Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
првата слика беш не ти е точнане се наредени во правилен круг малку се издолжени така што гледано од птичја перспектива наликиува на ЖЕНСКИ ПОЛОВ ОРГАН
извор А1Брус Бедлам, професионален креатор на сложувалки, изработил модел на древниот камен круг во Стоунхенџ, онаков каков што тој верува дека бил оригинално конструиран - како кружна градба.
Креаторот ја изнел својата теорија пред неколку години, но дури сега изработил модел. Тој верува дека споменикот во Вилтшајр бил конструиран со голем покрив во облик на купола направен од дрво и покриен со дрвени плочи
![]()
Бедлам верува дека локацијата не е случајна и дека сонцето влегувало во внатрешноста на градбата на секоја краткодневица или долгодневица низ една од десетте врати.
Енормната внатрешност веројатно била осветлена во различни делови од денот и секој дел од градбата е во релација со бројот 3.
Според теоријата, покривот е конструиран од греди кои се спојуваат во една точка над споменикот. Тие ја одржувале стабилноста со помош на гравитацијата, а обликот бил совршено акустичен.
Бедлам верува дека тоа повеќе бил административен одошто верски објект (иако во него присуствувале и високи свештеници), во којшто се донесувале важни одлуки.
Поврзувањето на гредите било со три прстени кои се вкрстувале со самите греди. Првиот и најголем прстен бил половина од височината на градбата. Вториот прстен бил две третини од височината на градбата, а третиот бил точката каде што завршувала покривната конструкција.
Височината на камените остатоци е точно третина од височината на градбата и нивниот надворешен дијаметар е третина од внатрешниот обем на градбата.
Покривната конструкција е рамнокрак триаголник со висина 1 и основа 3.
Доколку застанете во средиштето на Стоунхенџ, растојанието до камените остатоци е точно висината на градбата.
изворПрвите ископувања кои се прават за првпат по 40 годни на познатиот археолошки локалитет Стоунхенџ во Англија откриваат нови сознанија.Според археолзите, оваа античка локацја била користена за исцелителни намени, освен за ритуалните и астрономските потреби. Освен Англичани, на оваа локација доаѓале и други нации од Европа, во потрага по здравје и лек. Археолозите Џефри Веинврајт и Тимоти Дарвил изјавиле дека се откриени многу тела чии скелети откриваат заболувања. Од првичните испитувања на забите е откриено дека половина од телата не се на англиски жители, како и тоа дека имале сериозни заболувања.
Декстерче знаеш ли од птичја перспектива Stonehenge на што личи (каков облик има)
Во центарот на вниманието се и големите камени блокови од т.н.„син камен“,односно имаат сино-сива боја.
Двајцата археолози сметаат дека древните градители на Стоунхенџ инсистирале на синиот камен зашто старите народи верувале дека тој има исцелителна моќ, а ова верување е живо и денес во некои краеви на Велс. И Дарвил и Ванврајт се уверени дека Стоунхенџ бил најсвето место во бронзеното време зашто таму доаѓале болни луѓе што барале спас и лек во синиот камен. А како потврда на тие свои тврдења, ги посочуваат многуте коски од луѓе најдени во близина на Стоунхенџ. Интересно е што во средниот век некои историчари, поттикнати од легендата за кралот Артур, тврделе дека Стоунхенџ е дело на волшебникот Мерлин, а архитектот Иниго Џоунс од 17 век дошол до заклучок дека станува збор за храм на древните друиди. Угледниот британски археолог Мајк Паркер Пирсон смета дека ридот бил гробишта во кои биле закопувани жителите од блискиот Вудхенг.