Ти ги делат информациите со други фирми, маркетинг партнери и сл. Ако приметат нешто сомнително, дека користиш софтвери, ќе ти стават лимити, рестрикции. Знаат што прават они. Не ги ставаат коефициентите тука-така, па лесно некој да фати добар. А и да фати, резултатот треба да се погоди, а нема никакви гаранции за тоа.

Ти викам, не памтам да сум зборел со некој што се бави со кладење професионално над 10 години. Обично некои имале успех со некоја финта, па букмејки закрпиле тоа, или на среќа им одело некое време, ама на крај сите баталуваат и си фаќаат некоја сериозна професија. Ова се глупости за луѓе во 20ти, рани 30ти години што мислат дека се паметни и нашле начин да прават лесни пари. Вакви сервиси направиле некој софтвер, и може ќе функционира за некого некој месец, за други не. Ако се преплатат доста луѓе, ќе направат они пари. Некој нема да бараат рефундација, некои ќе видат некој ситен ќар, итн. Ама дека некој долгорочно ќе прави пари, континуирано, малку тешко тоа. Нема да го дозволи тоа индустријата. И они гледат како да направат пари со најмалку ризик. Милијарди се вртат тука, нема да дозволат некои типци што тек сега почнале на факултет да одат мајмуни да ги прават. Вакви сервиси плаќаат луѓе да пишуваат позитивни рецензии, анализи ко пожем од експерти на сајтови за тоа, манипулираат со SEO, и сл. Да ти набилдаат самодоверба дека ќе ја биде работата за да се преплатиш.

Прави што сакаш, твои пари. Ја само сакам да кажам на луѓе да не се лажат. Зошто имам искуство со сферата, и знам дека многу тешко некој да биде успешен долгорочно. И на апарати ќе фати некој, ама за секој што ќе фати еднаш, илјадници губат. А и тој после ќе продолжи да губи. Шансите не се сјајни. Така што, според мене, најпаметно е луѓе да си се рефоксуираат на други работи. Зошто и наводно успешни онлајн коцкари, повеќето од нив се замараат како да натераат други да се коцкаат, него што они прават пари од коцка. Пожем ја лом правев порано, па сега ќе направив курс да те научам и тебе како да се збогатиш, зошто ми одговара да имам пасивен приход. А тоа е така зошто вистинските пари се во маркетинг, не во кладење.
 
Не знам зошто упорно спомнуваш 10 години, кај кажав дека кариера некој треба да гради со ова? И да те лимитираат, заработените пари никако не можат да ти ги земат, по нивни правила и коефициенти играш и тоа е тоа. Играш додека те лимитираат или пробуваш со финти да одиш under the radar ако си за подолгорочно. Имаат и форум кај што јузери споделуваат резултати а и ете ги репортите на месечно ниво. Крај краева субот месечен не е баш мал (220 евра), да беше скем ќе наплаќаа по помалку а вака ретко би се убедил да започне, што е разбирливо пошто е сепак 1000 евра влог (препорачливо) плус 220еур саб. Можеш да ми доловиш што точно сметаш дека е фејк? Самиот сајт, логиката позади концептот value betting, фактот што е премала добивката, брзо лимитирање, што точно? Еве како експерт во фелата.
 
Член од
12 ноември 2022
Мислења
840
Поени од реакции
1.208
Човек, спомнав горе. Во овој сектор работам. Секојдневно комуницирам со фирми како оваа. Букмејкериве се поврзани, делат датокети на играчи, не се идиоти. Сега во последниве години и со процедури против перење пари, тераат луѓе да се идентификуваат, законски ти ги држат податоците и до пет години откако ќе ја затвориш сметката. Ако се одлучиш да ја затвориш, или воопшто ти текне дека треба. Ти ги делат информациите со други фирми, маркетинг партнери и сл. Ако приметат нешто сомнително, дека користиш софтвери, ќе ти стават лимити, рестрикции. Знаат што прават они. Не ги ставаат коефициентите тука-така, па лесно некој да фати добар. А и да фати, резултатот треба да се погоди, а нема никакви гаранции за тоа.

Ти викам, не памтам да сум зборел со некој што се бави со кладење професионално над 10 години. Обично некои имале успех со некоја финта, па букмејки закрпиле тоа, или на среќа им одело некое време, ама на крај сите баталуваат и си фаќаат некоја сериозна професија. Ова се глупости за луѓе во 20ти, рани 30ти години што мислат дека се паметни и нашле начин да прават лесни пари. Вакви сервиси направиле некој софтвер, и може ќе функционира за некого некој месец, за други не. Ако се преплатат доста луѓе, ќе направат они пари. Некој нема да бараат рефундација, некои ќе видат некој ситен ќар, итн. Ама дека некој долгорочно ќе прави пари, континуирано, малку тешко тоа. Нема да го дозволи тоа индустријата. И они гледат како да направат пари со најмалку ризик. Милијарди се вртат тука, нема да дозволат некои типци што тек сега почнале на факултет да одат мајмуни да ги прават. Вакви сервиси плаќаат луѓе да пишуваат позитивни рецензии, анализи ко пожем од експерти на сајтови за тоа, манипулираат со SEO, и сл. Да ти набилдаат самодоверба дека ќе ја биде работата за да се преплатиш.

Прави што сакаш, твои пари. Ја само сакам да кажам на луѓе да не се лажат. Зошто имам искуство со сферата, и знам дека многу тешко некој да биде успешен долгорочно. И на апарати ќе фати некој, ама за секој што ќе фати еднаш, илјадници губат. А и тој после ќе продолжи да губи. Шансите не се сјајни. Така што, според мене, најпаметно е луѓе да си се рефоксуираат на други работи. Зошто и наводно успешни онлајн коцкари, повеќето од нив се замараат како да натераат други да се коцкаат, него што они прават пари од коцка. Пожем ја лом правев порано, па сега ќе направив курс да те научам и тебе како да се збогатиш, зошто ми одговара да имам пасивен приход. А тоа е така зошто вистинските пари се во маркетинг, не во кладење.
Ova nema vrska so kocka, ne mozes da izgubis pari. Sigurni pari se pravat no epten malku i treba mnogu zamaranje i zjapanje vo kompjuter.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.597
Поени од реакции
13.283
Ova nema vrska so kocka, ne mozes da izgubis pari. Sigurni pari se pravat no epten malku i treba mnogu zamaranje i zjapanje vo kompjuter.
Мислам дека мешаш value betting со арбитража. И тоа го има во пакетот но огромни уплати треба и огромен е ризикот за лимитирање а ќарот премал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom