Страшно, но треба сите да погледнат!

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ова кај вас не предизвика морници и солзи во очите тогаш вие сте човек без душа...
 
Не предизвикува морници и солзи кај тие што доаѓат од странство летото со коли кои ги земале на кредит и тука се прават фраери - привлекуват пажња и гледат да внесат повеќе курви во колата. :nerv:
 
Колку е езиво и тажно:nesum:


ништо не ме потресло повеќе од ова видео...
 
Не предизвикува морници и солзи кај тие што доаѓат од странство летото со коли кои ги земале на кредит и тука се прават фраери - привлекуват пажња и гледат да внесат повеќе курви во колата. :nerv:


у право си.... тоа го приметив летово кога бев у Струга... дојдени од Швицарска,Италија,Германија со јаки коли земени на старо се праат фаци.... ме поучи клипов, не дека и ја сум нешто трпелив и сталожен возач :raz:
 
Лошото е што ради некој чатал невини луге гинат
Колку и да внимаваш тој другиот не внимава и ти ке си го окркаш
 
многу е жално ама некој ќе се на шмрка и после ќе лета а друг ќе се опие и така гинат мали деца кој се невини
 
Koga ima Pe*eri koi ne znaat kolku pari imaat, i koga ke kupat skapa kola ili bilo sto, pa posle ke ja razvozuvaat niz cel grad da se pofalat pred site,pritoa vozejki brzo.
 
Лично сум вадел човек од под кола заглавен помеѓу тротоар и тркало и нема да ја заборавам глетката.А зошто?Затоа што пијаното говедо немаше појма каде вози па го собра семафорот и човекот и тоа пазете од ТРОТОАР.Страшни слики кој неможеш да ги заборавиш.А човекот умре пред нас од повредите кој верувајте не сакате да знаете како изгледаа.
 
СТРАШНО НО ВИСТИНИТО, СЕ СЛУЧУВА СЕКОЈ МОМЕНТ , Свесност ,максимална во се што правиме:
 
го изгледав клипот и мислам дека стварно е ефектна кампањата. иначе колку што сфатив е британска (воланите сите беа на десна страна, или мене барем така ми изгледаа), а британија е полна со пијани возачи, па веројатно морале нешто вакво да направат за да допрат до луѓето. иако никаде тоа многу не се разликува. да не повторувам за македонската кампања, само ќе кажам дека мислам и таа дека е добра, само треба поинтензивна да биде, вака на билборди и 2-3 реклами на тв во денот оставена не ја регистрираат многу-многу. иначе живеам на доста прометна улица и пред да стават семафори (а и откако ги ставија) бев сведок на еден куп несреќи речиси идентични како во видеото. еднаш се случи еден постар човек да поминува на пешачки, од улицата што се сече со мојата десно си сврти еден "фраер" од тогаш актуелната власт и го удри дедото. човекот летна преку две коли (замислете со која брзина одеше фраерот со џипот), од кои едната уште еднаш го мавна (ни крив ни должен тој возач, му долета човеков на хауба), а другата му помина преку глава. фраерот не избега, ама кога дојде полиција му се изнавика на полицаецот со следниве зборови "шо мислиш ти бе, мене ли ќе ме апсиш, ја сум тој-и-тој, може за пола саат да напраам да те отпуштат". полицаецот ризикуваше и го уапси, за исходот од моќта на фраерот никогаш не дознавме, а исходот на несреќата за пешакот мислам дека е јасен. втор пример, кој за среќа не заврши фатално, со мајка ми поминувавме улица према фонтана, илинденска како и обично блокирана беше и еден од тие гастрбајтерите со бмв реши да се направи паметен и одеднаш од илинденска полета на наум наумовски и одвај закочи на пола метар од мајка ми, притоа смеејќи се како недоквакан. од тие гастрбајтери и ми се крева коса на глава и како на трња се возам секое одење накај охрид (особено делот после стража кога почнува рамница, патот е со две ленти, ама полна линија, а сите претицаат како луди). трет пример-дечко си стои на пешачки на семафорите кај unique парфимеријата, некој решил дека му се брза и со ретровизор го собра дечкото. сите внатрешни органи станаа надворешни.
има милион вакви случки (сигурна сум дека сите што живеат на малце попрометна улица биле сведоци на барем една). иако не е секогаш вината на возачот, луѓето возат како луди. треба отварање не 4, 40 очи кога возиш, не само да пазиш ти како возиш, него и да се пазиш од другите, зашто никогаш не знаеш кога може да ти пресече пат некој што му се брза или решил да положи за да не фаќа такси кога е пијан :tapp:
 
Кога го гледав клипов ми падна расположење.:(
 
Не сме навикнати на вакви глетки па затоа ни изгледа ужасно страшно секоја чест на докторите и оние храбри души кои ке се најдат на лице место да помогнат во тој момент зошто навистина треба сила за тоа. Јас во повеке моменти размислував за ваквиов вид на трагична смрт особено затоа што во Охрид во последниве неколку години загинаја млади луге токму поради вакви причини. Последно што кажуваа на вести денеска за семејството кое имаше сообракајна несрека и само таткото преживеал со тешки изгореници а мајката и керката изгорени од експлозијата...ова го тера човек добро да се замисли за работите што ги прави во животот денес сум тука а утре ...ме нема и што е најстрашно не знаеме кога ке дојде тој момент млади и полни со живот но смртта не бира.
Клипот е тажен но вистинит доказ за тоа.
 
:( :( :(

Имав и јас слична случка... Си идев од школо накај дома, а од спротива ми иде црвено југо. Човекот што возеше на 5 метра од мене се наведна ваљда да земе нешто кој го знае. Сврте накај мене и лета уште а не гледа кај вози. Скокнав на страна (кој играл GTA Vice City знае како) и се спасив... милиметар фалеше у пм... Исто еднаш по истиот пат на еден му скршив ретровизор. ме закачи будалата

Клиповиве се стварно потресни али мислам дека џабе ќе биде и по 50 пати на ден да се прикажуваат во Македонија... Уфф детето со фудбалот :(
 
Се се случива во секунда време... после џабе и курчење и јака кола и добри врски...

После една сообраќајка со татко ми не кузнај колку голема ама сепак, иако тогаш не седев напред, од тој ден прво шо прам кога влегвам в кола е каишот... И дур сум жив нема да се возам без каиш па шо сака нека е :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom